Немој да дозволиш да го направиш тоа само поради некој, тој има 24г. и знае што сака, ти имаш 16г. и е нормално да не знаеш. Немој да избрзуваш, имаш време за се, почекај си, види си. А мама и тато секогаш, скоро секогаш се во право.
Откачи го, најди си некој адектватен на твои години и памет, нека помине време да те засака па имај си односи. Вака не иде што не иде.
Ако ти не си подготвена да имаш секс, не постои никој што може да те натера на тоа. Тој е доста повозрасен од тебе, ама ајде да ги оставиме годините на страна, пак се гледа што му е главната цел и што сака тој од тебе. Кажуваш уште и дека е агресивен, а воопшто не треба така да се однесува. Штом не можеш да се опуштиш и да уживаш со него, дефинитивно не е за тебе.
Мноооогу ми е срам, ама морам да прашам.... Имаме односи со дечко ми веке три години и првпат пред една недела се случи нешто многу чудно...За време на односот како вагината да испушташе гасови...не со мирис, само се слушаше таков звук...немам поим од што може да е па ве прашувам вас за помош...Благодарам однапред!!!
имам еден мал проблем одам со дечкото 6 месеци и сака да му дадам мислам тоа си е нормално кај секој што е во врска , знам дека ме чека но понекогаш се случува да му речам надевај се ти само надевај се за да иммаме односи а одговоро негов беше некој че се надева но некој че се кајј ... според то мислам дека сака да ми се скара ако не му дадам но и се двоуми зашто јас сум му најдолга врска не знам дали да му се предадам или не ... јас сакам да ми биди прв и последен не сум лесна женска и нормално секој маж сака да скине но секој маж несака скината жена не знам што да правам ....имаме многу расправии за глупости и секогаш помислувам на тоа што му немам дадено но немора да значи дека ако се има однос дека се има љубов ако ме сака че ме чека и година дена .
Гледај, ниедна од нас не може да ти каже дали да му дадеш на дечкото или не. Треба ти да бидеш подготвена и да сакаш да го направиш тоа со него. Тоа дека ќе ти биде прв и последен баш и не знам, бидејќи имаш 17 години и верувај, цел живот е пред тебе, ништо не си видела за да сакаш по 6 месеци врска да останеш со него засекогаш. (немој да ме сфатиш погрешно, тешки сакајте се, нека ви биде убаво и останете заедно засекогаш). А според ова што ти го кажуваш, јас мислам дека не си доволно подготвена, сакаш да го направиш тој чекор, само за да го задржиш, да не се карате. Ако грешам, досега ќе му дадеше, немаше да бараш совет.
Ако си подготвена за секс, тогаш ок, ама повторувам-само ако си подготвена. Тоа не е мала работа. Многу си млада, па неможеш да очекуваш дека цел живот ќе останеш со него т.е. дека ќе ти биде последен. Послушај го срцето, дали сакаш да го направиш тоа и баш со него. Само то можеш да си одлучиш за тоа, никој не смее да те присилува или да ти врши притисок.
Дали после секс во вагината имате една како пенлива течност?! Јас пак(срам ми е да го кажам ова) имав незаштитен однос, дечко ми го извади 1 секунда пред да заврши работа, и кога се пипнав случајно видов дека внатре имам нешто пенливо, лигаво, како белка од јајце. Дечко ми е 100% сигурен дека не свршил внатре па затоа и не се напив апче за ден потоа, ама уште сум некако скептична
Значи прво тоа дека секој маж не сака скината жена, те молам, малце се понапредни сега времињата и не глобализирај. Глупости. И јас искрено не верувам дека цел живот ќе останеш со овој дечко (супер ако грешам, ама..) затоа што се гледа дека е напален и сега единствено во глава му се врти секс, секс, секс. Ти за подготвена не си, а тоа што он рекол дека ќе се каеш, т.е. дека ќе ти раскине не е причина да имаш секс со него. Кога ти ќе осетиш пред се физичка потреба за тоа и ќе бидеш доволно информирана за се околу сексот, тогаш си подготвена.
Штом е спермен на некој начин да те остави бидејќи не си подготвена за тој чекор мислам дека тој не е со тебе од љубов, туку заради секс. Размисли добро пред да направиш нешто после да не ти биде криво (не заради тоа што нема никј друг да те сака бла бла...туку тебе чисто да не ти биде крива зошто баш со него си ја изгубила невиноста).
Да, само во плодни денови. Но тие плодни денови доаѓаат индивидуално согласно од различните организми кај повеќето жени. Сепак исфрламе една јајце клетка и овулацијата е најчесто две недели по добиената менструација, така да води си евиденција..
Теоретски, да. Практично, не . Јас со првото дете останав бремена некаде 11-12 ден од циклусот, значи надвор од плодните денови, ама затоа со второто точно на денот на овулација. Имам премногу примери од познати кои направиле бебе надвор од плодните денови .
Кога жената е возбудена, Бартолиниевите жлезди што се наоѓаат на влезот од вагината лачат секрет, кој ја „подмачкува“ вагината за да го олесни сексуалниот однос. Јас мислам дека тоа ќе да е.
Како можеш да му викаш „надевај се дека ќе имаме секс„ девојко па нормално дека нема вечно да те чека, не треба ни да те притиска но и вака не иде... машко е и има потреби, нормално дека ќе си бара. Како и да е ти треба да го направиш тоа без притисок, не дозволувај да те притиска, кога ќе се чувствуваш подготвена тогаш нека се случи тоа Тоа ти се глупости дека сите мажи сакаат невина, и дека никој после нема да те сака скината, како и да е неможеш уште од сеа да си се надеваш дека ќе му бидеш и дека ќе ти биде прв и последен, животот е пред тебе и незнаеш што ќе ти донесе. И доста веќе со тоа ако ме сака ќе ме чека - епа нема да те чека... фак