Денеска имав многу нервози и стресови и напнатост. еве веќе од пред некое време почнав да чувствувам болка во долниот предел во стомакот, т.е во јајниците како грч да чувствувам со што добивам и нагон на повраќање. Можно е од нервози цело ова?
Девојки... имам голем проблем.. Мојата помлада сестра имаше сексуален однос, и тоа во нашиот дом. Таа и нејзиниот дечко мислеа дека се сами но јас се видов и слушнав. Што да правам бидејки нивните сексови стануваат се почести.. дали да ги известам моите родители... ? хелпппп
Имаш 25 години, сестра ти нека има и 20, не сте деца па да кажеш на мама и тато. Ако ти пречи зборувај со неа. но јас мислам дека не е мала. Зборете зафркавајте се. не прават кој знае што. Си ги задоволуваат потребите И како тоа мислиш се си видела ??? Дај не зезај.
Zdravo Devojki.. Nova sum na forumov, Gledam deka ste super i davate mislenje za sesto, pa iskreno i jas bi sakala da cujam mislenje za mojot problem.... Toj mi e sledniov... So decko mi sum 2 godini i nesto, i prviot pat koga imavme odnosi ne krvarev... Potoa imavme odnosi preku cela godina mozebi i nesto pomalku, ama ne bas redovni... Minatata nedela koga imavme, bese onaka slucajno i bez zastita, pa osven so ..... se obide da dovrsi so raka ... E sega posle toa zabelezavme krv na rakata, na gakite... ne bese obilno krvarenje, ama ne bese ni malku(mislam na kapka dve), posle toa mi se javi kako kafeavkast sekret koj mi traese mislam deka bea dva dena... Se javiv kaj maticnata i mi rece da ne panicime odma, a za sekretot mi rece deka bil od kandida(ama nesto ko demek vospaleno ) dali nekoja od vas imala slicen problem ili... ? Vi blagodaram odnapred devojki...
A da i zaboraviv da kazam deka bas denta(smetajki) mi bese pocetok na ovulacija ili kako i da se vika...
Епа вака девојки, ова е мојот проблем во последно време. Секогаш кога треба да имаме односи со дечко ми, мене ужасно ме боли додека тој се обидува да влезе. Не знам зошто е така,а годинаипол сме заедно и не ни е прв пат. За време за предиграта сум опуштена, го посакувам и едвај чекам да се случи тоа, но кога ќе дојде моментот-ништо не бидува. Тој знае дека ме боли и само ќе се повлече. Тоа ми се случува последните неколку месеци. Не знам која е причината за болката, можеби тоа што поретко имаме односи(се обидуваме да имаме)... Што може да е проблемот?
Pa dobro ne vidov bas se ama, bidejki ne znaev koj e na dolniot kat pocna da sleguvam i edna slika vidov, a inace sestrami ima 17 godini ..
Нормално е да си има односи, нема потреба да кажуваш на родителите, бог да чува.. тоа е нејзина работа да си биде отворена со вашите родители, ако сака ќе си каже. Единствено што ти можеш да направиш е да раговараш со неа. Отворено, без влакна на јазикот. Ќе ја прашаш заштита ова она.. и ако толку ти смета што има односи во куќата, замоли ја да биде незабележлива или што знам.. Како и да е,, тоа е нејзината интима, нема што да се мешаш.
Не се согласувам дека нема право да се меша, таа и е помалечка сестра, сестричка, во нејзините очи таа се уште е дете, не и е сеедно. Сепак, без разлика колку сте блиски, седни и разговарај со неа, не избрзувај да им кажеш на родителите, знаат ли за тебе, ти им кажа или некој друг? Со тоа што ќе им кажеш на родителите можеш да ја повредиш сестра ти, сепак ти си поголема, треба да браниш, да ја чуваш...колку и да изгледа апсурдно и контрадикторно ова што ти го кажувам не треба да бидеш издајца, напротив она што мислиш дека си го дознала може да ве зближи. Како и да е, отворено кажи и дека мислиш дека си ги видела, дека се грижиш за неа, поучи ја да се пази, да користат кондом, па ако си се почувствувала непријатно можеш да ја посоветуваш да бидат подискретни.
Не би сакала без потреба да те уплашам, меѓутоа една од причините на болен сексуален однос е и одредена вагинална инфекција како и инфекција на уринарните патишта.Ова го кажувам од искуство бидејќи мене ми се има случено и со двата типа на инфекции. Доколку си сигурна дека немаш инфекција,тогаш проблемот може да е во недоволна влажност на вагината или нешто друго пробај максимално да се опуштиш и предиграта да трае што е можно подолго.
Вчера ми кажаа дека имам некоја инфекција. Веќе подолго време имам иритација и чешање. Да напоменам не сум сексуално активна! Ми препорачаа да пијам lidaprim и увин чај. Со што кога ќе ги испијам таблетите да одам на микробиологија. Дали може да е нешто сериозно?
Имам зголемено бело прање овие денови, но секогаш ми е така неколку дена пред да ми дојде мензисот. Ама сме пробувале и на почетокот и на средината од циклусот и пак боли. А за уринарна инфекција, не верувам дека имам.
Во последно време воопшто немам желба за секс, и загрижена сум поради тоа, затоа што ова првпат ми се случува-тотална одбивност кон сексот. Од што може да е ова? Само од стрес или може да има и други причини?
Јас мислам дека е до стресот, бидејќи имав исто искуство. Поминав низ гаден, стресен период, кога ни на крај памет не ми паѓаше за секс. Пробав „со сила“ да речам, за да видам дали можеби во текот на самиот чин, ќе се опуштам и ќе ми биде подобро, но напротив, се чувствував уште понапната и уште повеќе ми беше одбивен... но со тек на време, кога ми помина периодот, повторно се ми беше океј.