Fox.1 - со топол восок на козметичар. Инаку еве сега се враќам од депилација, ја депилирав и интимата, и верувајте прекрасно се чувствувам. Болката е само моментална,да не речам пецкање е само. Но,се исплати многу. Еве јас на пример сега скокам од радост од што се чувствувам убаво Баш некако...женствено.
Откако дознав за шеќерна паста.. депилирањето ми стана интересно.. нема веќе стравови, болки, иритации, срамои живи та дали да одам негде или сама да се депилирам... препорачувам на секој оној што сака на фин и брз.. а воедно и помалку болен начин да се издепилира, да земе да направи шеќерна паста или да си купи и да си ги скрати маките
Никако... од искуство ти кажувам... пробав еднаш и тоа почнав со препони.. и таму бев крвотници цела.. премногу е осетлив тој дел.. немој да ризикуваш..
Јас со депилатор ги средувам само препоните, и тоа додавам едно капаче одозгора што се додава за понежните делови, + на помала брзина. Друго не се осмелувам да чепнам со депилатор, си ја сакам цела и читава
Девојки може некоја да остави слика како изгледа шеќерната паста паковањето? Ја има од повеќе фирми? Или? Не сум сретнала а ме интересира?
http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... 0%B2%D0%B8 Еве како се прави тоа. Јас го имам направено 2 пати до сега и се мислев дека нема да ми успее затоа што имам толку тврдоглави влакна што се вадат едвај, дури ни вет кремата не ми ги вади. Ова е супер начин да ги извадиш од корен влакната и после тоа се многу, многу изретчени но јас прекинав да користам затоа што домот го правам парче попара, насекаде лепам и многу време ми бара за моите влакна. Но сепак ако имаш трпение НАЈДОБАР НАЧИН да ги извадиш влакната дома е ова. Поздрав
Леле ми се ежи кожава кога се спомне зборот „депилација“. Кај мене побудува исти емоции како убиство, на пример. Годинава одам за првпат, невозможно е веќе избегнување.. а и на бричот му откажувам љубов, цела сум со лузни поради него исто како да сум била во војна. Дека ќе боли, знам дека ќе корне, а јас имам врло низок праг на толерирање болка, така да си спремам и паломи од сега. Мене ми е влакната сосе кожа да не ми ги откорне. Должина и мене ме интересира и топол восок да изберам дефинитивно? Ужас.
Хахаха, лудичка си ти Нема страв од тоа, ќе те боли дур те депилираат (мада мене ни тогаш, навикната сум веќе) а после тоа ќе се осеќаш како 100 кила да си извадила од тебе (бар јас така се осеќам). И ако депилирате интима пожелно е да бидат околу 3-4 милиметри, ем за да се извадат ем да не биде како шума. А за нозе немој да ги сечеш. Топол восок да, дефинитивно! Поздрав.
Препорачајте ми некој салон во Скопјe каде што хигиената е стварно на ниво. Прв пат после долго ќе одам на интимна депилација во салон, до сега сама се cрeдував.. Многу се плашам од претходното лошо искуство со инфекции :/..
^ Јас одам кај една девојка што работи дома, Кисела Вода живее. Ако сакаш пиши ми ЛП, па ќе ти објаснам и кај е и број ќе ти дадам.
Затоа еве вака неколку совети за пред,за време и по депилацијата што ќе ви помогнат, дефинитивно пиење аспирин 30-45 пред депилација помага , не дека не боли но се поднесува. http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... 1%98%D0%B0
Девојки се консултирав со една другарка, она одела на некое место каде што се користел млечен восок, има искуство некоја и со ваков? И колку се движат цените? Зошто само 500 денари за нозе не ми се даваат.. За да знам да си закажам, веќе краен рок е.
roll on wax vet новиот што е за интима го рекламираа сте го пробале или? и некои резултати eve link http://gcs-assets.s3.amazonaws.com/shar ... 9/veet.jpg