Причекај уште 5 дена и ако нема-тест. Инаку, секој лекар ќе ти каже дека и во предсемената течност може да има сперматозоиди и токму затоа прекинатиот однос не се смета за сигурна контрацепција. Апсолутно не се согласувам со оние констатации дека е многу тешко да забремени човек. Многу е лесно ако се работи за плодни денови (и ден-два пред/после), тешко е ако не се плодните денови (нормално), а најтешко е кога постои некоја инфекција, некој медицински проблем или сл. Да беше ТОЛКУ тешко да се остане бремена немаше да има толку абортуси.
Таа една секунда ако била свршување ,може и да си бремена .Појасни што ти е тоа со едната секунда??????
Ама јас разбрав дека цело време имале со кондом, тој потсвршил внатре и го извадил. Ама сепак со кондом било. Убо си разбрав јали не?
da da..bese so kondom. toa ednata sekunda bese deka vednas go izvadi...ne go zadrza vo mene. Ima li sansi dokolku celo vreme sme go pravele toa so kondom da ostanam bremena?
Значи два дена ми тече кафеава течност и тоа многу малце, откако ми каснеше 5-6 дена (обично секогаш ми касни). И никако да ми пробие добиеново, ова вака никад ми се нема случено.
Може од промена на температуриштево. Симтоми за добивање имаш? Мене ми течеше еднаш така, ама веднаш пред да добијам... сабајлето кафеава течност, а околу пладне добив. Ми каснеше тогаш 10 дена. Доволно да се избезумам.
Е добро е ми олесни Иначе симптомите ми ги нема нигде, али не сум имала незаштитен секс, па да се загрижувам за другово. Со сигурност треба да ми дојде, али ова бре, две дена више
Чувствувам неподносливо чешање во интимниот дел, а немам црвенило, ниту болка, ни бело прање. Некоја крема / таблети да ми препорачате? Чај од камилица за жал немам.
Имав и јас исто, ама не можев да ставам ништо, зашто додека ми беше чешањето примав терапија со вагиналети. Најверојатно е потребно да си го смениш прашокот за перење или омекнувачот (најпаметно за долна облека омекнувач да не користиш). Или секојдневни влошки да не користиш. Замивај се еднаш дневно додека да ти помине. Немој почесто, зашто уште повеќе се нарушува вагиналната пх-вредност. Чај од камилица да си купиш ако немаш. Со него со памуче 2-3 пати во денот ставај, како мачкање да ти дојде. Може и Канестен да помогне, ама не верувам дека ова е знак на кандида.
Сода бикарбона (од прилика една лажичка) раствори во околу 2 литра млака вода. Измиј се така надворешно. Канестен може да го смири чешањето. Или пудра за бебиња (бекутан).
И јас ти го препорачувам Канестенот. И мене некогаш така ми се случува, па ми помага од него, кога почесто се мачкам, а и чајот од камилица е чудотворен за ваквите работи
Страв ! сакам односи да иам со него али се плашам зашто јас и он само се муваме , ми е страв да не ме остави после тоа да си отиде со друга .. се плашам едноставно ?!?! сакам помош али ипак го сакам , иначе и на него ќе му биде прв пат и на мене .. ми е страв и од бременост .. девојки помош ?!?! фала однапред ..
Страв ! мислам дека за односи треба убаво да размислиш, сепак имаш само 17 години,во случај ако испадни нешто и тој да те остај, ти сама останваш..мое мислење дека рано е за такви работи,а немате ни стабилна врска само се мувате..мое мислење е ова..јас мислам дека не е во ред..не сакам да ти го наметнам..одлуката си е твоја..Поздравче
и јас во ова те подржавам .. незнам што да правам за сакање го сакам , само од едно ме страв да не ме остави сама ... па после да трчам ко будала по него ..
За да не трчаш ко будала по него потоа и да ризикуваш од тоа да те остави, најдобро е да си почекаш. Сепак ти си знаеш најдобро. Но, мој совет е првиот секс да ти биде со некој што го навистина сакаш и што го заслужува тоа. А со самото тоа што се плашиш да не те остави потоа, кажува колку малку му веруваш. А ако веќе си решена-најдобар начин за заштита од несакана бременост и од СПБ (сексуално преносливи болести) е кондомот.
Девојки, ај мала помош. Добив на 10 ти, и си имав најнормално менструација до 16 (на 16ти имав капка само цел ден). Арно ама вчера имав како прв ден, ме болеше стомак, се утепа од течење..како да ми се продоложи. Да напоменам и дека премрзнав ноќта пред ова да се случи, излегов слабо облечена. Може од тоа да ми биде? Хелп..
пак јас повторно пробавме со дечко ми се идеше добро и ќе биднеше до крај , да не почнеа да ме болат јајниците, т.е помеѓу јајниците , како некоја остра болка ,да ме сече нешто. Нормално ли е? Јас имам цисти на јајниците па да не е од тоа, може ли да пукне некоја при однос?