Ако толку ти е во мисла, нема да е лошо да посетиш гинеколог, во секој случај еден преглед нема да ти е на одмет.
имам проблем ... кога одам во тоалет да мокрам, мокрам само 2-3 капки и толку а осеќам како уште да треба некој совет?
Девојки сабајлево се разбудив со болки ( не мн јаки како вообичаено) а требаше да добијам пред 2-3 дена ги имав сите симптоми, болки во гради, во јајници. Имав малку кафеаво-црвен исцедок и се напив апче мислев дека сум добила. Еве и сега уште е исто, уште има малце таков исцедок, нема онака поцрвена крв. Не пијам контрацепција, не сум сексуално активна, а ова ми се случува втор пат, само што претходниот пат исцедокот беше покафеав, траеше 3-4 дена ама тогаш не ме болеа градите, а без многу отечени гради сигурно не добивам. После од кога почнаа да ме болат добив за 10тина дена, што значи исцедокот не беше менструација. Веќе ужасно се нервирам, не сакам да ми се случи истото сакам на раат да си одам на одмор, мајка ми се консултираше со гинеколог пријател рекол не е ништо страшно. Како не е страшно, ова сигурно не е нормално?? Мн се разочарав
Ништо страшно не е. Лично мене некогаш ми се случува ова. И толку за тој месец. Бев на лекар ми рекоа дека ништо не е. Од стрес било. А претходниот пат штом си имала исцедок, па си добила после 10 дена, најверојатно си овулирала.
Еве приметувам и дека градите веќе ми се опуштиле, баш како од кога ќе добијам. Најмногу ми е да не добијам повторно за 10-15 дена затоа што тргам на одмор. Фала ти на одговорот се надевам дека или ќе прокрварам вистински или толку ќе биде за месецов
Ако те пече кога мокриш, може да имаш некоја уринарна инфекција, мислам дека треба да одиш на лекар. Со овие работи не се игра.
Па добро истото е, цистит. Држи топло шише и купи си увин чај, сегде мислам го има и низ продавници. Па ако нема никакво подобрување тогаш оди на лекар, затоа што понекогаш требаат и антибиотици за да се смири скроз
Па добро истото е, цистит. Држи топло шише и купи си увин чај, сегде мислам го има и низ продавници. Па ако нема никакво подобрување тогаш оди на лекар, затоа што понекогаш требаат и антибиотици за да се смири скроз[/quote] само што испив чај, сега ќе пробам и со топло шише на стомак да го држам така? .. a тоа што се праеше со сода бикербона како беше дали знаете ?
Е за тоа не сум чула јас Да држи го на долниот дел од стомакот да ти ја згрее бешиката, иако викаш дека немаш болки така да најверојатно не е настинка туку бактерија или инфекција. Како и да е увин чај сигурно ќе ја подобри работата. И не било каков чај увин чај, или пак чај од брусница се за уринарниот тракт
Девојко не си играј со се и сешто да не си направиш поголема белја .Сода бикарбона може да ти ги иритира усните . Докторите за цистист препорачуваат измивање или со чај од камилица или пак со многу благ раствор на хиперманган.Во однос на увиниот чај треба да испиеш најмалку 2 литри на ден.
И мене ми се има еднаш случено истово, бев на гинеколог и ми рекоа дека само сум била настината, од преладеност ми било, ништо страшно. И добив менструација по неколку денови.
Направи си чај од камилица и со неколку стерилни газички или паломи ( 6-7 ) натопени со чајот изврши промивка на усните. Значи со секоја газичка можеш само по еднаш да поминеш од вагина кон анус. Поздрав
Еве денес добро е, да не урочам ама си тече крв, е сега количински не многу ама ретко кога имам пообилна менструација. Како и да е после одмор планирам да отидам на гинеколог затоа што во последно време се почесто менструацијата не ми е во ред. Фала многу на советите девојки
имам голем проблем никако не можам да ги тргнам тој страв од бременост.Пробавме 2 пати до сега да се скинам и не можам одма јас прекинувам страв ми е дека ќе се случи нешто,дека ќе се скине кондомот дека ќе останам бремена како да го тргнам овој страв ?
Тогаш кажи му на дечкото никогаш да не свршува во кондомот додека е внатре во тебе, значи имајте односи со кондом ама тој пред да сврши нека го извади пенисот надвор. Користете поквалитетни кондоми, дурекс, спортекс и нема да имате проблеми. А за да бидеш 100% заштитена можеш да пиеш анти-беби пилули и плус да имате односи со кондом, иако јас лично не би пиела вакви пилули ако веќе користам друга заштита. Многу девојки пишуваат дека не е толку лесно да се остане бремена, јас тоа не можам да го кажам затоа што секоја од нас е различно плодна, мене може ќе ми требаат години, на друга една мала грешка така да излишно е тоа да се каже. Во секој случај со заштита и не е толку едноставно да се остане бремена, а ако го применувате тоа горе што ти го пишав невозможно.
Ако внимавате и користите заштита, нема шанси да останеш бремена. Кондомот нема да се скине ако е добро наместен.
Nova sum na forumov...ne deka ne go citam redovno tuku nemam tolkavo iskustvo da spodelam...fintata e so imam decko ama ne sum imala odnosi do sega a taa tema ja izbegnuvam postojano zatoa so mislam deka sum mala...imam 17 a site moi drugarki se imali odnosi i se osekjam kako celosna neznalica na taa tema... osekjam se ubavo koga me dopira pointimno' megju nozete i kako da nejkam da mu recam da prestane ama sepak na krajo se otkazuvam...mislam deka i jas go sakam toa ama ne sum sigurna kako treba da bide...i dali kje mu go ovozmozam toa so on go ocekuva od mene...i so sea da pravam??/?