Каков брич каква крема иди на козметичар.. глеј удри со брич па ке ти ураснат црни влакна ке се каеш цел живот!! Мој најискрен совет..
Хаха епа нема друго со што... барем јас не знам.Епа тогаш пробај со крем,штознам.А бе се издржува верувај,дури се навикнеш.После нема да сакаш со нешто друго Ајде можда некоја друга феминка ќе ти даде некој друг предлог.
Нема врска годините со депилирањето јас се депилирам со восок од 14 години и нисто не ми е а и влакната се поизретчени.
Девојки да не сака некоја депилација на целото тело(раце, нозе, интима, надусници, веѓи, стомак и грб) за 600 денари? По грешка земав два ваучери од колектива и немам што да му правам на едниот. Извинете за оф топик.
На групер купонот е 390, а не 600, мислам понудата што е моментално за мислам емпајар студио беше. Ако е за друга понуда се извинувам.
До сега се депилирав со восок, нормално чист ама начинот на кој се депилира со него не ми е баш хигиенски, да не објаснувам сеа да не тупам затоа закажав во петок за депилација со шеќерна паста и за нозете и за интимата, малце е скапо ама подобро тоа него некои бактерии од восокон
Јас се депилирам дома, со Силк рол-он. Некогаш ме боли многу, некогаш помалку, зависи од расположение. Битно рацете, нозете и препоните, скоро не ги ни осеќам, ама боли кога треба повнатре малку, на кај усните на "другаркава" Како и да е... порано одев редовно на козметичар, ама се нервирав што требаше да закажувам, па да одам, па што ли не. Вака сега му го зедов редот, што се вели, мачкај-лепи-тргај, и за полa саат и раце и нозе готови. Е сега за интимна депилација малку појќе време треба, дури да се кандисам да ја тргнам лентата Многу ми оди побрзо од порано оти восокот го топлам во микробранова. Се става во микрото на 15-20 секунди на најјако, и ти заменува 10-15 минути чекање да се загрее во тенџерче со вода, и убавото е што се загрева само восокот внатре, а не и кутивчето, така да лесно можеш да си го фатиш во раката (што не е случај ако го топлиш на рингла)
Epa i jas taka, prvo so kremi, a potoa so bric i najlesno mi e. A za lenti mi skapaa od stoenje i koga ke ja zalepam umiram od bolki dur da ja izvadam, mi se cini kozata ke si ja oderam.
Чудо никој не спомна депилација со машинка. Мене мојата Пхилипс ми врши работа, а за некои места користам обична (берберска) за шишање со која ги средувам на должина од пола сантим до сантим . Резистентноста на површинска болка ми е многу голема, но ми се има случено да ме штипне.Брееееееее боли ко..
Моето искуство со восок е официјално завршено. Никогаш, никогаш повеќе. Брич и крема не доаѓаат предвид, до сега сум се депилирала секогаш со восок, топол. Се` дури не ми светна дека х од хигиена нема во тој восок од кој зимаат во исто време за три различни клиентки, и го враќаат демек се претопува или не знам шо, мижи асан да ти баам, па и влакна внатре. Јас сум инсистирала секогаш на параван и тие десет минути кои ги поминувам таму да бидат за мене, со "мој" да го речам восок, и без публика, стварно не гледам потреба да слушам сељандурски муабети за туѓи меѓуножја (и да гледам), во една соба. Девојчето кое најчесто ме депилираше воопшто не е ни козметичарка, уз муабет дојде таа информација. Однос професионален нема шанса, ко комшики, куми, не знам шо да сме, и шо треба и шо не треба кажување и коментирање, на глас највулгарните можни муабети меѓу себе вработените таму, па ај почекај на цигара да одам, ај на уше една, ај уше 5 мин кафето да го допијам, ај добро нема врска. Тоа е уствари еден покушај од салон кој радо би го исплукала и испцула и на сите би им рекла да НЕ одат. Џабе што е евтина депилацијата со восок, петпати поскапо би ја платила само да знам дека е ЧИСТА. Закажав на шеќерна па ќе споделам инфо, како и да е овие никаквите веќе не ме гледаат.
Имам многу низок праг на болка. Имам пробано дома со топол восок и тоа нема никогаш повеќе да го направам, ништо не извади, а болка и да не зборувам. Јас нема многу влакна па неморам нон-стоп да се средувам. Влакната ми се остри и само брич ги вади. А за козметичар нема шанси, ме плашат алергии, а и никако нема да ми биде удобно.
Се издепилирав со шеќерна за прв пат минатата недела и можам да кажам дека навистина хигиената е на највисоко ниво. Но не поминав баш добро, ептен ме болеше и за прв пат ми течеше крв и не ми се допадна тоа што ставаат 10 кила пудра на интимата знам дека мора за да може да се издепилира ама од тоа па ми се изритира таму доле
Колку што знам ти си некаде на моја возраст. Јас уште не сум се решила да се издепилирам на цела интима, ама нозе и препони си депилирам редовно. Сакав да искоментирам за восокот. Првиот пат ќе те боли многу поготово ако претходно со брич си се правела. После болката ќе престане. Веќе со задоволство одам на депилација . На пример зимава ме мрзеше да идам и набрзина со брич. Леле кога отидов после 3-4 месеци на депилација, мајката си ја расплакав . Ама после веќе вториот пат немаше уопште болка. А и влакната ти се проретчуваат. Пробај пак сигурна сум дека ќе издржиш .
Девојки, не знаев во која тема да пишам, па затоа тука. Вчера ги депилирав препоните со восок (Силк рол-он), но повлеков малку посилно и сега имам многу црвени точки на едно место. Исти се од вчера, не избледнуваат. Сношти само ставив бебешка пудра, мислев тоа ќе помогне малце - но ништо. Што мислите, да се намачкам со нешто или да оставам само да помине?
Веројатно ти е иритирана кожата па земи изми се со чај од камилица и намачкај павловичева, овие две стварчици би требало да ја смират иритацијата. Јас имам ептен чувствителна кожа па после депилација доле сум црвена и малце потечено ми е, па после две три премачкувања со павловичева за ден два ми се враќа во нормала.
Па ми се чини исти се, немам забележано промена од сношти. Немам дома камилица сега, па затоа се намачкав павловичева маст. Инаку не ми е потечено мене, само точки има. Се надевам дека со ова ќе се повлече .. Фала Најубава.