Мимс, јас мислам дека сепак зависи од влакното, иако има логика во муабетот на докторката со која си зборела. Меѓутоа, јас на почеток секогаш ја средував интимната зона со брич и пак ми се правеа поткожни и тоа многу, што дури и брунчиња се правеа и се познаваше дека не беа од иритација, ами од „заглавено“ влакно. А по некоја логика, со бричењето влакната си се поцврсти и полесно би продреле низ кожата, ама ајде де? Пробај со шеќерна паста, велат нели при депилација од неа не се правеле поткожни влакна, ама јас сепак се сомневам и во тоа.
Мимс, шеќерна депилација е лекот Шеќерната е најнежна за кожата, не се ни споредува со обичната депилација со восок. Јас, што имам премногу осетлива кожа и што после секоја депилација бев со црвени точки на кои им требаше цела недела да ми поминат, со шеќерната воопшто не ми се ни појави никакво црвенило, ниту поткожни влакна. Пробај еднаш, види како ќе биде. Јас едвај собрав храброст и пробав, пред тоа бев исто со креми и брич и ужас ми стана кожата Така да, јас си го најдов спасот во шеќерната, кожата ми е мека, нежна и мазна Веќе неколку пати се имам депилирано и досега немам поткожни.
Девојки, а одите некаде на третман,или дома го правите сами? Не боли многу? Кој е рецептот за шеќернава депилација, ако дома се средувате. Јас повеќе не идам на депилација на козметичар со восок, зашто скоро сите лажат и восокот по мали-милиони пати си го користат, од хигинески причини, неможам шубе ми е, навистина.
А, дома никако. Пробав еднаш, све живо исполепив и нема шанси веќе да пробам Јас одам во Аеродром, во студио Инфлуенс (во кулите кај Стела слаткарницата, ги има на ФБ, да не ставам линк да не излезе дека рекламирам ). Супер работат, јас сум ептен задоволна. 1.500 ден. е шеќерна на цело тело (раце, нозе и интима), ама како што можат во салон да те издепилираат, дома сама нема шанси да се постигне истиот ефект, па макар и цел ден окапала со пастата Башка, вака за 20-30 мин. си тип топ и плус пастата е за една употреба, така што од хигиенски аспект нема проблем Колешката моја оди во Александрија и исто е презадоволна. Ми се чини дека цената на депилација на цело тело е иста и ваму и таму, само работата е кај ти е поблиску Едит: Првиот пат боли, и те како , ама после вториот веќе се навикнуваш. Сега сум дојдена во фаза кога едвај чекам да одам на депилација, се радувам
Oдлично фала за инфо, јас сакам само за препоним, вајда имаат таква варијанта. Инаку и јас нескам дома, ама да си прашам де, случајно да не е тоа
мене ми е страв да одам на козметичарка кај сум си дебела и сакам со брич ама незнам со каков anyonee
Па сигурно имаат, секаде има, мада не сум прашала Мислам дека само интима им е 300-350 ден., па препони сигурно е тука некаде
Guilty Јас нејќам никој да ми ја гледа Боли како и секоја друга депилација, само резултатите се многу подобри. Јас со оние буренцињата од пазарче се депилирам, го загревам и уште додека е топло (не жешко) влечи, тегни Меко, нежно, нема црвенило, нема поткожни...прфект
Само препони во Александрија ми се чини 100-150 ден. беше, не се сеќавам баш најдобро, знам една жена пред мене плаќаше. А интимна е 300 ден. и сум задоволна, сеа зависи, има по некоја тромава девојка која не е нималку професионална, и ми праеше муабет за јачина/густина на влакна на др. клиенти. Претпоставувам само таа беше исклучок.
Ја имам пробано и шеќерната во домашни услови и ми искочи топ. Ама мене ми е страв бидејќи пак се тегне од корен влакното, а како што кажа Мишела пак си зависи и од влакното па да не сум сколона кон внатрешни влакна Ќе се изнервирам ласерска ќе направам
Баш денес си бев, брзо, ефикасно.. Сега не е баш безболно ама барем нема да ме боли глава едно две-три недели. Мислам дека депилацијата со топол восок нема да ја заменам никогаш со ништо.
За болење си боли малце, ама се трпи 15 мин работа, ќе си офкаш и ќе и речеш на козметичарката ич не ме слушај И јас сум дебела па си реков ќе одам, ваљда јас не сум единствената дебела што оди кај нејзе, сигурно има видено и подебели, затоа ич не се секирај А за брич знам дека не е убаво, особено не се употребува истиот брич повеќе пати, само еднаш, оти можеш да добиеш инфекција ( така ме советуваше гинекологот) сепак твој избор
Колку пари е тој депилаторот како рол он Depi, на Фитофарм? Сакам со него да пробам да се средам туто комплето, па ме интересира колку беше. И во Космо нели имаше едни пак вакви во вид на рол он, демек италијанска фирма!? Ги носат уште?
Jас овој пат си ја сменив козметичарката. Сега одам на сигурно. Пред мене топли нов, чист восок и немам гајле Инаку секој пат кога одев кај претходнава психички се спремав за да можам да погледнам во машината кај што се топли ''групниот восок'' Шубе ми беше ептен. А, и последно време почна да ме третира како да депилира некое диво животно - а не мојата ''миленичка'' И, нешто примитивна стана. Намалила тоа светлината во собата. Тактички, демек не и се гледа многу, па ако испушти нешто - оправдано е. Штом така, поздрав тетке
Баш сега читав на "Без пардон" дека бразилката т.е целосната депилација веќе не била во мода, што ме изненади но во исто време се поклопува со мојот став дека нема потреба од комплетно отстранување на влакната, доволно е само да се потстрижати да се отстранат само оние влакна кои излегуваат надвор од гакичките. Во тоа испитување кое го напоменав дури 43% од мажите изјавиле дека најмногу им се допага кратко потшишана вагинаа само 17 посто обожаваат разилка. Незнам кој е вашиот став по ова прашање? Дали очекувате дека после дваесетина години ќе дојде до пресврт на тој план. Зачи да нагласам не сум за тотално запуштање туку само за потстрижуање. Целосно отстранување доаѓа во предвид но само повремено 1-2 пати годишно.
Кажете ми некој козметички салон во центар околу Рамстор некаде, ми го затворија мојот, пред зграда што ми беше и сега нема кај да одам А веке станав ко врколак