Повели Александриа професионал тм адреса: 9-ти Мај 42/10 место: Скопје телефон: (02) 6090 806 локација: 100м после Католичка црква, наспроти пералнит
Сакам да прашам на колку години почнавте да го депилирате инитимниот дел?? И како прв пат?? Отидовте на козметичар или?? И ако може малку повеке околу депилацијата на инитимните делови
женски ај кажете ми дали многу боли прв пат на козметичар и со каков восок да се праам? до сеа со крема се праев ама неможам, мука ми е секој ден ај препорачајте ми некаде во ск , каде да идам за депилација
Е јас имам трауми од последнава што ме депилираше. Ко прво ја прашав дали користи восок за една употрба, вика да, даа... Жими таквото, да. пред мене го ставаше во цедалка искористениот. Ај добро викам. Ми пушти крв, ме искорна мислам, цело време збореше како таа пред мене била урасната не знам срамота било, она не дозволувала ни влакненце да има, па зошто јас сум се бричела последниот пат, кога за 250 ден можела она да ме "среди". Е ме среди богами, рани носев 2 недели Извесно време се депилирав сама на препони со шеќерна паста, ама стварно ми е малтетирање. Сеа сум решена ќе одам кај некоја тука во Аеродром, се надевам дека нема да ме среди ко оваа последнава. И само нека почне да ми кажува на која каква и била свашта..
Јас незнам зашто не си станала и да си заминеш. До душа тргни од тоа дека е 250 ден. ќе сватиш али нема врска јас мислам дека воопшто не си требала да и седиш. Абе јас што викам секоја втора сега депилира и нокти праи ... бог да чува и да брани
Има ли врска должината на влакното? Дали може да има некој проблем ако влакното е 1.5-2 cm долго? Не сум упатена во овие работи, до сега се немам со восок депилирано воопшто таму доле и сега деновиве прв пат ќе идам на депилација во салон и ептен сум обрасната страв ми е да не не фаќа восокот.
Да има врска. Би ти препорачала да ги подскратиш влакната со ножици малку, зошто во спротивно ќе си видиш мака кога ќе те депилираат. Многу повеќе боли кога се долги, дури и при нанесувањето на восок со долги влакна. Немој многу да ги кратиш за да има должина да ги ,, фати,, влакната.
Спојлер Е ајде де И на мене тоа ми помина низ глава, ама викам кај ќе идам пола-пола Инаку салонот беше ексклузивен, не зема баш ефтино кај неа се шишав и фенирав, само Господ знае што и беше, за шишање ја бива, али за ова ме искасапи. Нема веза, да не бидам офтопик, зборот ми е, нема зошто некоја да се срами и да и биде непријатно, од некого на кого тоа му е работа. Е сеа која како си ја врши е друга тема, ако она решила да дрдори која каква имала, тоа си е нејзин проблем. Ќе и бегаат муштериите еден по еден, па ќе си се депилира сама по цел ден
Токму така, бог да чува и да брани, секоја сега депилира и прави нокти. Јас овоа го најдов на интернет и го копирам тука со надеж дека дополнително ќе помогне да се направи правилен избор... - Изборот на правилен козметичар е од исклучителна важност. Осигурајте се дека козметичарот не само што е искусен, туку е и обучен. Обучените козметичари точно знаат како да ги третираат осетливите делови без да предизвикаат непотребни трауми. Комбинација на неискусен и необучен козметичар може да биде вистинска траума. Не верувајте само на зборот, побарајте сертификат, диплома или друг доказ дека лицето на кое ќе му ја довериме депилацијата ги има потребните знаења! - Можеби уште поважно од изборот на козметичар е изборот на салонот. Хигиената мора да биде беспрекорна и тука не смее да има компромиси. Доколку забележите траги од восок по креветите, на подот, преку апаратурата за восок, прав и неисчистени корпи за отпадоци, тогаш нека не ви биде незгодно да се извините и да си заминете од тој салон. Неисчистениот восок е легло на бактерии, а секаков контакт со неисчистени кревети или друга подлога претставува исклучително голема опасност од контаминација. Салон кој обрнува внимание на хигиената лесно се препознава – нема остатоци од восок, креветите се беспрекорно чисти, пред да легнете на креветот ви ставаат хартија за еднократна употреба, козметичарот секогаш користи заштитни ракавици... - Восок – топол, ладен, креми, шеќерна депилација, што е најдобро? Пред се избегнувајте го топлиот восок. Иако честопати ќе слушнеме дека тој и тој салон користи исклучиво само нов восок, или пак само за Вас ќе стави нов восок, постои реална можност прво тоа да не е точно, а второ дури и да е точно, се користат исти топилки. Восокот поради својот хемиски состав е плодно тло за размножување на бактерии и вируси, од кои некои од нив можат да опстојат на многу поголема температура од онаа на топилката. Исто така жешкиот восок на осетливи места може да предизвика не само иритации, инфекции и крварење, туку и трајно оштетување на гениталиите. Во САД дури и се води кампања топлиот восок да се забрани за користење на интимни делови. Ладниот восок е секако подобра опција од топлиот восок. Иако сеуште присатна, опасноста од пренесување на бактерии и вируси сепак е помала од онаа со топлиот восок. Исто така елиминирана е опасноста од изгореници бидејќи восокот во овој случак е млак. Недостаток при депилирање со ладниот восок е поголемата болка и кинење на влакната. Ладниот восок нема топлина која би ги раширила порите и би овозможило влакното полесно да излезе, а бидејќи влакната се вадат во спротивен правец од нивното растење доаѓа до нивното кинење и понатамошно создавање на поткожните влакна, кои пак поткожни влакна можат да бидат вистинска ноќна мора. Разните креми, пени и гелови за депилација поради својот хемиски состав не смееат да се користат за време на бременоста. Професионалната шеќерна депилација која во последно време е се повеќе популарна веројатно е најдобриот избор. Сите состојки се 100% природни така да не се јавуваат иритации и црвенила на кожата. Депилацијата со шеќерна паста е и исклучително хигиенска. Пастата е за еднократна употреба, а бактериите и вирусите не можат да опстанат во висока концентрација на шеќер, така да опасноста од контаминација е невозможна. Со шеќерната паста можат да се третираат сите делови на телото, периодот помеѓу две депилации е продолжен (4-6 недели па и повеќе), а влакната се помеки, ослабнати и видливо изретчени. Поради специфичната техника за работа со шеќерна паста (влакната се вадат во нивен природен правец на растење) се избегнува појава на поткожни влакна. Бидејќи пастата се лепи само за мртвите клетки на кожата, болката е значително помала, а кожата исклучително нежна и мазна.
цвет85 би сакала да правам за прв пат интимна депилација на козметичар е сега според тебе ти мислиш дека подобро е со шеќерната паста помаллку боли а и позаштитена си ?
Јас овоа само го копирав од интернет, нешто Бебе магазин ли беше, така нешто. Инаку да, се совпаѓа и со моето мислење.
Порано одев на козметичар, ама сега јас станав козметичар т.е сама си се депилирам и многу добро ми оди, целосно се средувам ете така задоволна сум од козметичарката
Се депилирав со Веет крем , и се остраниа доста али не сум задоволна , ќе чекам неделава да ми потпораснат и идам на депилација
како ти успева бравос ја мислам дека не би можела сама.кажи ја техниката ако не е тајна иначи би сакала некоја ако може да ми даде совет за тоа со што да се депилирам летово.ќе идам за САД,до сега се се депилирам во козметички салон со восок.ама сега летово незнам што ќе правам.ве молам за помош и совет
од септември се натегам да одам ... и еве уште одам, страв ми е бидејќи кога ја депилирам бикини зоната ми се јавува јако црвенило а и срам ми е ... и така
Девојки имам едно прашање до вас земав рол он на силк за депилација во домашни услови но не ми успева баш. Ако сакате да споделите искуства тие што користеле колку треба да е загреан восокот и слично и какви ленти користите дали тие што се во пакувањето. Може некаде пишува во темава но премногу постови се неможам да ги читам сите