Може ама јас сепак мислам најдобро е со восок или со шеќерна паста, така се ретчат. Со крема е исто како со брич да си се направила, ем побрзо ќе ти растат, ем погусти.
Депилацијата со шеќерен восок било спас за интимна, ем на природна база, ем средена 3 недели , Чувството прекрасно ...
одам на депилација , го прави на природна база на шеќер. лимон и вода , и е многу подобро и побезблно за разлика од ладната депилација или онаа со топол восок.. инаку сместа можиш и сама да ја направиш, мислам дека има негде низ постовите за смесата, но не знам колку ќе можеш да ја погодиш.Сепак доколку сакаш пробај види па ке кажиш резултати.
Dali ste probale so Kleopatra pastata za egipetska depilacija ...Poslem nea nemam alergija koja mi se pojavuvase poslem drugi ladni vosoci koi sum gi koristela.
Kleopatra pastata ja ima mi se cini vo DM i Zegin ...edno pakuvanje od 400 gr. e za poveke depilacii ...
Да поставам едно малку глупаво прашање. Мене ми е страв од болката да отидам на козметичар. Кога ве депилираат ве депилираат делче по делче на интима или фаќа поголем дел и тегне? Знам дека малку глупичко ми е прашањево ама пробав дома на поголем дел и се раскрвавив и ме болеше после тоа земав малку по малку и тогаш не ни осетив болка, но многу време губам, па затоа сакам да знам како иде постапкава кај козметичар да отидам да си бидам раат.
дел по делЧе и не е толку болно ниту се замараш...набрзинка стасаш... ниту дома шлакаш ... станеш..платеш и готово
Подобро појди си на козметичар не се малтретирај дома, вака на козметчар и средена и се за 150-200 ден не вреди ппо дома да се растргуваш да трпиш поголема болка
знае ли некој добра козметичарка за во ѓорче петров?како шума сум станала а не знам кај да се депилирам...
Да побарам ваше мислење.. До сега се бричев, вчера последно си купив крема за депилација и со неа се депилирав. Сакам да одам на депилација кај козметичар, но многу ми густи влакната од бричењето, а како што имам осетлива кожа ќе бројам ѕвезди... како би можела да ги изретчам влакната? знам дека е глупаво прашањето, но....