Јас бев пред три дена прв пат со топол восок. Не болеше ко шо некои опишуваат и сеа се осеќам ко бебе
итно ми беше па набрзинка со брич се поминав. сега кога ке ми нараснат планирам со шеќерна паста ама не домашна пошто некогаш ја погаѓам некогаш не а и многу шлакање по дома , се решив за купечка односно за клеопатра. искуства ? колку пари е и колку пати би можела да се издепилираш интима со едно паковање? и дали се потребни загревања крпчиња и такви ствари. ПОМОШ ?
Јас само што се вратив од депилација за прв пат после 3-4 години бричење. Колку сум била будала. Од сега ќе продолжам да се депилирам. Јас бев кај девојката што ми ја препорача Хипица и многу сум задоволна. депилира со топол восок. Многу е фина и внимателна. За срам немав срам, само малце ми беше страв да не боли ама не ме болеше многу. Осеќав само мало пецкање. Повеќе ми беше проблем топлината отколку болката И сега сум мазна како писта Ако сака некој бројче нека ми пише лп
Јас вчера прочитав во една статија на Сител, дека срамните влакна повторно се во мода, па сакам да прашам дали навистина е така. Јас имам 18 години и уште не сум се бричела ниту депилирала, бидејки не сум имала потреба за тоа. Не сум била интимна со никого, сеуште сум невина и затоа не сум ги отстранувала влакната да сега. Сакав сега да почнам да ги отстранувам но ме попишмани она што го прочитав вчера, дека над 60% мажи сакале девојки со срамни влакна. Инаку нозе и под мшки редовно се бричам на секои десетина дена. Бидејки не сум искусна во оваа област ме интересира вашето мислење, иако гледам овде скоро сите или се бричите или се депилирате.
Па мислам дека Сител ќе те оправи во животот и насочи која мода да ја тераш и како да се справиш со срамните влакна. А како гледаш дека сите се бричиме и депилираме? на грав
Не го карајте девојчето. За хигиена е поубаво без влакна. Во Куманово за пофалба се Спа Дивајн, кај гимназијата се блиску сега.
За хигиена е подобро без влакна, не велам дека не, ама ако те издепилираат сосема (во вистинска смисла) ќе има проблем. И тоа од аспект на здравјето на половиот систем. Поточно, влакната на интимната зона имаат иста функција како и сите останати влакна на телото- заштита од бактерии и други, надворешни честички, кои доколку влезат во вагината можат да предизвикаат инфекции... Ова не го пишувам онака без- везе, туку како совет од гинеколог, кој вели дека интимната депилација е личен избор, ама оние влакненца кои се повнатре (сигурно ме сфаќате за што зборувам) треба да останат. Инаку машките се поделени по тоа мислење- некои сакаат кога е мазно, некои сакаат фризура, а трети, пак, сосема природно...
Ти благодарма Јовановска94 што ми објасни и многу добро те разбрав значи оние влакненца што се околу отворот треба да останат. И јас така си мислев дека тие не се без функција таму, нели? Инаку некоја ме праша како знам дека скоро сите се депилирате или бричите? Па ги читав постовите и сите викате дека или се депилирате или бричите.
Хххххх Не фати! Нема на што. Дефинитивно имаат заштитна функција, и тоа гинеколозите го потенцираат, дека тие штитат од ифекциите. Инаку ти можеш да направиш бразилска депилација, ама тие влакненца секако нема да ти пречат...
од депилација секогаш ми се иритира кожата и ми испаѓаат брунчиња.. ме интересира дали знаете некоја крема која помага тие да исчезнат?
2-3 пати се имам депилирано само, а цело време сум со брич и неможам да издржам депилацја дека ми зајкнаа влакната од 5 годни бричење сигурно .. и сакам пак да пробам со депилација само незнам како ќе издржам ама мора да се решам дека после си раат
Тоа ти е сигурна варијанта ако сакаш да му се згади на дечкоти. Исто како искубана кокошка на која и оставиле пердуви само околу задникот.
Брич ? Лелеее,па така уште повеќе ке ти раснат,депилацијата е боље бидејќи ке ти постои некое време чисто,а вака со брич за два-три дена одма жбуњ пак доле
Anyone? И мене ме интересира тоа. После депилиција,на препоните вообичаено ми се појавуваат црвени брунчиња,понекогаш и такви со гној..
^ Натапкувајте бебешка пудра, мислам дека ќе го реши проблемот. Јас така правам секогаш, без разлика дали се бричам или се средувам со восок и не ми се прават бубулички.