Шеќерна и ништо друго повеќе! Една година и пол само на шеќерна одам (освен што 1-2 дома сама се имам издепилирано во меѓувреме) и не размислувам за промена! Баш сабајлево се јавувам во едно студио во Кисела Вода (демек поблиску да отидам) и не ми се верува што слушнав - топла депилација и тоа со претопен восок! Кога ја прашав девојката каков восок користат ми одговори - многу квалитетен )) го повторив прашањето со додаток - дали го претопувате или е за една употреба - ми одговори да сум ја прашала девојката што депилира (ало!?). Знам дека го претопуваа пред 5-6 години кога барав под дрво и камен ладна депилација во мојот град и на крајот одлучив да се депилирам сама дома, ама не ми се верува дека сеуште некој го следи тој тренд! Боже мили.... Јас претопло ја препорачувам шеќерната и плус повеќе ми трае од обична депилација со ладен восок, плус нема поткожни толку (имам малку не велам не, ама ептеееен ретко по 1 на депилирање) и плус тоа во Александрија брзо ми работат некако, задоволна сум и од амбиентот, се е чисто и пријатно. Нека ми е далеку сега (пошто се преселив) ама нека бидам раат со умот. Одлуката е донесена за (барем) наредните 10 години ))
епа ја бев минатава недела некаде. За среќа ми се погоди моја другарка шо работела таму и самата ми кажа дека другиве и не баш имале милост за деп. Ја поминав доста добро, и немаше некоја којзнае колкава јака болка за разлика од онаа со восок шо е , само ми е малку чудно зашо овдека читав дека го менувале восокот при секој потег ама оваа само двапати ми го смени, се надевам дека уште се мали шансите за да се закачи така инфекција некоја шо знам .. Mи спомна исто дека после оваа деп, после 3 недели е потребно пак да се иде, и понатаму самото време се одолговлекува за депилацијава ... Тоа е тоа драги мои Ако има уште нешто ке си пишам
Викам нема да идам на интимна, нема да идам, ама сега се погоди за пред одморов да отидам да се средам, бар да бидам мирна.. Ама претходно се имам фатено со брич и сега којзнае како ќе боли. Дај кажете ми некое место, со некој метод на депилација што најмалку ќе ме боли ,колку пари ќе чини (јас повеќе од 400 не би дала) и каде се наоѓа
Јас интимата редовно ја бричам и сега приметив дека имам ситни црвени бруничиња и ако ги добрам влакненцата што се подникнени ме болат незнам зошто е така може ли да ми кажете ?? и дали може да се депилире со крема за депилација да не направи некаква инфекција ?
Најмалку боли со шеќерната, ете многу девојки се фалеа од Александрија, има спомнато цена низ претходните страници, а чинам 300 беше интимата, или се лажам. Можеш да пробаш и со топол восок, ама јас би ти препорачала со шеќерна - испробана метода е. Па те болат на допир точките зашто си ги иритирала со бричот. Да не случајно пред тоа си се бричела под пазуви или нозе, па одма на интима? Што знам, пред бричење помини го бричот со четкичка натопена во алкохол и измиј го убаво со жешка вода за да не ти прави иритации, а со крема за депилација е речиси исто како со брич, пак се појавуваат црвени точкички. Е сега, за инфекции - на сопствен ризик си. Мене лично ми се нема појавено ништо (да чукнам во дрво), ама не знам, зависи, секоја кожа различно реагира на кремиве.
Болката при интимна депилација си е ептен засебна работа кај секого. На многу им реков дека шеќерна најмалце боли ама некои и не се согласија и пак восок. Велат за 5 мин. набрзина завршуваат, побрзо ја претрпуваат болката дека восокот поодеднаш се нанесува и вади. Повуци-потегни им се видело измачувачки, споро и болно. Веројатно е до самите влакна, а различни се кај сите и после бричење знаат да бидат проблематични за вадење. Јас испробав се од начини на депилација на интима и на мене ми е најок шеќерна ама не мислат сите како мене, така да најубаво е да си испробате се и ќе одлучите која депилација е најбезболна за вас (само топлиот восок да е за една употреба).
и јас одам на шеќерна депилација во александрија еден куп време и не планирам да ја сменам за никоја на светов! не само што ми е помалку болна од онаа со восок, туку и ми е похигиенска и помалку поткожни ми се прават. не планирам да ја сменувам никако! нормално дека сите чивствуваат различно и дека секој си има посебно мислење во врска со различните типови на депилација, ама искрено јас се откачив од восочната (и со топол за една употреба и со ладен восок) ради поткожните влакненца. Пошто мојата кожа е особено склона на поткожни (тоа на 2-3 места ми го имаат кажано, а и од долгогодишно депилациско искуство и сама го увидов тоа ) решив да не се депилирам со восок повеќе. Логично - доколку се тргаат влакната во обратна насока од нивното растење - повеќе болат затоа што тоа им е неприродна патека а плус тоа и логично е повеќе да се поткинуваат отколку вака како со шеќернава каде се тргаат во правец на нивниот раст. Барем за мене ова е логичен заклучок. Јас на сите мои блиски кога зборуваме за депилација им ја препорачувам шеќерната и сите досега како што ми кажуваат се задоволни од препораката и престанале да одат на други места. Уште поубаво т.е поекономично ако некоја знае/може сама во домашни услови да ја употреби, мене не ме бива. Поздрав девојки
Се решив на депилација да одам и отидов. Со топол восок ме депилираше, за една употреба ама начинот на кој ме депилираше ми беше чуден. Нели за интима треба да си се соблечам цела, па да си работи она ама не. Ги тргавме гаќичките лево, десно и толку. Цела се немам до сега депилирано ни во салон, ни дома ама болката не ми беше толку страшна. Е сега гледам дека многу влакненца останале и тоа што биле нормална должина да се фатат. А да не зборувам за нозете, сите стојат. Многу ми е криво што си ги лупнав парите, а и познаничка ми е таа кај што бев - како можеше се да ми остави?
не е ништо чудно не се секирај јас порано кога одев на топла исто така ме депилираше со тргање на гаќичките лево-десно а другарка ми кај што одеше пак целосно се соблекуваше
Искрено, мене ми е некако срам во салон да одам. Знам дека тоа им е работа, ама не знам, кога ќе помислам да ширам нозе пред непозната девојка, малку непријатно ми изгледа. А и не знам како да се однесувам...Гледав на телевизија пред извесно време, на Опра шоу, оној доктор Оз кој соработува со нејзе препорачуваше бричење на интимните делови наместо депилација. Конкретно заради настануваето на поткожни влакна, а и заради ризикот од инфекции.
дома ако чекаш сама да си направиш нема да биде никогаш , јас можам еден добар пола саат со лентата залепена и од страв нема никогаш да ја извадам затоа козметичар , се туширам со топла вода накај врела за да се отворат порите и пиам аналгин и боли пак
Со шеќерна паста, сама дома, расчепатена пред огледало. Ама никако да соберам храброст средината да ја издепилишем, затоа и изгледам како ефтина стриптизета во стар зачаден тексашки стрип клуб. :geek: Од страните ми се лепи па затоа таму со депилатор... боли мајката
хммм ради заштита од инфекции да се користи брич?? :/ колку само бактерии се собираат на тој бричот (иако се само свои, сепак се бактерии) така што воопшто не ми изгледа за поддржување оваа теза. во врска со поткожните, знам дека другарка ми кај што одеше на депилација (со топол восок) депилаторката и викаше недела дена пред да оди кај неа да се помини со брич за да излезеле сите влакненца. најверојатно помага и тоа, ма да јас така не ја гледам корисноста од депилирање во смисол на ретчење на влакната. Шо знам.. разни луѓе, разни потреби, разни функционирања..
Сигурно зборувал за опасноста од инфекции кои можат да се добијат од претопен восок, од нов нема пренесување, а и од бикчиња за една употреба нормално дека нема опасност од насобирање бактерии. Само брич мене ми ствараше најмногу поткожни, па и црвенило околу влакненцата и чешање од кое ми доаѓало да се откорнам со нокти (некој може ќе помислел дека срамни вошки имам ).
Ако редовно го менуваш бричот, нема да направи проблем, не мора да е само за една употреба, може да го стерилизираш истиот брич во вода која врие, или пак со 70% алкохол пред секоја употреба. И нека ти е само за интима. Инаку, и јас се согласувам дека шеќерната депилација е најдобра, барем за оние кои си имаат мака со поткожни влакна. Не заборавајте, добриот пилинг е клучен пред депилацијата, без разлика кој дел ќе го депилирате и со кој метод. И најмалку боли. Негативно за мене кај бричот е тоа што многу чеша. Ама вака, со шеќернава, раат сум. Летово додуша е малку зезнато за шеќерот, ама јас ноќе се депилирав (ноќе во Охрид е посвежо, а клима немам).
Девојки, викендов кје одам прв пат на интимна депилацијасо топол восок, моите другарки одат кај таа козметичарка и све чисто е, ама мене ми е страв од друго.. Може ли да ме повреди кога кје дое на средина само подоле мислам највнатре? Можеби е глупаво прашањево зашто сите еве се депилирате ама страв ми е многу