Бидејки темава е интимна депилација но моето прашање не е стрикно поврзано со интимниот дел туку повеќе се однесува на мишките, па доколку е поставено во погрешна тема се извинувам. Ме интересира дали имате искуство со депилација на мишките, бидејки слушам разно, разни ставови те било ок те небило.... Па ме интересира дали некоја од вас има искуство и дали има некакви промени откако се депилира под мишки. Зборувам за депилација со восок. Бидејки сакам јас да почнам да се депилирам но ми е страв да не има некакви последици, инаку досега се бричам но не само што брзо растат, туку и дури и после бричење, кожата не е баш мазна , а де не зборувам за тоа што често знае да се направат и поткожни влакна и да биде баш онака лошо за гледање, а и секој 2 ден треба да бидеш со жилетот о рака, па некаде си пропуштила некое влакненце а тоа знае да изгледа доста ружно. Исто така ме интересира дали има некоја крема за нега на мишките кожата да биде баш онака нежна и да не се познава она као потемна кожа во делот кај што растат влакната. Мислам да не ме сватите погрешно не ми е многу потемна но колку и да се избричам добро пак се познава. Инаку сум пробала да се депилирам со разни креми за депилација пак е исто. А, што се однесува до доле ме депилира една пријателка со топол восок 1 месечно и е сосема ок, а и тоа не е толку битно тоа не се гледа, можам и да се избричам, побитно ми е она првото за што зборував бидејки особено летно време кога носиме маици без прерамки сакам да имам совршена кожа на тој дел од телото и да не се срамам да кренам рака.
zdravo zenski, sakam da ve prasam dali nekoja se ima direpilirano so vosok od seker i limon.. doma? sakam da probam ama da vidam prvo komentari dali e mn painfull? ama bez tesenje, i onaka nema besbolna depilacija :/
Јас искрено, незнам за другите ама не би препорачала депилирање по дома. Сепак не за џабе козметичар е козметичар, кој посебно е битен за интимна депилација, бидејќи знае како да те оптегне, како да влече. Замисли да повредиш некои нервни завршетоци, или да отечеш... што тогаш? . Јас не би се осмелила сама да се депилирам. А болката сигурно ќе биде поголема отколку на козметичар (проверено на нозе- еднаш и никогаш повеќе ).
tnq ali nova sum na forumov i nemav vreme da razgledam kakvi se temi ima.. se nadevam deka nema da mi zamerite btw ako preziveam utre ke ve izvestam lot of love
Мислам дека има тема за ваква депилација. Не е битно. Јас со години под мишки се депилирам со електричен депилатор (колку и да изгледа чудно!) и не би го променила тоа. Кожата ми е „стакло“, користам само обичен рол-он антиперспирант, ништо друго за нега; нема ни потемна кожа, ни несакани влакна, ни бричење секој втор ден, ни ништо слично. Се депилирам на 3-4 дена, но тогаш има само неколку ситни, нежни влакненца, кои дури и да не ги издепилирам не се познаваат. Не се цвсти како при бричење. На лето во секој момент можам слободно да ги кренам рацете без да размислувам за ништо. А со восок не би се депилирала, сепак кожата е многу нежна.
Морам да ви кажам дека јас сум херојот на неделата. На неделата бидејќи просечно толку трае убавинава. Замислете јас, најголемото „crybaby“, или плачитит на македонски, успеав да се оскубам целата. И тоа со шеќерна паста. Ова е немогуче. Не ми се веруваше на очите. Ни на видикот. Како успеав ни јас незнам, боли како ѓаол, ама битно си мирен отприлика недела дена. И многу се ретчат. И еден предлог, горе во гласовите, сменете додајте и „сам дома со шеќерна паста“ Да имам кај да гласам.
Нешто кинеш погрешно сестро, ама не знам што и како. Не мора да објаснуваш. Битно гледај во правец на растење да тегнеш, не да кинеш. Готово, чим двете Мишели стиснаа заби, ќе морам и ја набрзо... ја меркам Александрија во Скопје, ќе ги дадам и 300 и 400 денари, само нека е нешто од кое нема да се расплачам како бебе таму.
Мислам дека не кинам ништо погрешно, бидејќи сестра ми оди на депилација кај козметичар, ама пред некој ден за нозете ме замоли јас да ја издепилирам со шеќерната и супер и беше. Арно ама кога се депилирам сама многу ме боли бидејќи имам ултра осетлива кожа. Дури крвови ми течат после депилацијата и на препон и на веѓи. И болиТ. Ама хигиена си е хигиена, мора. Дузи, стискам паличња, со среќа, и додека те депилира, само мисли на видикот колку ќе ти биде убав после. Мх, мх, да ти позавидат маживе.
досега немам отидено на интимна депилација а имам во план да одам сега брзо .. само незнам кога ке се јавам да закажам како да му речам.. мислам стварно незнам ххаха страм ми е малку хелп ^^
Па едноставно се јавуваш и им викаш: „Здраво, сакам да закажам интимна депилација. Кога ви е првиот слободен термин?“ (јас барем така закажувам ) Не треба да имаш срам. Нема некој друг начин.
Сте користеле ли ваков восок http://www.executive-shaving.co.uk/shav ... uppies.jpg каде го има? Како се употребува? колку пари?
Јас се депилирам со топол восок на козметичар уште од 17 години. И не ја менувам за жива глава. Знам дека не го употребува истиот восок повеќепати, а и знае да и ме замуабети да не осетам. После толку време и влакната ми се изретчија, на некои места воопшто не растат. А и бидејќи се помеки, помалку болка чувствувам. Фала богу, не можев да ја издржам таа болка.
Ваков восок има јас каде што одам, работи со ваков восок само и е во рол-он на афродита е. Незнам колку пари. А овој на сликава се употребува како сите останати восоци, те мачкаат и го вадат
Ја мислам дека треба да се депилирате во салон, едноставно подоброе отколку дома Инаку јас понекогаш се депилирам дома, а инаку користам рол-он