Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интимна депилација

Дискусија во 'Тело' започната од jasmin, 11 ноември 2009.

?

Како ја депилирате интимната зона?

  1. Дома, со восок

    291 глас(а)
    12,0%
  2. Дома, со ленти

    352 глас(а)
    14,5%
  3. На козметичар

    1.452 глас(а)
    59,7%
  4. Дома со жилет

    338 глас(а)
    13,9%
  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    да, сите го користат истиот восок, само преку решетката се чисти од претходните влакна. не им се исплаќа не секоја девојка нов восок да користат.
    но и не ми се верува дека од топлината се уништувале сите бактерии :?: , затоа што тие не го топат на висока температура...
     
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Има салони кај што не го користат истиот. Восокот е толку ефтин што им се исплаќа и нов, ама ете пуста желба за повеќе кеш...

    Инаку според мене најдобро е (како што и правам) нозе со ладен, сигурна си дека е нов и е скроз хигиенски, а интима со топол ама во проверен салон со нов восок макар и 100тина денари поскапо ама не му ја мислиш
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    со топол восок се депилирам на козметичар (инаку другарка на мајка ми )
    Издржлива сум и немам голем страв а ни пак срам :lol:

    После депилација се чувствувам -5кг помалку од мојата тежина,мазно,нежно...бебешки убаво 8)
    какво бричење какви глупости ?!?! :o
     
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Јас досега со брич и крема се средувам. Еднаш со депилатор ептен малце од страните се фатив не ме болеше ама крв ми претече е сега тогаш и влакната поретки ми беа сега за никаде сум.

    Сакам да одам на депилација ама од ова што го слушнав страв ме фаќа. Подобро хемикалиите од кремата кои остануваат површински на кожата отколку крв гној и бактерии од цел град што ке ми влезат внатре (оти сите после депилација кај дечкото трчаме да се ’’испофалиме“). ПОдобро правете шеќерна или со ладен восок никој нека не ве убедува дека восокот може повекепати да се користи. Има терморезистентни бактери кои преживуваат на повисоки температури. А ако веке поминува восокот на околу 100 степени тој треба таму да стои најмалку еден час да му се уништат бактериите на таа ниска температура а на салонот не му се исплака машината цел саат да му работи за твоите 150 денари.

    Може ли некој да ми пише во лп салон во Скопје кај што сама ке им однесам восок . Ке си платам исто како со нивен восок ама ке си донесам мој . И каков восок да земам?
     
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    Гадно те прелажала таа,веќе никаде не користат употребен восок з депилација на интимната зона(бар јас не сум сретнала) не знам зашто и воопшто си дозволила да те издепилира :worried: мене слично ми се случи во еден салон Аура во Аеродром, сакаа поголем дел од интимата да ми ја издепилираат со употребен восок, а само вагиналните усни со нов, демек и така можело :^) како да не, и им реков не сакам оставете :!: Имам пишано погоре за последното искуство во афродита с да не се повторувам, навистина мене веќе ми е страв да одам, кој знае што се прават, си мислиш чисто, хигиена на ниво а оно :x
     
  6. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.468
    Претходно бев прашала дали некој пробал шеќерна депилација во А.П.?

    Епа не дочекав одговор и видов, не видов отидов да пробам. И не се покајав. За 15 минути бев тип топ и не ги жалев тие 300 ден што ги дадов. Дефинитивно вредеа.
    Какви восоци, какви креми, ова со шеќернава депилација ви е права ствар.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    747
    Може ли подетално да опишеш... многу ли боле, али постапката е иста како и со восок (восок, па ленти или?)
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не е исто како со восок, постапката е поразлична со шеќернава депилација, влакната се вадат во правец на растот и рачно оди сето тоа. Во а.п. рачно депилираа целосно, а во другово студио комбинирано рачно и со ленти на некои поосетливи места и помалку болеше така.
     
  9. kikaskp

    kikaskp Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Јас пробав во другово студио, амо се вратив пак во а.п., само поради тоа што на тие места каде што ми влечеа со ленти ми се јавија поткожни, во а.п тоа никогаш ми се немаше случено, а и плус сум сигурна дека производите им се оргинал.
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ja испробав шеќерната депилација во козм. студио и морам да ја пофалам. Воопшто не ме болеше, ниту едно поткожно влакно, 100% хигиенско, без иритација на кожата -црвенило.
    Епа ова му е мајката ;)
     
    На Nenasitni, Shana и Annath им се допаѓа ова.
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Завчера беше денот за да се депилирам.. јас дома си се прам со veet ленти. Овој пат зедов вакви
    [​IMG] и ми одговараат.
    Побавно оди работата, слушам, на козметичар за 15 минути си тип топ.. а за ова 1 сат ми треба :sweat: Ама пак затоа поефтино поминувам (испаѓа како за 50 денари) и знам дека е хигиенски восокот.
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Колку пари е и болно ли е ептен ? :tmi: :)
     
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Јас ги зедов 259 денари од локален маркет, најефтино до сега. :) Можеби ќе ги најдеш и за 270, но таа цена е од прилика.
    Мааалце е болно, зависи кој предел. Но не е неиздржливо ;) Треба храброст пред да тргнеш, но мене така на почетокот ми беше, сега се навикнав :)
    Пробај, па ако не ти одговараат лентите искористи си ги за „бркчињата“ или рацете и нозете ;)
     
  14. Devica88

    Devica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    13
    Девојки ве молам кажете ми некоја добра козметичарка проверена во Кисела Вода( ми треба за депилација ),бидејки сум нова овде,незнам каде да одам,фала однапред :) :*
     
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Јас знам за студио АРТ(мислам се викаше),од главниот влез на средното училиште Борис,само право(неможе да го утнеш,бидејки од самата порта на училиштево,се гледа.
    Незнам за цена,оди провери си,или јави се на телефон и распрашај се подетално,бидејки освен локациски,друга помош не сум ти. :)
     
  16. Devica88

    Devica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    13
    Јас знам за студио АРТ(мислам се викаше),од главниот влез на средното училиште Борис,само право(неможе да го утнеш,бидејки од самата порта на училиштево,се гледа.
    Незнам за цена,оди провери си,или јави се на телефон и распрашај се подетално,бидејки освен локациски,друга помош не сум ти. :)[/quote

    Фала и на тоа,бас ке видам ,ако не ке си напраам една шеќерна и со здравје :lol:
     
  17. Devica88

    Devica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    13
    Хеј Гирлс,јас си направив шекерна,и можам да кажам дека е најдобра депилација на цел свет :)
    Немаше иритација,црвенило,печење,пецкање,плус сигурно е почиста од восоците во салоните,едноставно сум презадоволна,од сега па натаму нон стоп ке си се депилирам така ;)
     
    На Isidora-Veles и Lilit им се допаѓа ова.
  18. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Неколку пати сум била на козметичар ,како за интимна, така и за депилација на лицето и воопшто не сум била задоволна.Обавезно после тоа ми се појавуваа мозолчиња. А и некако не ми беше по кеиф. Оттогаш за интимна депилација ги користат лентите VEET,ладен восок (розовите) и да се пофалам се одлично. Не ми излегуваат мозолчиња.Има црвенило,што е нормално. Но брзо заминува.Обавезно после депилирање ставам Бекутан пудра.
     
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација само на козметичар, не можам да се издепилирам сама никако. Секогаш ме депилира со топол восок и до сега не сум имала никакви проблеми, нит поткожни влакна, нит мозолчиња, нити па некаква инфеекција не дај Боже, а и не боли многу :)
     
  20. TheSilence

    TheSilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Здраво, леле откако изначитав, се испаничив, почнаа да ме мават флешови, си мислам да си проверувам крв и сл. :worried: Ја бев еднаш у живот на депилација, летово, со топол восок на интимата и толку. Божем се распрашав која е најчистата кај нас, ми кажа другарка шо ги има посетено речиси сите, ама откако прочитав почна страв да ме фаќа. Ја сакав прво со ладен, но ми рече дека ми е првпат а и на тоа место немало шанси со ладен и ја као ја се мислев и ми рече ако сакаш и со ладен, ако ти е страв, но јас го менам восокот, подобро помалку ќар, ми е страв од болести... Восокот ми личеше чист, оние кратките влакна ги фати со ладен и чупалица и на крај (ова ме замисли) не го врати во садот за топење, туку го стави во пластична ко чинија некоја, ја отпакува од ќесе... Другарка ми вели дека е најчиста да сум ги видела другите како прават и директ го враќаат ќе се згрозам. Како и да е, немав фала му на Бога, никакви инфекции, реакции, брунчиња, одма ми мина црвенилото уште истиот ден. Почнав да си правам филмови, да ако го користила истиот, преку крв нешо, вие што мислите има шанси???? Читав и за тоа, обично таквите болести/вируси преку крв што се пренесуваат не опстануваат така... за разлика пример од кандида и други што сте спомнале... но шо знам малку сум хипохондрик и сум испаничена, така што без разлика што, пак ќе кажам фала му на Бога, поминав супер, другпат мислам дека нема да отидам, да си спијам на раат.