До сега не сум била на интимна депилација, само по дома со бричот во рака, ве молам посоветувајте ме каде да одам за прв пат, дали боли повеќе ако пред тоа се имате избричено, дали претходно нешто да се подготвам ... ?
На нозе само страшно боли ако се имаш избричено па после тоа на депилација, чисто од искуство ова... А не па на интимата, понежна е таму кожата и по осетлива.. Со среќа нека ти е Земи си некое гумено играче, стави го во уста и кога ќе те корне викај и гризи го
Со оглед на тоа дека имам пробано топла, ладна, шеќерна, со ленти, депилатор можам да ти кажам дека со шеќерна паста најмалку или ич не боли. Ти ја препорачувам. Подготовка некоја не ти треба освен чисти гаќи и тазе бањана
хахахахаха добро, таа подготовка се подразбира ќе можеш ли те молам во ЛП да ми препорачаш некое козметичко студио каде што депилираат со шеќерна?
Пишете ми и мене за шеќерна ако може, јас се откажувам од восокот. Ем боли, ем страв ми е, ем се исфрлам по малку, ем везе си нема дотичната што ме депилира. Доста беше.
Не боли. Трпам во име на добар секс Се навикнуваш со тек на време, ништо страшно. Боли само таа фамозна една лента или дел (внатрешност на вагиналните усни), али си правиш фризури и не го дираш тој дел . Еве на пр. четка фризура Кај секого различно, додека не пробаш не можеш да знаеш. Јас се депилирам откако знам за себе и не ме боли а и кај секого е различен поимот ,,болка,,
Презадоволна од шеќерната депилација! Веќе втор пат си правам сама дома и мазна сум до 2 недели. Првиот пат ме болеше, но вториот, веќе навикната, минимално ме болеше! Строго ви ја препорачувам! И плус Бекутан купка со камилица.. подобар третман другарката не може да добие
И јас сум за шеќерна, само не дома туку во салон, и јас правев дома порано и исто така до две недели терав, откако почнав во салон терам без проблем 4 недели...
Успешно ја направив шеќерната паста, но имам проблем ... на препоните и кога се депилирам со депилатор , со брич и ете сега со пастата кожата ми се иритира ми излегуваат ситни брунчиња исто така имам и поткожни влакненца и кога ке се фанам таму доле не е потполно мазно тие брунчиња го нарушуваат тоа. Ставам бебешка пудра и тоа ми помага за црвенилото, се мачкам и млеко з атели или бекутан но никако до совршенсто ... помош
Девојки ај ве молам за помош. Јас се депилирам сама со лентички, ама имам проблем кога ги тријам со двете раце, и кога ке ги раздвојам секогаш останува восок од двете страни. Стварно не знам дали постои некоја финта да останува восокот на едната страна? Конкретно за Silk лентички зборувам понекогаш ги користам за цело тело.
Па и треба да останува восок на двете страни и со двете се депилираш. Имаш упатство за употреба, прочитај си го http://www.galafarm.com.mk/proizvod.asp?id=8
Експериментирање и ризик ми е домашното депилирање. Ако сте вешта и спретна во тоа ок, но се друго ми е зезанција. Најубаво е да се стекне доверба и да се стекне навика во одреден салон, кој ке го посетувате 2 пати во месецот,а јас не се сомневам во хигиената за восокот онаму каде што одам. Малку болка (и да и не), и за не повеќе од 20 минути сте готови и со нозе и со интима и ке сте раат 2-3 недели. Мераци!
http://www.apotheka.gr/img/products/vee ... ssence.jpg Јас се депилирам со овие вит ленти, специјално за бикини зоната се, нешто како со есенцијални масла а-у. Кај усните уште не сум пробала, немам г'з сама
^Jaс сама си ги депилирам бркчињата hihihi Стегни заби и тргни! Најново да си кажам дека депилаторката од сега по 200 денари ќе ни земала мене и на сестра ми (бидејќи и е пријателка на брачеда ми..) па така среќна сум што за тие пари знам дека со топол восок (само за една употреба) ќе немам гајле 1 месец. И исплатливо е. Тешко дека ќе и отидев пак за 300..
девојки што мислите каква депилација е најдобра за интимните делови дали со ладен восок или па ?... дали лентите на веет се добри или има некој подобри се плашам да не си направам некој здравствен проблем пошто таму има и жлезди фала однапред