Леле супер кога можите само со ленти, јас сега пробав пред некој ден, немав време за на козметичар, ама пукнав тоа восокот се лепи, мене ме боли да трагам, пола ми се поткинаа, смешки) И сега нареден пат морам на козметичар. А дома со какви ленти се правите? Јас се имам и со вит и со силк, ама некако слабо, а може и јас не знам како да се фатам
Што се не трпиме за лепота? хахаха Ах.. ја веќе сама ништо не експериментирам без кожа останав од ленти сама што импровизирав буквално on fire со црвенила со се ми беше кожата со брич му е мајката. Така да број од козметичарка или студио пишете ми во инбокс, па да соберам храброст, срам не срам.. што се мора - се мора
Јас користам од Вит бикини зона што се и ги сечам на 3 дела и така дел по дел.. Најважно е пред да се залепи лентата да се провери на каде растат влакната и се тегле на спротивната страна од која растат а пред да се одлепи лентата кожата треба да биде убаво стегната ( со другата рака ) за да не дојде до поголема болка..
Јас последно ги земав на Балеа лентите и беа супер, од нив сум дефинитивно најзадоволна после Стреп, веќе нема стреп розеви, и се решив Балеа да ги пробам, и таманка се. Ич немав проблем, лесно се вадеа, немав црвенило, и не ми остана восок. Ти ги препорачувам.
@MissDaisy што возраст се вработените, т.е таа што депилира? Малку сум срамежлива, и не ми е баш пријатно да се соблечам,па ако е некоја терсен во комбинација со глупи коментари-воопшто не би одела. Одамна се канам да отидам таму, ама сега ќе морам зошто козметичарката моја се отсели од државава. Како се движат цените за нозе+интима, раце, пазуви? И најважно, хигиената дали е на високо ниво?
Девојката е млада има околу 33-34 години, не е од оние типови коишто даваат излишни коментари, или пак да прават празни муабети. Многу е љубезна и фина Хигиената е на највисоко ниво, работи со ракавици, и шеќерната паста е таква што, што може да се употреби еднаш и потоа се фрла во канта. Еве да видиш како тоа изгледа https://www.google.com/search?q=шеќерна паста&espv=2&biw=1366&bih=667&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ei=mI1sVaDhGcafsgG33rqoCA&ved=0CAYQ_AUoAQ#imgrc=ZuBPeKpChcAHGM%3A;jXtvz8M6W_17cM;http%3A%2F%2Fnmd.mk%2Fmedia%2F40%2F40cade220322204966b6d47676b7db39d6-w%3D455-h%3D313.png;http%3A%2F%2Fnmd.mk%2Fselectedarticle.aspx%3Fcid%3D10107%26scID%3D10106%26l%3D63;455;313 Значи, воопшто не треба да ти биде срам. Цените не и ги знам точно, ако сакаш ќе ти дадам бројче во лп за да ja прашаш.
@MissDaisy мислев на хигиена- пешкири и чаршав, зошто на последново место каде бев, легннуваме сите на ИСТ чаршав( а нели немаш гаќи на себе или ги соблакаш), се користеа исти пешкири ако притребаат, прашина колку сакаш во делот каде се пресоблакаш и оставаш гаќи....
Мојата козметичарка не користи чаршафи, туку големи прекривки како салфети и ги фрла после секоја употреба. Тоа ми се свиѓа ептен, барем знам дека е стерилно и друга не се депилирала на тоа.
е и јас кај што одам дома кај една жена што депилира со шербет исто си има еден чаршаф и сите на него ццц ама јас од дома си носам пешкир и си постелам не легнувам пред да постелам мое
Некoј дa ми oбјaни дoмa,сaмa кaкo се депилирaте сo вoсoк, кaкo се нaнњсувa вoсoкoт-вo кoј прaвец,a кaкo се тегни? Сo кaкoв вoсoк се депилирaте, кaкoв е тoј вo лименкa пo aптеките штo гo имaлo,a гo кoристееле вo сaлoните? Или зa ленти,фoмa сaмa кaкo дaс е издепилирaм?
Полесно бар мене ми е со ленти, пишува на нив упатство. Можеш слободно да ги сечев колкави парчиња ти требаат, ги триеш меѓу раце неколку секунди да се стопли, и ги ставаш од кај што ти растат, во тој правец, држиш неколку секунди и ја вадиш лентата со повлекување на обратна страна.
Исто, исечи ги лентите на помали парчиња, ставаш во насока на растење на влакната, и повлекуваш обратно. Само внимавај не растат сите во ист правец.
Јас одам на секои две месеци за целосна(сакам кога ми растат сите влакна, за подобри резултати), со топол восок на препони и надворешен дел на интима, а баш интимно и задник, со восок(можеби шеќерна е, не сум сигурна) за една употреба, така да, нема ризик на инфекција. Ако не ви понудат вакво во козметика, барајте. Сега за лето, ќе одам почесто. Веќе една година се депилирам, и можам да потврдам дека коренот не ми е толку силен веќе како порано, и понекогаш боли помалку или појќе, многу зависи дали си пред или после добивање.
еднаш бев на таква депилација и ми се плачеше од болка,можеби има вистина во тоа дека ѓи ретчи влакната ама јас па неможам да чекам месец и кусур додека да пораснат за да можат да се депилират нема шанса да бидам несредена толку време затоа отсекогаш бричот си го користам на 2-3дена и така сум најзадоволна