Разлистај низ оваа тема seks/seks-da-no-bez-zadovolstvo-t270/ , има начини кои помагаат во опуштањето. Колку си поопуштена, помали се болките, а поголемо е уживањето.
Девојки ве молам за совет. Кога станав од спиење имав темно кафеав исцедок , а рано е за да добијам треба да имам за 2 недели. Некогаш и ми касни, се нема случено да добијам неколку недели порано. Немам никакви болки во стомакот, ниту пак симптоми кои ги имам пред да добијам. Вчера имав односи и малку ме болеше некако внатре. Од што може ова да биде, да напоменам дека деновиве ми се мн напорни, вчера и завчера имав тешки денови, само се нервирам. Дали има некаква врска дали е резултат на стрес. Ова прв пат ми се случува, навистина сум загрижена. Дали ви се случило ова ве молам за совет
^ Претпоставувам дека си во овулација и често се прокрвавува неколку капки за време не овулацијата. А таа е најчесто 12-14 дена од добивањето мензисот. Значи таман 2 недели пред да се добие, како што ти се случило тебе. Јас пример при овулација во последниве месеци чуствувам болка еднодневна, мала е, проследена и со подувувањена стомакот. Го прашав гинекологот и рече сосема е нормално тоа
А можно е да сум бремена? Бидејќи прочитав негде на форумов дека кафеав исцедок се јавувал негде после 7дена од бременоста. Навистина многу сум загрижена затоа што ова прв пат ми се случува
Меѓуменструално крварње може да се јави на денот на овулација, тоа е поради наглиот пад на естрогенот, се манифестира во денови кога е веројатно да има овулација, со темно-кафеав исцедок, или пак креварење кое трае од 2-24 часа. Сепак да можно е да искрвариш малце и при почеток на бременост, поточно кога се врши имплантацијата-нидацијата на оплодената јајце клетка. Ако си имала незаштитен однос и свршил партнерот во тебе можна е и оваа варијанта, ако не тогаш крварењето е овулаторно.
Сигурна си дека си била спремна?да не си го направила тоа зошто тој сакал?сега те боли зошто сигурно не си доволно опуштена нити навлажнета...пробај со лубрикант а ако не си сигурна дека го сакаш тоа навистина-тогаш немој
Иам едно прашање... Значи Вака се согласив со дечко ми да иаме односи усште пред 2 месеци идеме година и 5 месеци... и сеа е друго работата значи он проба да ме задоволи со прсти.. ииии после тоа имав малце крв т.е потече од што мислите дека е .. ?
ако не си била скината те скинал, а ако си скината а те задоволувал со прсти, тогаш може не си била доволно влажна па може те повредил. Сепак внимавајај за следен пат
Девојки сакам да прашам дали е нормално и здраво да имаш секој ден секс ... можеби е глупо прашањево но морав да прашам ми беше во мисла ... ако знај некој нека ми одговори
Најздраво е три пати неделно Значи, последниве неколку дена ме боли долниот дел од стомакот и имам пецкање во вагината, не можам еден секс да го протуркам. Имате некоја идеја? Ќе одам на гинеколог секако неделава, ама не знам бре мајку му, бев сега брзо, добра бев, ништо немаше. Изгледа ќе треба да ми земе брисови да ги однесам на испитување, па да видам што е работава... Аман веќе, дерман да се нема.
Истите симптоми ги имав, плус бело прање кога отидов на гинеколог. Излезе некоја бактерија и се среди со вагиналети и ... апстиненција цели 8 денови.
сакам да прашам... сум сексуално активна веке година, секогаш менструацијата ми е редовна и нормална... но последниов пат по завршувањето по 5 дена ми се појави исцедок, кафеава течност, само неколку капки(нешто како бело прање)... помислив да не е пак нешто од односот којшто го имав претходниот ден, а поминаа само 4 дена одкако ми заврши... но после тоа по 2 дена имав болка и пак ми се појави таква кафеава течност... од што можи да биде тоа? некоја бактерија или пак можеби настин на јајниците? зш да бидам искрена како и сите не се облекувам баш најдобро... така да често пати ме болат јајниците...
Браво за тебе! Неможам да замислам да излезам од дома без боди. Мораш да се пазиш од настинки, и да се облекуваш топло, да ги заштитиш јајниците. Може да ти е од тоа или да имаш некоја инфекција. Оди на гинеколог обавезно да провериш и ке ти каже најубаво. Да си бидеш мирна. Немој да се зафркаваш со здравјето, зарем не размислуваш подалек, дека после некое време ке треба и деца да имаш...
јас пак боди неможам да поднесам да облечам... цела зима не ставив... нз како да објаснам немам некоја навика... повеќе алишта можам да облечам а боди тешко а иначе не дека не размислувам... само понекогаш едноставно има ситуации кога можеш да настинеш... студентка сум и често патувам од еден до друг град... па знаеш чекање, испуштање автобуси...си излегола сабајле си се вратила подоцна итн итн...
Најздраво? Ме замисли... Во која смисла? Што значи ако имаш повеќе од 3 пати неделно? А помалку? За што е здраво? За што не е. Замолувам за објаснување. Однапред благодарам.
срам ми е да го поставам прашањево ама ајде пошо не се знаеме ќе си прашам значи повеќе пати ми се има случено после самозадоволување да ми тече по малце крв,инаку девица сум и знам ќе кажете да не сум се скапала ама не ги ставам прстите длабоко внатре а и да сум се скапала еднаш ќе потече крв а мене ми се има случено повеќе пати.не се самозадоволувам често ама кога го правам тоа и посебно кога подолго трае самозадоволувањето после тоа ми капе крв следните 2-3 дена...зашо така
Зошто да не е здраво секстот е најнормална и здрава работа секако ако го користиш правилно ДА имаш заштитен сексален однос, и норамлно да си се пазиш да не менуваш партнери, ако ти сака душичката зошто да не, човекот има две основни потреби а тоа се СЕКСОТ и ХРАНАТА, па ти види сега.. Јас мисалм дека дури се уште можеме и дури сме млади да го практикуваме колку што можеме повеке , зашо годиниве брзо летаат, како што старееме се повеке ке ни се намалува желбата а така да..