Јас ладна интимна депилација не препорачувам. Со топлата е полесно и подобро изгледуваат влакненцата. Добро би било да ти се малку подраснати (ако не се, среди се со ножички претходно) бидејќи во спротивно ќе се вадат потешко. И гледај да не си пред добивање бидејќи тогаш повеќе боли.
Ејјј зошто срам ... Јас немам никаков срам .Иако редовно секој месец одам имам страв ...Ама девојчето ќе ме замуабети ииии ќе повлече набрзина фацата ми е баш ваква .Јас се депилирам со топол восок и ако редовно секој месец одиш на депилација болката со секое наредно депилирање ќе ти се намалува . Со среќа!!!
Мене ме интерисира дали некој пробал со лентите на Силк? Со восокот во ролон имам пробено но со зелените ленти не. Енибади?
Црешке, јас имам негативно искуство со лентите и ми се наби таков страв, што освен крема, во последно време не практикувам со ништо друго да се средувам. Мислам дека проблемот беше во начинот на кој ги тегнев лентите, лабаво и никакво. Ич не ми вадеа и после цела бев црвена, иритирана и исфрлена со бубулички. А некоја да ми каже финта како да ги тегнам тоа лентите? Тоа највеќе ме кочи. Инаку Силк, за нозе и раце ми се одлични.
Јас не гледам разлика, еднакво гадни ми се. Да се разбереме, влакненцата држат миризба, таа сигурно не мириса на беле руже.
DAngel да не те цитирам да зафаќаме место џабе. Хигиената и миризбата нема никаква врска со вакви умерено долги влакненца, значи зборам за вакви реални а не како ти што си ја ставила таа слика како орангутан, патем речено се работи за вештачки а не реално влакнести нозе. И да се разбереме јас не се залагам за тоа да жената се запушти туку зборам за тоа дека не треба да бидеме жртви на производителите на средства за депилација, разноразни жилети итн кои нон стоп не бомбардираат со нивните реклами. Кога се работи за храната сите сме сложни дека сакаме здрава храна одгледана ез пестициди а кога се работи за овие работи кои што се исто така отровни не се откажуваме. Па сега кажете ми дали е во ред од една страна да инсистираме на здраво и прирдно а од друга да се труеме со хемикалии и да вршиме тортура на нашата кожа. Незнам дали сте приметиле но младиве се оптоварени со тоа како да е целиот нивен квалитет ако се издепилираат, а не некои други кввалитети. Но ако сакам да бидам до крај реална мислам дека некоја девојка и да сака да си даде одишка и да батали и восоци и жилети барем на кратко неможе да си го дозволи тоа затоа што ќе наиде на потсмев.Но кога се работи за овој зимски период верувајми дека има доста вакви.
Михаела, иронично е што типката на аватарот твој има издепилирани пазуви, и си ги „мазни“. Стај си некоја влакнеста. Ахх, што ќе не чујам, што ќе не видам.
Девојката од аватарот е со мазни пазуви затоа што и јас сакам да се вклопам во тој стереотип според кој жената треба во секој мг да биде совршена. А, и неакав да бидам толку нападна за да им дадам можност на сите оние кои едвај чекаат да најдат нешто и да ме нападнат. ЗЗначи се што е умерено според мене е ок а се што е претерано во една или друга насока нечини.
Не знам mihaela.barbi, ама на мене сепак ова ми е невкусно. Можеби е до личен вкус, ама мене влакненцата ме асоцираат на пот и миризба, на нехигиена. Не можам во нкој случај да си замислам да оставам да ми пораснат толкави како на сликата што ја имаш постирано.
Никој не те напаѓа, само мала шала. И јас се согласувам со ДАнгел, една жена не треба да си дозволи влакна, не заради некакви си стереотипи, туку едноставно хигиена. И многу мажи се депилираат под пазуви, зошто ете, изгледа невкусно и нехигиенски.
Точно така и јас себе неможам да си дозволам такво нешто, но исто така одбивам да се треам нон стоп ако случано некое влакно подникнало. А, тоа дека те асоцира на пот и нешто неубаво е наметнато од околината знаеш ако некој нон стоп ти ика дека си болна секако дека ќе се почувствуваш болна иако не си. Еве да тргнеме од сее сигурно де зимно време не се бричиш како во лето дали се чувствуваш валкано и дали мирисаш на пот? Секако не Значи ако редовно се тушираш користиш стик итн и обратно џабе се бричиш ако не одржуваш хигиена. А, и машкиве се виновни имаат влезено во некој филм од поничиве и очекуват девојкиве да бидат нон сто како оние на порничите, а сум приметила дека се почесто имаат желби и барања за стени како о порничите.
Кажи ми “тетките“ шо депилираат окау се ? Мислам знаат добро да работат? Зашо ја коа бев ми се падна другарка моја една и она сма ами рече дека другите шо депилирале мн и не баш обрнувале внимание на мн работи не биле до толку внимателни, а истите муабети ги слушнав и од другите па и овдека ...
Иако ја праша Лакримоса, и јас ќе ти дадам мислење. Досега сум се паднала кај три различни девојки (а колку што знам, само три се вработени, не ме фаќај за збор) од кои, од две сум задоволна, од третата не баш. Таа од која не сум задоволна како да не се интересира многу за работата, гледа што побрзо да заврши, не ги ни фаќа сите влакна, дури сакаше и без ракавици да ме депилира, но си побарав сама па користеше и ракавици. А другиве две и муабет ти прават и постојано ги менуваат ракавиците, внимаваат секое влакно да го извадат. Во глобала сум задоволна, освен од таа едната како што реков.
Златен восок, златна козметичарка За 100че уживаш речиси цел месец и не се мачиш сама А за срамот, па малце и мене ми е, ама си викам ај оваа се изнгледала д***и па мојата а била на списокот, а не била, ништо нема да и смени
Кажете ми дали кога ќе отодеш на козметичар за интимна депилација се соблекуваш скроз или имаш гакички па ги тргаш лево десно. Јас досега не сум била на професионална депилација во салон, а неколку колешки со кои сум разговарала на таа тема ми кажувале различно. Едни викаат скроз се соблекуваш други викаат носиш гакички и ги тргаш лево десно. Па ме интересира како точно се одвива тој процес и кажетеми дали има прегради или сите може да те видат. Чисто ме интересира сакам да пробам да се издепилирам барем летоска пред одмор ама многу ми е срам.