Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интимна депилација

Дискусија во 'Тело' започната од jasmin, 11 ноември 2009.

?

Како ја депилирате интимната зона?

  1. Дома, со восок

    292 глас(а)
    12,0%
  2. Дома, со ленти

    352 глас(а)
    14,4%
  3. На козметичар

    1.453 глас(а)
    59,6%
  4. Дома со жилет

    341 глас(а)
    14,0%
  1. oli18

    oli18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    42
    јас пред некое време почнав сама да си правам шекерна депилација дома и супер ми оди. Сите влакна ми се изретчија и се повеќе се зголемува времето од една до друга депилација и плус ич не боли :)
     
  2. barbara3

    barbara3 Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Имам прашање.
    Сакам да одам на депилација на интимната зона, првпат во животов. И нормално умирам од срам.
    Pardon my ignorance, aма морам да прашам :(
    1. Пошто некои 7-8 години користам брич, и нормално влакната побрзо ми растат, да не испадне сега кога ќе одам на депилација пак да ми пораснат веднаш па за џабе сум одела?
    2. Да се избацам таму во козметичкото студио влакнеста или ипак потсредена? Каква и да им одам они ќе ме средат?
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.940
    Допаѓања:
    81.252
    Пол:
    Женски
    Oстави ги влакненцата да ти пораснат барем пола сантимче. Мене кога ми се толкави најубаво ми се вадат на лентите. Најмногу до сантим, ама така веќе и малку ме боли, а и повеќе ги кинам кога тегнам.
    Ако им одиш сосема средена, нема да има ни што да ти депилира, нели. :wasntme:
    И нема да ти пораснат влакненца за два до три дена - мене на пример, толку ме држи кога се бричам, а со лентите ми трае речиси две недели, понекогаш преку сила и три. :)
     
  4. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    често се депилирам кај братучетка ми која е козметичар но понекогаш и дома со восок кој го купив од аптека на отприлика секои 3 недели. поздрав
     
  5. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    интимна депилација со ленти или со рол он? што е помалку болно? :?:
     
  6. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Мила со рол он мислам дека ќе те боли повеќе заради тоа што со него неможеш да ставвиш помали лентички а со лентите за депилација можеш да ги исечееш колкави сакаш а мислам дека колку помали се толку помалку ќе те боли.!! поздрав
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.940
    Допаѓања:
    81.252
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислам дека е индивидуално. Ете пред некое време пробав така со исечени лентички во определени должини и речиси ништо не ми извадија, а ми излегоа и ситни бубулички. Чекам да ми потпораснат влакненцата па да пробам и со рол-он. :|
    И да, болно беше искуството со лентиве. :)
     
  8. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    а да пробате со восок од аптека.малку се стоплува дома и со шпатула нанесуваш колкава лента сакаш и потоа тегнеш. практично и не толку болно.поздрав мили
     
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Велешанке, јас се депилирав со рол-он, пред да почнам на козметичар, и супер ми ги вадеше влакната...
    Башкатоа рол-онот не ми ја иритира кожава :)
     
  10. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    93.618
    Пол:
    Женски
    и двете се болни за жал,отиди си на козматичар легни си,ке те спастрат за 10 минути и раат си!
    мој совет
    зошто да трпиш ненормални болки а притоа и да имаш непријатности во текот на депилацијата со восокот дали се стрвднал,па топли го пак..
    А!кога сме кај восокот доколку одиш на козметичар,СЕКОГАШ барај чист восок,плати повеке ако треба-нема ништо поважно од интимното здравје!
    со лесно :)
     
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    па моментално не знам баш во Велес некој салон што работи со чист и нов восок и затоа ми е страф да одам а и малце срам :D До сега ги остранував влакната со брич или крема ама мора тоа да се смени во блиска иднина :!:
     
  12. PapillonGirl

    PapillonGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    27
    Собирам храброст веќе подолго време за мојата прва интимна, па сакам да знам дали покрај прекрасното чувство на мазност и совршениот изглед, сексот е доста подобар ако таа зона е целосно голичка?
    Читав нешто дека сензитивноста на вагиналните усни се зголемува кога кожата е мека и без влакна.
     
  13. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    139
    Не, можеби првите неколку пати ќе чувствувате возбуда и од самиот допир на гакичките, но потоа станува се навика и се враќа во нормала. Значи депилацијата има повеќе врска со предиграта т.е лижењето отколку со самиот секс но како што реков тоа екстра чувство е само првите неколку пати потоа е исто.
     
  14. PapillonGirl

    PapillonGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    27
    Упссс, очекував мааалку поубедлив коментар, нешто што ќе ми даде дополнителни мотиви. Од мое искуство, само на два пати сум била голичка таму, со брич, за жал. Е сега додуша вториот пат имав мала лентичка горе, линија поточно :lol: , но сепак тасма на усните. Сексот беше некако подобар, немаше влакненца кои влегуваат и излегуваат при секое движење, се беше помазно, посочно. Лошото беше што за кратко време растат, па боцкаат, па чешаат, па налет си реков. Вака со депилација си викам поарно ќе е, веројатно.
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.940
    Допаѓања:
    81.252
    Пол:
    Женски
    Мене лично ми е мнооогу подобро со депилација, било со восок или шеќерна.
    Ама до кожата ќе да е, многу ми е нежно местото и постојано се исфрлам со ситни, бели бубулички и тие ми се поболни отколку самиот процес. Болката, ја издржувам некако, ама како со тие глупостите понатаму. |(
    Сега се средив со брич, мазно е 3 дена и тоа на третиот веќе боцка. :D
    Ќе пробам да почекам, па ќе се средам со рол-онот - и онака ми остана уште од него, ќе ми стигне колку за лепотава доле. :D
     
  16. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Добро да ве прашам како се депилирате дома со ленти?
    Јас пробав и се улепив после цела исполепена, исполепена . А влакна имаше уште, т.е не сакаше да ми ги искорне , не сфаќам како. Можно ли е бидејќи се јаки??? Или нешто ритуалот сум го згрешпила?
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.940
    Допаѓања:
    81.252
    Пол:
    Женски
    Прв пат се депилираше сама со ленти, имењачке? :)
    И јас се исполепив така пред некоја недела, месец, уатевр. :$ :lol:
    И аман, натепајте ме - не знам да одржам ветување. Си ветив дека нема да чепкам додека не потпорасне, ама не издржав, си го подмишнав бричот и цак, цак ... |( :D
    Инаку, пробај да ги исечеш лентите на помали, коцкички најдобро. Полесно ќе ти оди, јас така правев минатиот пат и подобро беше, ама останаа уште влакненца кои подоцна ги поминав со брич. :tmi:
    Изгледа до тактиката ќе да е.
     
  18. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Да прв пат сама :tmi:
    Пробав и јас со мали парчиња, ама не сакаше. Деновиве ќе пробам повторно, дај Боже да се издепилирам.
    Неможам да одам на козметичар, некако без душа се, тегнат како ненормални :D
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Не е до вас, до влакната е. |(

    Јас пробував еднаш сама со ленти и сечкав пустев, се потегнав, кај ужасно ме болеше, кај искуба само три влакна од десет, па и три дена после тоа ме печеше додека мочкав. Го одбрав и ја местото изгледа. |(

    Собирам храброст за шеќерна депилација, ама ко човек ќе си отидам во Александрија. Ако има некоја локална анестезија, може и тоа да вклучат.
     
    На Mishela и Micheleljubov им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ленти за депилација во интимна зона? :x Чувство како да ќе си откорнеш парче кожа...
    Иначе и шеќерната е болна, ама малце по малце се вадат, доброто е што нема црвенило.
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.