Сакам да прашам дали на некоја од вас после депилација и се појавува црвенило и дали има подкожни влакненца? Ако има некоја може да ми каже што користи ?
Со восок дома не се осмелувам, сум пробала со ленти не излегува ништо. За на козметичар не ни помислувам. Па ми остана со шеќерна пасна, и супер ми е со неа
Да ти кажам право ме замисли со прашањево и го враќам филмот кога јас првпат сум почнала. Арно ама не ми текнува. Со депилација на препони мислам дека е ок што од естетски што од хигиенски причини, што од Х други причини ама не и цела интима. Ако веќе си сексуално активна е друга приказна.
Јас интима депилирам од 13 години, така да врска нема дали си сексуално активна или не, ако не можеш болка да истрпиш и 20 да имаш џабе е
Хахаха тулумба, ме пресмеа... а шеќерната паста сама ли ја правиш? Истото прашање, и ако ја правите сами ако може да ми пишете во лп колкави количини од сите состојки ставате Фалаааа
Isabel, депилација на интима сум правела со неколку пасти: 1. Со Клеопатра, ја купив од DM околу 500 денари, и е прескапа, не дека е лоша ама не ги заслужува парите, 2. Со Sesu, 150ден. од парфимеријата до маркетот во Ramstore. Многу е добра, ја препорачувам за сите кои за прв пат се обидуваат или се малку искуство 3. Со домашната паста, 1/4 лимонов сок, 1/4 вода, 2 шеќер. Нема подобра ако ја погодиш, но внимателно со варењето на шеќерот. Не сакам овде да се расприкажувам околу домашната паста оти за тоа постои посебна тема. Само сакам да кажам дека најдобро би било првите неколку пати интимна да се направи со пастите кои може да се најдат по парфимериите, за да се добие осет како треба да изгледа добра паста. Подоцна може со домашна, и да ја утнете во подготовката ништо страшно, веднаш ќе ја познаете. По мене домашната паста за интима треба да биде за мала нијанса потврда од стандардната, барам за првите неколку пати, додека да омекнат влакненцата.
Мое мислење е дека ти е рано, доколку имаш од страната на ногата т.е оние што штрчат од гакичките можеш да ги потфатиш со икче а и наку сеуште е рано бидејки сега можеби ти е интересно дека си уште на почеток но еден ден ќе ти здосади и ќе речеш ах, камо ли да можам да се вратам а почетокот. остави ги оние што велат дека они на 13 почнале со депилација овде можеш да слушнеш се и сешто не земај се баш дека е точно.
Дали е добро да се остранат со брич или не?Премногу ми е срам на депилација да одам значи неможам! Или пак со крема ? Дали со крема останува така како со брич црни точки? Ве молам помош:/
Мене искрено, ако се избричам со брич, по два дена почнува да ме чеша и боцка (веќе влакната почнуваат да растат, па ќе мораш редовно да се бричеш). Исто ми било и со крема. Сега редовно одам на козметичар (еднаш месечно, даваш 100че, малкуцка боли ама тоа моментално). Немаш потреба од што да се срамиш. Ни си првата на која козметичарката и ја видела ниту пак последна . По вториот пат веќе ич не му ја мислиш (од искуство ти кажувам )
Досега немам идено на козметичар само со брич. Сакам да знам дали кога одите на козметичар сите влакна ви ги фаќаат или останува по некое, нели некои и малку внетре има.
^ Аман немој со брич. Си ги зајакнуваш влакната и кожата се иритира кога ти растат. Подобро со ножички. Иначе на козметичар секако дека ако им речиш се‘ да ти издепилираат, така и ќе направат. Ако сакаш фризура (надолжна линија на пр.) ќе им кажиш.
Не мислев на фризури и слични работи, туку за обична депилација. Нели имаме некои влакненца на расцепот и ме интересира дали и тие ги фаќаат зошто да се дојде до нив треба да ги поместат усните.
Се разбира дека и нив ги фаќа Само зависи од козметичарката, една мене сама ме сработи, а пак една друга ми рече да се држам (ми покажа како) за полесно да тргне.
И мене ми се појавуваат ама по 2 дена ги снемува. Ставам бебешка пудра за газе или еднаш, кога ми снема од пудрата, ставив од млекото за тело (само на препоните и на горниот дел, не секаде). И млекото е добро, ја омекнува и хидратира кожата.