Па мене не ми делува баш најнормално ова, може се работи за цистит, ако си преладена. Не гледам зошто урината да има чуден мирис поради прв сексуален однос. Ако има некој проблем мислам дека е повеќе до уринарниот тракт, а не до првиот секс. Каква е таа болка? Те пецка, се осеќаш како да не си измокрила до крај? Или..?
можно е да имаш инфекција на урината штом те боли кога мокриш.посебно при крај кога си ако те боли тооа ти е тоа.пиј си увин и плакни се со камилица позз
од што може да ми се јавува пецкање и мала болка после односот? но ми трае некои 2 дена.. и кога мокрам ме пече..? да се мачкам со некоја крема.. или нешто слично...? позз
И мене така ми се случуваше на почетокот кога почнав со односи но не траеше толку толку највеќе ден,ден ипол, мислам тоа се случува ако не си била доволно влажна и од триењето или пак од малце повеќе секс во тек на еден ден( кај мене од тоа беше ) јас ништо не ставав се миев само со вода. Можеш со ладен чај од камилица да се измиеш ако сакаш.
Можно е да имаш уринарна инфекција штом те пече кога мокриш. И мене ми се случувало така и ми поминуваше со Палин и со чаеви...
бетадин вагиналетите се користат од 5-7 не премногу поради тоа што бетадинот ја суши флората на матката или (кај и да влага вагиналетата )
болката ств веќе ми помина и тоа со една таблетка.. сеа и утре ќе се напијам.. ти колку време ги пиеше? таму пишува 10 дена.. ама 10 да не е мн :с нз :/ фала девојки во секој случај.. позз
Имам мал проблем. Добив во вторникот вечерта и вчера имав обилно крварење. Синоќа спиев со отворен прозорец и врата и утрово кога станав ме болеше половината и јајниците. Е проблемот ми е што денес не крварам ич. Јас и онака имам по 2,3 дена, но само еден ми е премалку. Може ли да ми е од промаја и што да се напијам или сторам?
Не верувам дека е поврзано со промајата. Се случува менструацијата да ти трае подолго или пократко од вообичаеното. Променливото време, стресот, нервозата, може да имаат големо влијание. Еве ти кажуваш дека си имала обилно крварење, па можеби затоа веќе немаш воопшто. Јас би те советувала да видиш како ќе биде следниот месец, а ако пак ти се случи нешто вакво да одиш на гинеколог. Тој ќе ти ги расчисти сите сомнежи, а ние тука можеме само да претпоставуваме.
Сакам ваше мислење, одам со дечко ми 2 години и двајцата сме 18 тој е невин исто и јас и веке овој период треба да се случи оној 'прв пат" .Па што ке ми дадете совет како е првиот пат дали боли? што да очекувам? споделете некое искуство... знам дека е често прашање но сепак сакам да прашам, ако може повеќе детали хуху
Не очекувај ништо. Да не бидат џабе очекувањата Па колку што ме држи меморијава, мене не ме болеше нешто премногу како што ми опишуваа(можеби очекував голема болка ). Бидете колку што е можно по опушетни и најбитно - со кондом, за да не те читаме после во -дали сум бремена? По моја претпоставка ќе трае кратко чим и дечко ти е невин
женски хеплл со дечко ми се решивме да имаме односи.... значи се си иде во најнормален ред..... ама стварно неможам да се сватам и јас самата себе што ми се дешава таман ке дојди за да биди раб и мора да му се тргнамм.... незнам значи стварно шо можи да е рабб... ужасно се осејќамм....
можеби сеуште не си подготвена.и самото тоа што мислиш еве сега ќе биде те притиска и не си опуштена.подобро почекај додека целосно не си спремна.
Се случува и јас порано има 4-5 дена, после се намалија деновите на 2 до 3,4. И кај мене се случувало да престане на вториот или третиот ден, па наредниот ден пак ќе продолжи уште малку. Ништо страшно. И немој да спиеш на ова променливо време на промаја, сега е дури и ладно навечер, јас кога беше потопло времето спиев со отворен прозор и една недела ме болеше многу кај бубрезите, претпоставувам дека тие ми настинаа и од сега никако не спијам на промаја, ама џабе кога се туширам наутро. Ама какви бољки имааав пу пу скраја да се Ако си настинала пиј топли чаеви и андол.
Андол и добиено ?????? За ова прво консултирај се со доктор,затоа што андолот може да предизвика дополнително крварење. Најбезболен лек во моментов ти е Парацетамол ,но сепак прашај си доктор.
http://www.andol.com.hr/menstruacija.html "Primjena Andola učinkovito ublažava simptome bolne menstruacije."
Девојче АКО НАСТИНАЛА, прочитај прво. Јас андол сум пиела кога сум имала добиено, ако ме боли глава, па до сега ништо несакано не ми се случило, сите доктори се правите и кревате паника без врска. Ако е за тоа парацетамолот е штетен општо.
Девојки Канестен вагиналетите идат со или без рецепт? Гинекологов ми кажа да ги земам уште пред некое време и ми ги запиша на рецепта е сеа дали ги запиша да не ги заборавам како се викаат, или бидејќи идат на рецепта не знам, како и да е ја изгубив рецептата а кандидава почна да ми ствара нервози морам да ги земам