Го гледав видеово и некаде околу 8:36 минута, девојкава и кажува на козметичарката која треба да ја депилира, дека има добиено. Мене ми стана грдо и незгодно во нејзино име што се вели, а нејзе око не и трепна. Па сакав да прашам, дали сум јас нешто ненормална и уназадена, дали одите на интимна депилација кога имате добиено?
Никогаш не би се депилирала додека имам добиено. Прво, не е хигиенски, второ, кожата е поосетлива и повеќе боли. Јас одам кај козметичар, таму на раат ме средуваат. Почнав јас еден период сама да се депилирам, ама нее, немам живци за тоа јас. Така да, козметичар му е мајката. А премногу трпам, ми го имаат кажано тоа. Ни оф ни уф ни ау
Еј има некој искуство соо Veet лентите ... За интимна депилацијааа.. Ако има некој нека ми пише шо како.. планирам сега да пробам па не знам дали е добро со нив..
И јас се согласувам со бубаче, немојте да се залажувате со веет во никој случај. Дури и тие за осетлива кожа се ужасни. Јас еднаш се депилирав и никогаш повеќе, кај не излегуваат сите влакна, останува восок, плус ја иритира кожата ненормално многу..Надусниците не можев да си ги оправам цела недела, се шетав така црвена.. Затоа сега се депилирам со Балеа и немам никаков проблем.
Еве јас денес само што се вратив од салон,да се пофалам со првото искуство. Многу ми беше срам на почетокот ама жената ме смири,ме опушти и си ја заврши работата. Воопшто не ме болеше,платив 150 ден и сега мирна глава,до нареден третман Значи женски,нема паника,нема срам,нема страв ако сакате да сте мазни и добро средени само во салон. Друго што немам пробано,нема фајде