Побарај си депилација со чист восок, јас исклучиво така правам. Тоа парче восок го топат само и само за тебе а после употреба веројатно го фрлаат, или можеби го додаваат во тој што го процедуваат. Како и да е, нема ризик од никаква инфекција (всушност, ни од прецедениот нема некаков си ризик бидејќи при толку голема температура сите бактерии се убиваат, единствено ХПВ вирусот може да биде резистентен), само што е со чист дупло поскапо.
фала ти многу и така ќе направам ..нека е поскапо поарно поскапо отколку не дај боже нешто да се случи
Има Veet спрејови, ама мислам дека не е баш така - напрскај се и сами паѓаат. Заедно со спрејовите во пакет доаѓаат и лопаткиве, така што сигурно треба да ја вадиш кремата со нив. Ги немам пробано, од Veet производите само кремите сум ги користела. Арно ама, имам многу чувствителна кожа и ми се случуваше на нозете да се исфрлам иако не ја држев многу долго. На интимна зона не сакам ни да помислам Ги имам пробано сите бои, и највеќе ми прија црвената
A спрејовите се специјално наменети за интимата, или ? И колку се? И да не се за интимниот дел, ќе ми се најде кога ќе сум на зорт со лентите, ваљда ќе ги биде за нозе, раце.
И јас истото го викам - исто како со брич, само поскапа варијанта Не сум ја пробала шеќерната депилација, ама задоволна сум од депилацијата со топол восок. Имам во комшии козметичко студио со женичка што стварно добро работи, па си одам кај неа и за раце и за нозе. А другаркиве одат на интимна, па и тие се многу задоволни. Ама викаат - пржи восокот згреан, леле мори мајко!
Јас одам на козметичар за интимна депилација, зато шо сама во никој случај неможам тоа да го изведам, а со брич само се упропастува влакното, станува грубо и му се ојачува коренот. Затоа сум ЗА интимна депилација на козметичар под услов да се работи хигиенски. Јас на местото каде што одам козметичарката работи со топол восок кој не го претопува туку за секоја посебно топи нов восок. Она самата рече: "Ако јас го претопувам истиот восок зарем ќе си дозволам сама да го користам и да закачам некоја инфекција?" Така што засега сум задоволна А за болење, боли и тоа ..
најчесто одам на депилација со специјален топол восок за една употреба и премногу сум задоволна. е сега, имам пробано и дома сама, со veet ленти и болеше, ама се издржуваше... и се имам и неколку пати со брич средено (ептен од немајкаде) и за среќа не ми се појавија подкожни влакна
Jas imam zemeno obuka za sekerna pasta, dokolu ve interesira, znaci sekernata pasta e mnogu porazlicna od vosokot sigurno znaete nesto za depilacija so sekerna pasta, no ovaa ne e taa doma sto se pravi. Se depilira vo pravec na rastenje na vlaknata, i vo prvite nekolku pati se depilira na 3 nedeli a potoa toa se prolongira, za intima - jas dojdov do moment koga vlaknata pocnuvaat da mi rastat tek na 4 nedela a se za depiliranje na 7ma nedela sto za zeni e raj, dodeka zenata koja me ubucuvase se depilira na 2ipol meseci. Jas depiliram, ako nekoj e poveke zainteresiran moze slobodno da mi pise, pastava e uvozuvana od Canada i e mnogu kvalitetna za prepon e sovrsena
- Jas bi ti preporacala sekerna depilacija, ednostavno za devojki e sovrsena , jas se depilirav so sekerna pasta godina ipol i posle resiv da zemam obuka i sertifikat za da mozam i jas da depiliram, mene mi se premnogu izretceni vlaknata kozata e mnoguu mazna i se depiliram na nekoj mesec ipol a predhodno so vosok pocnuvaa da se pojavuvaat po 1 nedela i bev za depiliranje da ne kazam ama za 2 nedeli, i sum premnogu zadovollno zosto vlaknata se vadat vo pravec na rastenje a ne obratno i samata pasta se zalepuva na mrtvite kletki od kozata i gi otstranuva so sto pravi piling na kozata, dodeka vosokot deka e napraven od smola se zalepuva na zivite i mrtvite kletki i nekogas ima moznost i koza malce da vi otkinat . ako slucajno si zainteresirana mozes da mi pises vo privatna poraka Pozdrav
Таа шекерна паста од Канада што ја збориш ја има и во салонот Александриа Пишувај на кирилица тоа е тука правило
хеххе се надевам дека ти подобро депилираш оти тие таму шо работат не ги бива за ништо гледам и читам тука оти се жалат ја еднаш имам идено таму за рацете и шо да ти кажувам катастрофа минав
- Тоа е причината што се решив да земам обука, затоа што доаѓаш ти лепат две три ленти и гајле им е дали ти е скинато нешто или не. А јас кога се депилирам сакам тоа да е ИЗДЕПИЛИРАНО да нема ништо и сеа на пр. поради тоа трае долго, пола нозе пополека со секое влакно издепилирано ми треба некој 45 мин ама барем знам дека девојката е задоволна, а најзадоволни се на препон
Jас се депилирав пред некое време, сега пак треба другата недела, за на одмор. Aма последниов пат ми излегоа едни меурчиња . дечко ми ме испокара, ама не може да ме предомисли да не се депилирам. инаку кога ме депилира по уснициве солзи ми одат. E сега, од што излегуваат тие меурчиња? како мали гнојни бубулички, ама ми поминаа, немав некој проблем
^ Од самото тегнење на лентите, иритација некоја, што знам. И мене скоро секогаш ми излегуваат, им ставам камилица или кантарион и поминуваат.
Мене стандард ми излегуваат по депилација, особено на препоните. Ништо страшно, поради иритацијата на кожата е, а таа таму е понежна. Не ги чепкај, за неколку дена се повлекуваат.
Тие меурчиња ви излегуваат затоа што восокот е правен од смола,и како таков се лепи на мртвите и покрај нив на живите клетки на кожата,што е многу лошо,ти ги отстранува живите клетки и од тоа ви се меурчињата (ја иритира кожата,откинува и нејзини делови) .