јас пробав еднаш со ладен восок и болеше многу а со топол восок немав толку мака. за вит лентите незнам многу оти не сум ги пробала а од кремите не сум задоволна јас се делипирам со топол восок веке 4 год. и скоро и немам влака ми се изретчија многу според мене мислам дека топлиот восок е наефикасен
Сликава е од времето на ТИТО п.с. дури и тито самиот ја сликал хахаххаха Спојлер знам дека е оффтопик но за да се насмеете
Значи вака, треба со дечко ми да имаме прв пат односи и заради тоа направив интимна депилација, ама бидејки многу ме голеше, ужасноооооо ме болеше козметичарката не можеше да ми ги искуби сите влакна и сега мислам дека сум никаква таму долу, не сум мазна на допир и ми е срам од дечкото. Дајте ми некој совет како да ги отстранам на друг начин само да не е со бик. и дали мажите се палат само на мазно и дали да останам таква.... Совет МОЛАААМ!!!
Прв ден не,ама по неколку дена ке боцкаш, гарант! Мој совет - стисни заби и рикверц уште еднаш на депилација.Кога веке си почнала,заврши ја работата до крај ко што треба! Поздрав!
не можам да се соочам со тој хорор, барем не за две недели. ке го удрам бричот па шо сака нека биде. Мазна не мазна тоа е........
Јас лично во четврта година, значи на 17/18 години. Пред тоа се занимавав со брич. Со ладен боли најмногу бидејќи не ги отвора порите, додека пак топлиот ги подотвара и полесно се ваѓаат влакненцата. Јас до пред скоро време се правев сама со веет ленти (а тие нели се ладни), не ме болеше толку колку што многу време ми одземаше целата процедура. Вратот после тоа не можев да го исправам А на козметичар, се знае, за 15-20 мин си готова, и барем знаеш дека СЕ‘ е фатено. ПРАШАЊЕ! Дали правите бразилска (целосна) депилација или оставате нешто? Козметичаркава ми спомна дека 80% од клиентките оставаат нешто бидејќи така им сакале партнерите.
Брајт јас обично се вадам , ама се случило 4-5 пати и да оставам некоја линија Твој избор е тоа , како ти е тебе поубаво
Јас со таа депилација почнав летото т.е на 17 години. А пред тоа употребував брич и не гледам некоја разлика од брич до депилација со восок. Разликата е само во тоа што влакната со восок се по меки инаку за времетраењето е исто. Барем кај мене е така. Јас правам целосна депилација, но повеќе пати ми иде да се откажам на сред депилација. Нормално е тоа, ги исполнуваат желбите на партнерите. Не знам што ги задоволува тоа партнерите, но ете така си сакаат.
И јас се изненадив кога го чув истиов одговор како Брајт од мојата козметичарка, и тоа во екот на летово. Ми рече дека е сепак желба на клиентките, мегутоа во последновреме гротото оставаат или прават фризурки, а и ми рече веке не била ин бразилската Сепак нема тука ин и аут, вкусови се во прашање Јас стриктно бразилска и незнам дали некогаш ке се согласам на другиве опции, мислам никогаш...
Јас сум за или све или ништо !!! хехехех и ако на мојто Сонце не му се допаѓа тоа што е цело тогаш значи не ми почитува мојто битие Спојлер просто сакам да нема ништо ако остане нешто ке изгледа како да ми е недовршена работа !
Јас најчесто се бричам, се депилирам само пред одмор додека кога е ладно и особено ако се погоди да немам партнер во тој период може да се деси и по 2 месеци да не се избричам доле и под мишки воопшто не ми пречат туку напротив. Додека нозе бричам редовно но некако потоа многу ме боцкаат кога ќе ги доближам една до друга назнам зошто ми се толку остри влакната на нозете. Инаку точно е тоа дека сега фризурчињата доле се во тренд, но незнам колку со депилација ке можат правилно да ти ја оформат мислам дека е најдобро со жилет. Јас еднаш направив со стрелка што покажува надолу, и мојот тогашен партнер беше пресрекен поради тоа, многу му се допадна.
Јас можам да зборувам од сопствено искуство дека мојот бивши не сакаше бразилска од причина што го потсетувало тоа на мало девојче и му асоцирало некако на педофилија. Значи, не велам дека кај секого е случај, ама ок е да се консултираш со партнерот за ова. Инаку и јас си сакам минималистички фризурчиња во различни форми - или мини француски strip или мини американско триаголниче. До вкус и обострана сатисфакција е, кој како милува.
ооо Јас еднаш имав фризурче, ама не намерно, другарка ме депилираше (како за прв пат испробуваше на мене) и ми направи фризуриште. На некои места имав, на некои немав. Мислам дека тоа беше апстрактна уметност А секогаш се правам сама, кога со ленти, кога со шекерна депилација, еднаш и со восок купен,незнам што восок беше тоа.. (од тоа немам добро искуство пошто си купив восок од една козметичарка и се залепив ни зејтин не го вадеше ни вода,па така морав да трчам до козметичко студио, иако не одам на козметичар, прилично сум спретна,сама да се средам). и кога веќе ќе се средам, па грев ми е да оставам да штрчи нешто Сакам да пробам, знам дека за да има екстра ефект (како звучи ова за една `фризура`) се сечат со ножички, да изгледа како тазе бричено..
Zdravo nova sum na forumot, nemozev da se snajdam da napravam tema pa tuka ke go postavam moeto prasanje a se nadevam deka ke dobijam odgovor, Mozete da mi kazete dali mozat da se depiliraat racete so lentite Veet?