За кој тип на интимна фризура сте вие, тука мислам на лично вашиот вкус, кога би бирале со каква фризура вие би се чувствувале најсекси, а не што дечкови сака или што е некое клише. значи која од овие фризури наведени по години е ваш избор? Ајде да избереме која интимна фризута е најпосакувана од нас жените. Значи наведете ја годината под секоја слика што би била ваш избор.
Сакав ладна да и напраам, ама еве се одлучив за ваква. Малце сплескана напред, а од страна бушаво. Спојлер
Јас преферирам како на четвртата слика во горниот ред или фризури кои биле актуелни 1990 година т.е деведесетите години. Баш е онака уредно средена има доволно влана колку да не биде се на изволте, бидејки денешниве машки немора многу дасе мачат доволно е девојката да се соблече и се се гледа од километар.
Ќе мораме пополека темава да ја испратиме во пензија. Дискусијата дали треба да се има влакненца на интимниот дел, без разлика средени или несредени, би била слична на дискусијата дали треба да имаме влакна под пазувите. Се сложувам не дека е сосем исто, но работите одат во тој правец. Кога последен пат сте виделе манекенка на модна писта на која и се ѕирка мала формичка под гаќичките, или подобро на кој сајт за долна облека моделот кој ја носи има „фризурче“ кое се познава низ полпровидната чипка? Се сеќавам на постарите каталози манекенките кои носеа полупроѕирни модели редовно беа со „лентички“ На анкетата која ја поставив во врска со оваа тема http://freeonlinesurveys.com/app/showpo ... 9&new=True досега учество земаа 58 фемки од кои 50 или 86% се изјаснија дека преферираат интимна зона без ниту едно влакненце. Ви благодарам на сите кои гласавте без разлика како се изјаснивте. И конечно ако ги следиме светските магазини, Playboy например, ќе забележиме дека тренд во светот е жените да немаат влакна на телото освен косата веѓите и трепките. Истражував малку по архивите на овој магазин, и забележав дека моделите кои се одбрани за мис на месецот се појавуваат со целосно депилирана интима, по години тоа изгледа вака: 2013 од 8 објавени 8 тасми, 2012 10 тасми од 12, 2011 12 од 12, 2010 7 од 12 и понатаму бројот на тасмите се намалува односно се појавуваат „фризурчиња“. Ако разгледувате се подлабоко во архивата ќе забележите како количеството на влакненца таму долу постепено се зголемува http://www.playboyblog.com/all-playboy-playmates/ http://pmatehunter.com/playmates-of-the-month/ не ви препорачувам да одите поназад од 1998 година, затоа што може да ве исплаши некое влакнесто чудовиште
Порано додека бев средношколка правев разни фризурички, уствари имав една многу добра другарка која ми правеше интими фризуричи во разни форми. Имаше многу трпение и додека не ја направеше баш како треба, како имаше замислено не ме оставаше. Па така имав разни форми: Срце, Гром, Стрелка која покажува кон клиторисот, потоа стандарните хитлер фризура, потоа она со малку пошироко поле од хитлер........ Многу, многу разни форми но за жал во тој период немав нешто многу дечковци а и оние што ги имав немаа можност да ги видат тие интересни фризури. Но во секој случај интимната фризура е прво нам да ни се допадне а не на некој друг. А сега бидејки другарками ми се омажи и ретко се гледаме па така морам сама да се средувам. Најчесто се бричам скроз но понекогаш оставам малку влакнеца на средина, некогаш тоа што го оставам на средина е скроз потшишано кратко, некогаш со побујна веѓетација но во секој случај тоа е она што можам да го направам самата бидејки не е баш едноставно да се средуваш доле особено ни е тешко нам со по бујни гради, прегледноста ни е помала.
Јас не правам никаква фризура ја бричам целосно да нема ни влакненце. Еднаш пробав со депилатор ама пола ги издепилирав повеќе неможев да издржам многу болеше...
Досега се`со брич си се средував, ама вчера бев на депилација и козметичарката без да барам или да ми каже, ме суреди убаво на најнежното. Па добро бе, сум рекла на такво нежно место нема восок да ставам, која е таа да иде контра мене. Сега имам на усничките некое чешкање и непријатност, а тек кога ќе почнат да никнуваат. Таква сум за интимноста многу пазам, страв ми е од инфекции највеќе. Ама ај веројатно ми е вака дека прв пат восок на ова место, ќе видиме. Само кога ќе помислам дека пред одмор ме чека уште една депилација..... тек тогаш за на одмор ќе ме искубе убаво, кога веќе решила гледам. Call me oldfashioned, ама за вакви делови јас само брич прифаќам. Инаку нозе и раце, се`со восок. Иако признавам, ако не видам никаква мака сега како за прв пат, може и да ми се уарни, не се знае никогаш. Моментално ми е нешто подебела од цртичка.
Таман се „излајав“ дека тасма ќе царува на долго и на широко, кога ете ти ги Камерон Дијаз, Гвинет Палтроу, Кејт Мос и ред други светски селебритки со став дека жените треба да имаат, како што велат, „по природен изглед“ мислејки дека треба да имаме пубични влакна на телото. Прочепкав малку и по порталите, сега и тие трубат дека целосна „бразилка“ повеќе не е во мода. Некои фотографски сајтови, па дури и Плејбој пополека почна своите мисици на месецот да ги фотографираат со мали формички. Веројатно го допревме дното одејки надолу со намалување на количеството влакненца и сега единствен начин да извршиме позитивна промена е да направиме некакво фризурче Мое видување е дека сега се форсира мода на формичка со кратки влакненца одприлика со ширина 2 на долниот до 2,5 на горниот дел, висина некаде околу5-6цм, од клиторисот кон папокот, што знаши дека некои 4-5 см од горната страна сепак се издепилирани. Ова прави разлика со стилот на 90-тите кога лентите беа со подолги влакна и одеа нагоре и до10см. За подобра илустрација закачив една слика која е приближна на она што го напишав.
Ми дадовте идеја.Целата ја бричев или депилирав ама сега сакам да оставам мала танка линија(ако успеам)
Е добро гледам дека сите се тасмосувате! Е кога ќе потпораснат малку не ги боцкате или гребете партнерите!? Неееееееееееее ќе биде одговорот знам, ама и тие си знаат. Јас упражњавам француска фЛизура.