Добро а додека чекате да ви потпораснат за депилација не ве нервираат? Колку време чекате од една до друга депилација?
И јас тоа се прашувам. Незнам дали е до мене или до начинот на кој се депилирам (сама, со шеќерна паста). И гарантирам дека од корен излегуваат влакненцата, но чудно ми е, за една недела почнуваат да излегуваат, а не па да чекам уште неколку недели додека се спремни за депилација.
Ам, што ќе им правиш? Ќе си почекаш неколку дена... Јас се депилирам еднаш месечно, пред или после добивање (после добивање е најубаво, зошто додека имаш добиено чекаш да ти потпораснат и таман се поклопува времето). А, по потреба ставам брич обавезно.
Одам на козметичар еднаш месечно , но не сум баш задоволна од козметичаркава .Ако може некој да ми препорача добар салон во Ск?не е битна цената.
Јас одам во салон за убавина Кала, и сум пре задоволна и од цената и од услугата, пиши ми во ин бокс да ти дадам линк да си видиш и цени и локација.
Јас си купувам восок и сама се депилирам,па задоволна сум Инаку кој е најквалитетен восок,оти овој последниот не ми се погоди?
Od kade go kupuvate vosokot ibod kolku do kolku pari e otprilika? se izvinuvam za latinicata od telefon sum
Во салон Стефани, кај огледалото. Јас еднаш бев на депилација на нозете и бев презадоволна, од хигиена, од услуга од се.
Јас порано се правев со топол восок неколку пати кај една, но кога видов дека истиот восок го претопува престанав. Сега одам кај едно девојче во комшии, со ладен восок и ленти ме поминува цела и интима и нозе за 400 ден. Одлично ми е, дури мене и помалку ме боли од топлиот восок затоа што не ми гори кожата од топлината, а за хигиена нормално дека е далеку подобро. Боли додека не се навикнеш, ама чувството после депилација еее Со мерак идам секогаш
Jas posledniot pat se izdepilirav so laden vosok,i mene bas poveke me bolese od topliot. inaku mislam deka vo poveke kozmeticki saloni postoi opcija ako doplatis odredena suma moze da te depilira so topol ama nov vosok znaci ne pretopuvan
Купив рол он ладен восок со кој дојдое ленти за депилација празни, ама многу брзо ми се потрошија а од восокот ми остана уште. Знае ли некој каде можам да купам, барав секаде ?
Тие ленти слободно можеш да ги испереш со топла вода и да ги испеглаш со пегла и се употребуваат повторно. А ако си ги фрлила може да искинеш некоја стара кошула платнена и да си направиш сама ленти