Интимна хигиена во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од katalina, 17 август 2012.

  1. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Идни мамички, како ја одржувате хигиената во овој за нас најубав животен период? Јас на пример ги исфрлив од употреба интимниот гел за туширање,и сега користам сапунче Dove...ги исфрлив и секојдневните влошки...
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.024
    Јас како и до пред бременоста така и сега, се измивам со бебешка купка.
    Разликата е што пред бременоста не носев секојдневни влошки а сега за жал ми се секојдневие.
    Обавезно 1-2пати измивање на ден, не повеќе.
     
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Интимниот гел ти е подобар избор од било кој сапун.Гелот не содржи сода,а сапунот содржи и таа може да ја наруши пх вредноста ,па да предизвика дури и чешање. Јас и во двете бремености се миев со интимен гел,а исто така користев и секојдневни влошки кои ги менував по 2 на ден и една за навечер. Лично мене вака ми е похигиенски ,а и често добивам алергии од прашаци па на овој начин се заштитувам.
     
  4. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.753
    Бебешки влажни марамици на секое одење во тоалет. Ниту сапуни ниту гелови не сум употребувала, дека имаат контра ефект, и ја нарушуваат природната т.н флора таму долу. Секојдневни влошки не користам, сум немала некоја потреба до сега.А и со нив треба да се внимава дека иако братучетка ми на секој, саат два ги менуваше и се појави проблем од нив, и од кога не ги користи и е мн подобро. Памучен долен веш честа хигиена само со вода и нема да има проблем.
     
    На katalina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    546
    и јас не правам нешто посебно, ја одржувам хигиената на ист начин како порано, обично се одминам два пати на ден, обавезно пред легнување. секојденевни влошки не користам воопшто , кога одев на почетокот многу често во вц сменував гаки по 6-7 пати ден, а и сега го правам истото само не толку пати :D
    не користам никаков сапун, па досега се било во ред и се надевам така ке биде и во иднина ;)

    п.с само се мислам како ке ја средувам џозефинче ( така си ја викам ) :lol: уште малку кога ке порасне мешко???
    никогаш не сум се депилирала, добро имам пробано, ама имам многу сува кожа секогаш многу се нафрлував од восокот, и затоа само со бикче ја средував, ама сега што ке правам? :(
     
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.753
    Огледалце малечко ќе си земеш, со една држиш, со др депилираш :lol: Проверено. Или мажето ќе си го замолиш ако не ти е непријатно или ако воопшто не можеш.
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    546
    еххе а да мажето сигурно ке го ангажирам имаме правено муабет, се мислам уште од сега да почне да се вежба :D
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.024
    Мене маж ми ме средува, додуша само 2пати до сега, зошто не сакам да се пипкам многу. Порано и депилација и брич(каде што не трпам), а сега ножички и брич.
    Се мислам како ќе биде пред пораѓај, но ајде имам време па ќе ја смислиме и таа работа.
     
  9. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Што знам можеби е најдобро само со млака водичка да се промивам...а за секојдневните имам на повеке места прочитано дека се совршена подлога за размножуване на бактерии.И јас имам проблем со исцедокот,па менувам гакички 2,3 пати дневно.Не знам тоа ми е подобра опција,отколку секојдневните.
     
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.969
    Јас исто како и пред да останам бремена, се измивам 1 до 2 пати дневно со интимен гел Нивеа кој осега после толку годишно користење не ми направил никаков проблем, си користам дневни улошки од кои исто така немам проблем и тоеа, ништо друго посебно не правам. После сексуален однос со мм обавезно се измивам, е тоа сега го практикувам, а додека претходно и со влажна марамица да се ибришам после тоа, ако немам можност да се измијам или туширам веднаш, немав проблем, но сега внимавам многу повеќе заради можни и несакани инфекции.
     
  11. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.390
    Допаѓања:
    6.487
    Jaс и пред да останам бремена, а и сега не користам никакви интимни гелови ни сапуни само вода, бидејќи оддамна ми се јави реакција од таквото измивање со средства и генкогогот ми препорача само измивање со чиста вода или евентуално во еден леген вода да се додаде 1 лажиче сода бикарбона и со таков раствор да сум се измивала и дека бил добар за нормализирање на PH нивото на вагината,а јас сум многу осетлива и ми се јавуваше кандида многу често, дури не верувам дека алувал некој повеќе од кандидата од мене.До сега сменив 3 гениколози и никој ми нема кажано дека е убаво подмивање со сапун или интимен гел.Инаку се измивам 1 на ден и имам читано дека честото измивање исто така ја уништува нормалната микрофлора на вагината, а дневни улошки ниту сум користела ниту ги користам бидејќи кога ми се зачести кандидата и нив ми ги забранија само памучни гаки за да можела кожата да дише :)
     
  12. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    97
    никогаш ништо не користиш????????????
    има и убави пени во спреј од аптека за измивање,прават и пена
    не свакам како само со вода? :tmi:
     
  13. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.390
    Допаѓања:
    6.487
    :rofl: :rofl: Е добро порано како живеале лугето кога немале интимни гелови и купки не умреле освен тоа откако почнав само со вода или вода и сода бикарбона да се подмивам не ми беше интензивно чешањето и поретко ми се јавуваше кандидата, не знам што е толку чудно.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.053
    Допаѓања:
    135.238
    Пол:
    Женски
    Па ни јас ништо не користам повеќе од десет години, само чиста вода за промивање два пати дневно, и понекогаш раствор на калиум перманганат за дезинфекција. И исто толку време, не ми се појавила кандидијаза, сите брисеви ми се стерилни, а последниот ПАП тест пролетва беше уреден. Значи, што е подобро?
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Od utrogestanot mnogu mi e mrsna prijatelkava,pa koga se podmivam samo so voda-isto kako da ne sum se miela.A izbegnuvam da koristam hemikalii ovoj period tamu dole.Imala nekoja slicno iskustvo?
     
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    546
    јас не забележав такво нешто кога го ставав вагинално утрогестанот :?: од кога ке го ставев лежев едно пола сат време за нели подобро да се разложи внатре, и само малку после тоа кога мочкав ке ми излезеше :lol: а се миев нормално како и до тогаш, само со вода ;)
     
  17. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    286
    Jaс се туширам еднаш до два пати во денот само со вода, а на секој 3-4 ден користам интимен гел со 5.4pH со алое. Така си правев и пред бременоста и сега. Не користам повеќе дневни влошки, бидејќи задржуваат влага и предизвикуваат кандида и носам исклучиво комотни памучни гаќички и по потреба ги менувам по 2 пати на ден.
    Ништо повеќе од тоа и со години фала Богу, немам проблеми со инфекции,кандиди и слично.
     
  18. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Feminki kakov intimen gel koristite vo momentot? Dajte preporacajte mi nekoj koj e idealen so ph vrednosta za trudnici?
     
  19. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    754
    Јас да ти кажам баш и не користам некој гел, само со вода се мијам, све ми е страв од геловиве. Но сега откако почнаа некои зголемени бели прања и исецедоци, планирам да земам бекутан купка, барем знам дека е за бебиња и нема да ми направи иритација.
     
  20. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    I jas imam problem so iscedokot, poobilen mi i so razlicna boja.Dosega se miev isklucivo so voda,ama sega sakam da probam so nekoj gel,ama ne znam so koj? Dobra e idejata so bekutan kupkata :)
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.