Не, со кондом имаме секогаш, но сепак преку орален може да се пренесе Иначе немам проблем со сексот , ни со влажнењето , баш вчера имавме А, истите апчиња што ќе ги пијам јас и тој треба да ги пие? Мојов матичен не е тука, и мајка ми рече дека ќе праша некој пријател за мене, а она не знае дека сум сексуално активна, затоа не можам да и кажам да праша и за партнерот
абе не можеш така,да ти каже мора да те прегледа гинеколог,а ако имаш бактерија прво треба да ти земе брис,па да стигнат резултатите па после ке ти дај,ако е кандида тогаш ке ти дај вагиналети и ке ти рече партнерот да се мачка со канестен,епа вака не земај ти на твоја рака ништо најубо ке ти биди,во еден леген да ставиш едно две пакетчина сода бикарбона и топла вода и да поседиш така на пареата,и тоа да го напрајш неколку пати,па види како ке ти биди,ако не ти помини то значи дека имаш некоја бактерија и оди на гинеколог
пишав пред тоа дека земен ми е брис, денес ги земав резултатите и на нив пишува дека имам стрептокока тип б, го ископирав тоа , и мајка ми го даде на пријател кој е гинеколог, мојов ќе се врати за месец дена од одмор, не можам да го чекам толку. Како и да е фалаа
Anastasijaki нема потреба од паника. Таа стрептокока што ти ја нашле на брисот е од група B стрептококи (Streptococcus agalactiae) кои се различни од група А стрептококите (група А може да се открие со брисеви од нос и грло). Еве ти линк да си прочиташ подетално: http://www.groupbstrep.org/resources/pamphlet.pdf Во главно, може да опстојува во вагинална и цревна флора и кај здравите девојки и жени. Не е сексуално пренослива болест. Лицето кое носи ваква бактерија но не покажува знаци и симптоми се вели дека е "колонизирано" со оваа бактерија и таа колонизација не е заразна. поззз
Ве молам за мислење доколку некој имал слично искуство..не знам што е проблемот. Удобна поза единствено ми е мисионерската и тоа доколку тој е сосема врз мене..или подлабока пенетрација, доколку се исправи, или особено јас одозгора, без разлика на која поза, имам болки во јајниците...за некои 3 недели се враќам во македонија и секако дека ќе посетам гинеколог, но, дотогаш, што?? Има шанси со некој чај или нешто да делувам или ова е нешто сериозно?
Еве поконкретно за преносливоста: Спојлер How is GBS transmitted? Is GBS a sexually transmitted Disease? GBS is a naturally occurring bacterium in the human body of both women and men. Since it is commonly found in the vagina, some people wonder whether GBS is a sexually transmitted disease. The answer is "No". GBS bacteria usually do not cause genital symptoms or discomfort and are not linked with increased sexual activity. Women found to carry GBS do not need to change their sexual practices. Превод: Како се пренесува оваа бактерија? Дали оваа бактерија е сексуално пренослива болест? Бактеријата (GBS-Група B стрептокока) е природно присутна во човековото тело кај мажите и жените. Поради тоа што често се забележува во вагината, некои луѓе се прашуваат дали GBS е сексуално пренослива болест. Одговорот е "НЕ". Оваа бактерија вообичаено не предизвикува генитални симптоми или непријатност и не се поврзани со зголемената сексуална активност. Жените кај кои е откриено присуство на GBS немаат потреба од промена во нивните сексуални практикувања. Што значи нема потреба да се нервираш. Ќе се консултираш со твојот гинеколог кога ќе се врати и тој ќе ти препише терапија, претпоставувам дека тоа би биле антибиотици затоа што станува збор за бактерија. Во секој случај ќе се среди . поззз
И јас имав болки во јајниците во секоја поза освен во мисионерската, но тоа беше првиот месец кога почнав со односи, сега ги нема повеќе.
Девојки сакам да прашам дали грлото на матката треба да биде мазно...затоа што кај мене не е...многу ми е страв да не имам нешто??? ај ако знае некоја од вас да ми каже
Имав сексуален однос без кондом,се бееше во ред,но еве еден ден подоцна ме чеша половиот орган не е мнг но сепак се појавува,дали е можно да е некоја сексуално пренослива болест и дали е ова симптом на некоја од тие болести.ми треба сериозен одговор
Девојки да ве прашам нешто.. Веќе некое време имам односи до дечко ми, и на почетокот не ми беше воопшто убаво, првите неколку пати. Кога отидовме на одмор, стигнав до оргазам за време на мисионерска, ама додека јас со рака на клиторис си олеснував. Проблемот ми е што, не можам во друга поза.. само мисионерска. Кога и да дојдам јас од горе, или било која друга јас не чувствувам задоволство и осеќам удари во матката и болки во јајниците.. Решение некое? Сте биле во ваква ситуација? ...
Ајде и тука да прашам колку време треба да помине од употребата на едни па други вагиналети? Значи ми препишаа едни со антибиотик ( поради бактерија) треба да ги ставам 6 дена, и после сакам да си ставам вагиналети од кантарион, заради намаланата пх вредност . И додека се користат вагиналетите може да се измивам таму доле така?
Во никој случај тие удари не се на матката...Вагиналниот отвор е малку подзакривен пред цервиксот, т.е. тесниот отвор меѓу вагината и матката. Така да сигурно ти удира во некој вагинален мускул, па можеби со јајникот тој мускул е поврзан преку некој нерв. Едноставно, решение е да ги избегнуваш позите кои не ти причинуваат задоволство. На Идивиди има многу демонстрации за секс пози, па испробај и некои нови И треба повеќе да се опуштиш
Па да ама рацете го заболеа Ајде со тек на време може ќе биде подобро.. Мислам дека е и до големината на неговиот .. пријател. Секогаш кога имаме по втор пат, нормално нема целосна ерекција, туку е малце помал, и така ми е поубаво..
Па немам во скоро време правено пап тест, си закажав за во понеделник а иначе кога се пипнав таму долу незнам имаше како некои кожички рапави, не ме боли ништо ама многу ми е страв,незнам што може да биде тоа, до сега не сум ги приметила...
Да не мешаш поими... грло на матка и влезот во вагината не се исто. Без спекулум тешко да се види грлото на матката, а неверојатно ми е и дека си успеала прст да ставиш до таму...
Не е можно да си го допрела грлото на матката,инаку е нормално да не биде мазен влезот,односно отворот на вагината. Мое мислење е дека се е во ред со тебе,и не се чепкај премногу,да не биде тоа со недоволно чисти прсти,и тогаш ќе закачиш некоја инфекција.