Значи "лекот" за интимна депилација е 5 пари за тој што го знае. Мајка ми уште од пубертет ме депилираше на нозе со шеќерната паста и бели парчиња ткаенина (некоја Турчинка што работела со неа и го имаше кажано рецептот). Периодот кога мајка ми ја немаше се вратив на силк ролонот, се' додека не го прочитав рецептот на Лилит овде и не пробав да го направам, оттогаш редовно се депилирам на интимната зона со шеќерната паста. За мене освен шеќерната паста друг начин на интимна депилација не постои!
Јас се имам депилирано на козметичар со восок и дома сама со шербет кој сама си го правам. Навистина е потешко сам, ама каде каде е поубаво со шербетот+ крпчината после ќе ги извријам, а не како восокот 100 пати го притоплуваат и цедат и кој знае кого депилирале пред тебе и со каква си бактерија и сл Повеќе боли сам ама ќе си трпам да не закачам некоја инфекција.
...мислам дека е 700 ама не ме фаќај за збор.Искрено во Александрија ми е идеално само за интима зш некако 700 за нозе некако премногу е.Јас би ти препорачала сама да си ги издепилираш нозете со пастата...шеќерче,вода и лимонтусче и шибај
Здраво, рол онот треба да го ставииш во подлабок сад со топла вода да го покрие делот со восокот и кога ке се направи во течна состојба мозешда го употребуваш.Вазно е горниот дел од валјачето каде што се мачкаш да биде суво бидејќи ако е влазно нема да ти фати восокот.Нозете или делот што го депилираш исто да е сув и претходно да не е намачкан со млеко за тело.Ако во меѓувреме ти се стврдна восокот пак ќе го затоплиш .Ленти може и сама да си направиш од стари памучни крпи да си исчеш тие потоа може да ги испереш во млака вода. Се надевам дека ти помогнав позз и со среќа в е
и јас имам земено таков и неколку пати имам пробано нерви ќе испокинам и не бива и не бива... на козметичар ми е страм да одам...
На интима скоро повеќе од година се правам исклучиво со шеќерна, ама поткожните не ми поминуваат никако. Не знам веќе што да правам, се имам испробано и пак се тука
За интима - топол восок. Не сум ни слушнала некој да правел со ладен досега. Поболна е ладната депилација на нозе, не сакам да знам како е на интима.
Јас се имам и со ладен и со топол правено. Ако е сигурна козметичарка, со топол е многу подобро, помалку болно,кожата е помека и скоро и да нема поткожни,но има такви козметичарки што топлиот го претопуваат од претходни депилации,а тоа незнам и колку е добро да се става веќе искористен восок на интимна зона, ма на колку сака степени да е ставен и прочистен. Ладниот восок е поболен,ама побрза депилација. Еднаш те трга и готово со тоа место е завршено. Похигиенски е од топлиот,бидејќи смесата што ти ја става ја трга со ленти,но зависно и кожата како ќе ти го прифати. Јас се правев со ладен восок година и пол и цела кожа долу ми се оштети, многу ми се лупеше, огромни поткожни мозолчиња ми се правеа, се додека не ги почувстував благодетите на топлиот восок.
Ја денес со топол ама ужасно ме болеше. Туку козметичарката ми рече дека ладниот е побрз ама еве Ашлинг велиш дека си имала лошо искуство со ладниот , инаку таа ми рече дека она исклучиво ладен користи ама не ми спомна негативни ефекти. Среќа па топол реков.Бидејќи тука прочитав дека е подобро со топол.
Мене и со ладен и со топол ужасно ме боли после толку време, не само првиот пат,ама ќе трпиш Сепак Кетрин Мун, пробај си ако сакаш и со двата, еве имам другарки се прават исклучиво со ладен па немаат никаков проблем, можеби нема да ти штети на кожата. Тоа што е побрз и подобро ги вади влакната ладниот восок е голема предност, бидејќи кога ќе ме фати со пинцета да ми вади влакна после депилација со топол восок како нерв по нерв да ми кини.
Уф токму така...сега се ежам од таа болка...Фала ти Ашлинг ако се осмелам дефинитивно ќе пробам наредна .
Добро бе девојки само јас ли цела се нафрлам на интима после депилација? Не ми е само од едно место, каде и да одам после сум лом.
Марамке, ако ти е утеха и јас се нафрлам, се е до кожата и реакцијата. По депилација ми ставаат или пидра во прав или некое масло / уље, и дома се туширам и плакнам и со камилица и ставам пудра во прав бекутан. Друго некористам, па за ден-два си проаѓаат сами...
Една работа не ми е јасна, како може некои девојки да одат на интимна еднаш месечно а во меѓувреме да имате редовни односи со партнерот? Како успевате да ги пораснете влакната и да имате односи истовремено? Не посегнувате по брич?? Разрешете ми ја дилемава ве молам!
A зарем е грев ако се има односи со малку потпораснати влакна? Не знам зошто би им пречело толку многу на партнерите...бар јас не сум имала таков проблем.
Девојки ај препорачајте ми кај која козметичарка да одам на депилација и колку пари е? Првпат ке ми биде плус има ли некое правило со која должина да ми бидат влакната? бидејки се бричам доле цело време сакам да отидам на козметичар,досадно е веќе цело време да се бричам..
Лана, јас одам во Сандра - 400 ден е ладна, 300 топла, заедно комплет со интима, без интина е минус 50 ден од цените, иначе нека не ти се подолги од 4-5 мм.