Ќе ти кажам од лично искуство: После апстиненција од два месеци, кога имав секс почувствував болка, не многу голема, но сепак ми требаше повеќе време за да се опуштам и да се навлажнам.
Понапалена си бидејќи влегуваш во плодните денови, меѓутоа чим имаш болки... можеби се работи за недоволно навлажнување или пак за некоја инфекција. Би рекла пробајте со лубрикант или пак разговарај со твојот гинеколог, зошто болка не е нормална појава нели
Болката најчесто се јавува од недоволна навлажнетост и опуштеност, кај мене и кога сум немала секс подолго време. Потоа се навикнувам и се се враќа во нормала.
Јас и се извинувам на Ferhunde-87sk што одговарам волку доцна, али имав многу обврски па не сум видела...Број немам за закажување, но ти пратив општо во воена болница, па побарај они нека те упататат каде...ако си итен случај или имаш болки само појди за да те прегледаат али гледај така накај 11-12 за да не чекаш цел ден од пензионерине на лекар да не појдеш Упат обавезно ти треба ако идеш државно, и плаво картонче со книшка...ништо повеќе Поздрав и пиши што си направила
Девојки јас сум нова на форумов Се извинувам ако ја утнав темата Ме интересира што се случува со мене незнам дали е нормално ама веднаш по првиот бакнеж јас се навлажнувам а да не збориме кога ке трае мн подолго бакнувањето буквално ко да сум помочкана ( неможам на раат да уживам, од страв дечкоми да не осети :/ ) Објаснување нешто... како е можно толку брзо да се случува тоа.... ?
devojce toa e normalna rabota pretpostavuvam deka si nevina i deka ne si bas upatena bas kon tie vodi no toa ne e nisto strasno se vo svoe vreme,toa sto se vlaznis e dokaz deka imas pogolema zelba za sex i si mn napalena vo pomladite godini toa e cesta pojava i mn normalna,ne se plasi dali ke oseti decko ti samo uzivaj [mod-kirilica:4kptjncg][/mod-kirilica:4kptjncg]
Ivycka не го пишав мислењево како проблем, туку како одговор на погорепоставеното прашање. И болката не ми се јавува од ненавлажнетост (не можи да не сум влажна, ако ми се плодни денови), туку затоа што сум апстинирала (инаку имам односи скоро секој ден). И не викам дека болката се јавува од почеток, туку по некое време (по 30тина мин.)
Може да не бидеш влажна и ако ти се плодни денови. Навлажнетоста не произлегува од тоа дали се плодни-неплодни туку општо од опуштеност и низа други работи..
Е мене лично досега не ми се случило да не сум влажна за време на плодни денови. За време на овулација, хормоните се на повисоко ниво, Бартолиниевите жлезди лачат секрет цело време, нели со цел јајце-клетката да биде оплодена.
Сакав да прашам. Менструацијата ми беше редовна , и ми траеше обично 4-5 дена. Првите два дена пообилно , а потоа не. Последниот пат кога добив ми траеше 8 дена и не беше обилно. По неколку капки секој ден.Не ме ни болеше стомакот. И за 15 дена Еве добив пак. Ме болеше стомакот 2-3 дена пред да ми дојде. Обилно ми е сега. Дали има некој слично искуство и дали има потреба за паника??? Прв пат ми се случува да имам некои пореметувања.
Се случува да добиеш два пати во месецот, не е ништо невообичаено. Почекај до следниот датум за добивање, ако повторно нешто не е како што треба, оди на гинеколог.
интимен допир нова сум на форумов и незнам дали ја сместив темава во точна категорија. но сепак ке ви пишам. со дечкоми сме во врска 1ипол година и сега во последно време тој почна да ме фаќа знаете.. меѓу нозе и мене тоа некако ме пали не велам не.. но незнам дали можеби треба да му возвратам и јас на истиот начин?? може малку ви е глупаво ова ама стварно незнам.. фала ви однапред
Да,да возврати му,"супер возраст-14 години" Оди детее прочитај некоја лектира,не се замарај со `интимни допири`,има време за тоа,верувај
Забележав дека на вагиналните усни ми се појавило пликче (ако може така да го наречам) полно со гној. Го исчистив и ставив Канестен, по што забележувам дека се повлече, скоро и да го снема. Не сум сексуално активна, па затоа се прашувам која е причината за оваа појава, хигиена не е - одржувам на максимално ниво... И дали е можно да се работи за инфекција?
во тие години 14 15год ги сметат за луди години или пубритет така да ке ти казам како на сестра али како сакас сфатиме ти сеуште не мозес да го проценис дали е вистинскијот за тебе само можеш да си направеш голема грешка што цел живот можеш да се каеш затоа почекај си уште некоја годинка кога ке созреш па тогаш мисли за такви теми сега само можеш да си ја оцрниш ИДНИНАТА
Moжно е да се работи за поткожно влакно, кое предизвикало пората да се затвори и да ти загони местото! И јас го имав еднаш тој проблем, претпоставувам дека и кај тебе се работи за истото!
^ Не не, не се работи за поткожно влакно, нешто друго е во прашање. Плус и е на место каде што никогаш не сум имала влакна, при крајот на големите срамни усни. Затоа прашувам, дали има потреба да посетам гинеколог.