Дечки , си купив восок за депилација , но никако не можам да го погодам , го ставам на оган да се стопи и коа ке го извадам одма се здрвува .. инаку восокот е во форма на гранули ... ке ставам и слика да го видите , ако некој го има користено истиот нека помогне бидејки целиот стои не можам да го користам ... ?/
Алал да ви е на сите што можете дома да се депилирате сами, јас нема шанси, додека соберам храброст да се потегнам, папала маца, се здрви восокот Исклучиво на козметичар со топол восок, боли, ама тоа е, плус сега ми се изретчија малце од малце па болката не е толку страшна како првите неколку пати
^ Подобро со восок. Со крема ти е исто како со брич да си ги отстранила. Брзо растат и растат поцврсти, за разлика од депилацијата со восок.
Сметам дека подобар избор е козметичар.Јас редовно одам на козметичар. На почетокот за време на депилацијата имав болки и влакната ми беа поцврсти и подебели..Сега одам скоро 1 година и во никој случај не може да се издепилирам така како што го прави тоа козметичарката комплетно и брзо.
Е женски сакам да ве прашам колку пари е тој депилаторот рол-он од силк, на почетокот нешто прочитав дека повеќе девојчиња го користат и дека бил ефикасен, можеби и цена сте пишале али многу има, треба сите страни да ги свртам. Благодариме однапред
Девојки јас се бричам доле бидејки ми е најубаво така,ниту ме боли ниту пак ме гледа некоја,а и не ми расте брзо.. дали е тоа голема грешка?
Иако боли со депилација, излегуваат поткожни влакненца и те гледа некоја сепак е поубаво Јас го прашав мојот гинеколог и тој ми рече само депилација, брич никако Покрај тоа што со бричот се засилуваат влакната и може да добиеш некоја инфекција, особено ако го имаш повеќе пати употребено истиот брич
јас на нозете, 5-6 години негде се бричев, а долу на препони помалку ваљда незнам од кога сум почнала, ама цело време брич. летно време, наутро станам порано кога одиме негде, на река,базен,или на одмор кога сум, па во вц цел саат, да не се испуштам, ги викам мама или сестра ми да ме видат од позади на нозете дали сум испуштила некое делче... абе лелеее... мака ми беше многу, ми се плачеше! ама другарките што се депилираа, викаа боли, ааа, ова, она и јас храброст никако немав, а и плус малце сум си дебелка па и срам да се соблечам пред козметичарка сега од ова лето, јас си појдов на депилација, прв пат не да болеше... абе што да кажам... се стискам, црвенеам, се потам )) вода барав цело време, грлото ми се сушеше хахахаха среќа што ја знаев од порано, па си се смеевме, јас како и секогаш кажувам смешки на моја сметка.. и помина, првите 2-3 месеци почесто одев, зашто ми раснеа, ама сега, гајле немам, едвај чекам да одам, абе брич?? никој да не ми спомне,порано кога одев во супермаркет, гледам со 3, со 4, со 5 сечила, еден за нозе, еден за препони, еден за под пазуви.. дома колекција од бикчиња ))) комедија бев. сега не ни гледам... сега ја слушам сестра ми, она 17г. има, ги бричи нозете, цели, СЕКОЕ САБАЈЛЕ !!! аа кога ке ми дојде, ја носам одма на депилација,не ми треба нејзина согласност ) и така да, препорачувам депилација... секој како си сака, ама јас од искуство никако неможам да смислам со брич
Се додека не пробаш интимна депилација на козметичар, не можеш да знаеш. Друго е да ти кажуваме, друго е кога лично ќе пробаш. На почетокот и јас мислев како тебе, ама откако бев на депилирање, ја увидов големата разлика и сега брич користам само кога морам. Влакната растат многу побавно, поретки стануваат, послаби, ќе се чувствуваш многу мазно и нежно, нешто кое со брич не се добива. Пробај барем еднаш, нека ти препорачаат некоја искусна козметичарка, па види. И не срами се дека ќе те гледа, нејзе тоа и е работа, таа видела многу, и затоа не мисли се околу тоа.
Јас редовно одам на козметичар за депилација на интимните делови, како и за на нозете. Воопшто не боли и барем знаеш дека целосно ќе те средат и нема потреба да се замараш дома...
Јас се депилирав неколку години нон стоп, еднаш месечно. Навистина е најдобро со депилација, со тек на време болката се намалува, цел месец си раат после. Дома сама ме фаќало и по саат време додека да се средам, а во салон за 10тина минутки е готово. НО ми излезе внатрешно влакно кое мораа да ми го отстранат со хирушки зафат, беше многу болно и непријатно искуство така да повеќе не планирам да се депилирам на интимните места. Ме интересира дали има некој со слично искуство и дали при повторни депилации би ми се повторило тоа, мислам дека фобија ми стана и дека никогаш нема да се депиларам повеќе. А од друга страна ми е неопходно, со брич и со крема неможам да се средам толку убаво и многу брзо ми растат за 2-3 дена + не е мазно како со депилација!!! Засега тоа ми е единствено решение, споделете или предложете нешто од кое што не излегуваат внатрешни влакна. Ми кажа докторката дека се што го вади влакното од корен може да предизвика создавање на внатрешно влакно затоа што меки растат влакната и неможат да пробијат низ кожата, додека кога се бричат влакната се многу поцврсти и веднаш пробиваат низ кожата.