Нема потреба од срам, не си прва козметичарката што ке ја депилира Инаку јас лево десно правам со гаките
Ако одиш на целосна интимна депилација ќе ги соблечеш гаќите, ако одиш само на препони да те депилираат можеш и со тргање на гаќите лево-десно.
Јас последен пат кога бев ми се погоди една никаква, сериозно. Јас и правам муабет нешо нормално, да се посмееме а не како утови, и така и јас ќе се опуштам малку, таа едвај мрмореше. И цела намуртена мислиш коа ќе излезе надвор ќе те изоговара. И другарка ми кај неа беше и ептен незадоволна од пристапот. Како со сила, како едвај да чека да и се изгубиш од пред очи. Депилацијата е супер, ама пристапот не ми се бендисува и сигурна сум дека за истата зборуваш и ти Tenkai. А до пред тоа одев нон стоп кај една друга, абе да се изнамуабетиш срцка е.
Сакам кога ќе се потстопли времево да одам на целосна бидејки читам чуството било прекрасно после депилација, но ме подзамисливте малку со тоа соблекувањето. Јас како што пишав на една друга тема немам проблем да се соблечам пред други но ова е нешто друго, да се расчепатам пред други малку ми е незгодно. Јас кога одам на гиниколог ми е незгодно што прегледот трае неколку минути а камо ли ова. И замисли да се возбудам од тоа што ќе ме гледаат гола и да примети таа што ме депилира, јас мислам дека жива ќе пропаднам во земња
Е аман ќе се попалела, има господ во пижами да го видеш кога ќе те растрга таму, така да не се замарај ќе се возбудела. 10 минути и готова си, затоа после чувството е преубаво, мазно и чисто.
Ја искрено си зедов за право секад кога ке закажев за депилација си кажував и кај која сакам. Така да планирам истото да го направам. Зашто несакам такви луѓе да ми вршат работа, што знам. Пробајте и вие, сепак давате пари и нормално дека сакате се да е во ред со нивен однос, Имате/ме право на тоа . Фала во секој случај.
Колку треба да пораснат влакната за да одиш на депилација? Јас дома сама се депилирам некогаш со крема,ама почесто со брич...и тоа неколку пати неделно,пошто за интима не сакам ама ниту едно влакно да штрчи.
Јас колку што знам околу 5мм за да можат убаво да ти се извадат. Ако се помали нема да се вадат убаво ... е сеа и да не бидат нели огромни па да испадне дека само те кубе а не ти се вадат од корен
Eве јас денес во 5 имам закажано и не се срамам. Одам секој месец и ти станува навика со тек на време
Неколку пати неделно се бричиш? Па ти не си нормална, зошто толку често и незнам што воопшто бричиш на секј 2-3 дена кога за толку малку време неможат ниту да подникнат. Инаку ако се работи за неколку пати месечно тогаш е ок.
Каков срам бе луѓе што ви е на вас ,па таа 5000 кхмм вагини видела сигурно нема да се ѕвери у вашата... тоа и е секојдневие на нејзе нема тука ништо чудно . инаку да си се изјаснам и јас околу темава ,јас брич не користам и немам ни у план да користам . летно време еднаш до два пати одам на козметичар си ја депилирам цела интима ,а вака - некогаш дома сама со ленти, а најчесто со VEET крема најбрзо и најбезболно за 3 мин сум тип-топ средена
Се спремам да отидам на мојата прва депилација EVER и сакам да прашам нешто: -бидејќи се бричам, колку време пред депилацијата треба да се избричам?Дали 3-4 дена е ОК? -влакната на вагината ми се подолги, па дали да ги скратам со ножичка?Да не и` бидам смешна на козметичарката така стригната?
По 3-4 дена нема шанси да ги ги издепилира скроз. Почекај барем една недела, нормално нема со шума да и отидеш, средно така малку пораснати. Јас денес си бев на шеќерната, фала богу овојпат не беше таа намќорката.
3-4 дена е многу краток период а па и една недела е многу краток.Не треба да ти се многу големи ама и многу мали,Ако ти се многу мали некако ќе ти ги извади ама после два дена ќе почнат да ти растат.Што поголеми влакната толку поубаво,и поспоро растат.Мислам да не ме сватите погрешно,не многу големи.Средни.
Ги отсранувам на козметичар, со ладен восок на месец. Овој пат пред нова година немав време да отидам кај мојата козметичарка во Пп и бев кај друга во Ск па си реков таму ќе се депилирам заедно со братучетками бидејќи таму бев за Нова. Се депилирав на 29ти и сега веќе ми се познаваат . Не знам што се деси и зошто така. Инаку после 3 недели ми се познаваат а сега за 10тина дена . Се изнервирав
Имам пишано на темава, ама да си ја олеснам душава уште еднаш. Комшијата дојде на врата да праша дали е се во ред, бидејќи се извикав како гуде пред колење. Бев сама дома и се опуштив со шеќернава паста, демек ај сеа да пробам, јунак ќе издржам. Аха шур. Мислам дека со се кожа да го вадев немаше да боли толку. И на крај завршив со фризурче - на места издепилирано, на места проќелавено, на места неиздепилирано. И на крај како и секогаш бричот. Козметичар никогаш не било у план, нема ни да биде. Прво ми е крајно болно, бидејќи не знаеш кога ќе потегне, второ срам ми е.
Јас и ти сме го окркале калапот со тоа што сами сакаме да се средиме...мене козметичарката што секогааш ме депилира ми беше болна и си купив восок и ајде јас сама да пробам......ллелеле мислам господ во пижами го видов...кај депилирана кај не.....па ми се уплетка некако восокот и неможев никако да се снајдам на крај бричот и јас!!!
Трпение девојки, никој учен не се родил. Колку и да изгледа едноставно, депилирањето на интимната зона сепак си бара вештина и малку искуство. Еве да ве охрабрам малку, кога јас прв пат пробав со шеќерната беше среде лето. Се испомачив, препотив, голема болка претрпев, 2 часа не се депилирав туку буквално се скубев, тоа пастата се топеше, целата се испозалепив, сум се правела како тулумба. Ама бев упорна, брич во рака НИКАКО и еве сега по 6 месеци се си дојде на свое место, си се средувам во домашни услови, многу брзо и лесно, на козметичар не помислувам да одам.
Кога се депилирате сами со шеќерната паста, немојте да ставате веднаш на голема површина од пастата па после да ве боли и да ви се исполепи само, туку почнете да нанесувате и тегнете прво на надворешните страни. Така постепено, малку по малку ќе издепилирате се`. На овој начин депилираат и во салон. Прво ја спуштате едната нога и го средувате да речеме десниот горен дел. Потоа истото го правите и со левиот горен. Потоа ја кревате едната нога и нанесувате не на вагиналните усни за да ви се исполепи, туку прво скроз на крајниот дел и тоа тенок слој во ширина, а по целата должина, се` до задникот, т.е. онолку колку што вам ви одговара. Така тегнете постепено по малку и на крај стигнувате и до усничките (а таму влакната најтешко се вадат и најмногу боли), ама вака ќе останат само малку и нема да биде толку интензивна болката. Ако сте влажни додека се депилирате (не од возбуда како Михаела Барби, туку онака нели си тече бело прање кое е посебно интензивно 2 недели пред добивање на менструација) и не ви лепи пастата на тој дел, можете да ставите бебешка пудра, или јас некогаш си ставам тампон додека се депилирам, на тој начин осигурувајќи се дека целата област ќе ми биде сува и нема да имам проблем со пастата во тој дел. Се надевам дека на овој начин ви помогнав малку да се охрабрите да се депилирате дома со шеќерна паста, верувајте рај е. И заборавив да кажам исто така е многу важно да ја затегнете кожата што ја депилирате, така поефикасно ќе се отстранат влакната и нема да ве боли- со едната рака држете ја кожата затегната, а со другата депилирајте. Среќно.