^ Не е ништо сериозно, еднаш и на мајка ми и се случи, се намачка со павловичева и брзо помина, така да не се секирај воопшто.
девојки, планирам да ги купам лентите на вит за бикини зона што се .. некој со искуство од нив ? многу боли ?
Феминкиии... ќе се убијам ... денеска ми дојде, а за 10 тина дена сум на екскурзија .. планирав дасе депилирам но сега нели не може ? што да правам ?????? да поминам само со брич ако не .. мислам дека соленти ќе ме боли многу и тоа пошто прв пат ќе ми бидде а сега имам...
Јас лично се имам депилирано и кога сум имала добиено, од што сум морала. Мене не ми беше толку болно, а и кога имам добиено, не ми е обилно, па знам дека нема да направам лом. Малку ми беше незгодно, баш од тие “хигиенски’’ причини, ама си дојдов чиста, фала Богу, а и депилаторкава ме знае цел живот, па не беше ништо страшно! Плус викаш дека за 10 дена ќе одиш.. Оди на депилација еден ден пред тргнување, до тогаш ќе треба да ти е завршено
Ако одиш за 10тина дена ваљда за помалку од 10 дена треба да ти заврши, па можеш да се издепилираш таман пред тргнување.
ви благодарам девојки .. но ќе ми кажете ли некои ленти ( вит, силк или сл ) бидејки сакам сама да се депилирам ( не сум при пари мн периодов а и никогаш не одам на козметичар ) ..?
Kaко за прв пат не би ти препорачала да се депилираш со ленти, со ладен восок оди тешко депилацијата на интима. Јас сум имала неуспешни обиди со ленти уште пред неколку години и не би се обидувала повотрно зошто тоа многу неславно помина , али ако сакаш пробај може тебе ќе ти успее.
здраво дали можи да ми препорачате некоја козметичарка за во Битола сакам да се издепилирам прв пат ќе ми биди незнам каде депилираат убаво,и колку чини сакам и на нозете и на препоните па некој нека ми кажи
Дефинитивно на козметичар !!!!!! Прво не е препорачливо дома сама,бидејќи може неправилно да постапиш и да си напраиш некоја компликација. На козметичар не е ништо срамно,бидејќи не те знае козметичарката А сигурно дека и таа поубаво ќе ме издепилира,отколку јас самата..
Дали им дозволувате на вашите макји да ви ги бричат дундите. јас со мајка ми сум многу блиска скоро како другарки сме и сабајлево и дозволив да ме избричи доле детално затоа што јас не можам се да видам. Срeќна сум што имам мајка што можам ама буквално се да и доверам.
Аууу никако! Браво за храброста, ама мојата интима си е моја, на партнерот и евентуално козметичарката (зашто тоа и е работа) . Мислам дека треба да има граници до каде одите во споделувањето на интимата со родителите, може грешам, ама јас не би го дозволила тоа.
Јас се депилирам дома со шеќерна депилација.Морам да признам дека скоро е безболно за разлика од депилацијата со восок.Повеќе нема отоци,црвенила или црвени точкички кои остануваа од 2 до 3 дена на местото. Совет : За тие што се депилираат во козметичките салони, доколку чувствувате голема болка за време на депилацијата 1 до 2 часа пред депилацијата напијте се аспирин.(ова ми го препорача мојата козметичарка)
Не е толку болно. Добро сега првите 2-3 пати да, ама после не е некоја страшна болка. Единствено многу ме болеше еднаш, бев два дена пред да добијам и мислам дека господ го видов, и следниот ден ме болеше местото, инаку обично си одам од кога ќе ми заврши и после раат 3 недели-4. Каков брич, какви креми, депилација му е мајката
Дали депилација на интима со Veet лентите е добра или не е препорачлива? може да каже некоја што се депилира така, вака со крема ми е многу незгодно..
Мене ме интересира колку отприлика би требало да се долги влакната пред депилација со шеќерна паста? И ако може да ми препорачате некое козметично студио во Карпош, Капиштец, Центар каде што би можела да одам на депилација со шеќерна паста?
Еве ви цела тема за таа проблематика, од рецепт ....до студиа што депилираат со шеќерна паста telo/depilacija-so-sekerna-pasta-t5661/
Не треба да бидат многу долги како за депилација со восок, значи ако ги бричиш пример препоните тоа значи 4 дена, а ако ги депилираш месец дена е доволно. Тој реон најпознат е `Александриа` кај Католичка, т.е после Католичка, еве ти број: 02/ 6090806
Порано со топол восок на козметичар се депилирав, а сега домче со депилатор што има додаток за депилирање на таа зона. Првиот пат само ме болеше, сега немам гајле.