Плацента е специфичен орган кој се развива во бременоста и кој се грижи фетусот да добива храна и кислород за време на бременоста. Породувањето завршува со исфрлањето на плацентата, затоа што откако ќе се роди бебето веќе не е потребна. Тешко дека се наоѓа на почетокот на вагината
Јас реков KAKO плацента. значи на изглед. И мислам дека така и напишав (како што гледам). Сепак сум ветеринар така да...
Химен како плацента? Оф леле... За да не губам време за глупости, еве слика на плацента Е сега, ако ова ти личи на химен....
Ме боли кичмата и долниот дел на стомакот, уствари од левата страна повеќе ме боли (ваљда е јајникот), а треба да добијам за една недела отприлика (ако не ми касни). Од што може да е болката? Не памтам друг пат да ме болело вака, освен првиот ден кога ке добијам
Исто вака ме боли пред добивање, сигурно и тебе ти е од истото.Не е секогаш пмс ист, мене некогаш ме убива кичмата со денови, некогаш сум супер и не ми ни текнува дека е време да добијам
можно е и да е од промената на времето,и така сега нешто почна да претерува де топло де ладно,и мене така ме мачеше стомакот вчера и завчера па денеска уште по сабајле ме дочека изненадување и цел ден ме мачат болки
Може да те боли заради многу работи... Прво,заради тоа што треба да добиеш. Потоа, може и да си настината, тоа не смееш да го исклучиш, со оглед на тоа како се менува времето.
Ако те боли константно може да ти се настинати јајниците пробај стави топли облоги, но ако те фаќаат периодични грчеви и бидејки те боли половината тогаш тоа ти е од Пмс. И мене недела дена пред да добијам ме боли исто, но периодично, ме фаќа по некој грч и при нагло наведнување остра болка во половината. Ништо страшно не е, се спрема организмот за мменструација .
DiGy aко си ветеринар сигурно ќе знаеш да разликуваш плацента и химен. Мислеше на мембрана и признај си ја барем грешката И немој во пракса ова да го кажуваш. Инаку Martinuska, мене редовно ми настануваат промени во циклусот. Обично ме болеше само првиот ден на добивањето, па после два дена, па сега првиот малце и малце ми истекува, вториот повеќе и поболно. Поентата ми е, како што се менува телото, се менува и тоа, не треба да те чудат никакви промени освен ако не се сомневаш на нешто, бременост, инфекции или што ја знам.
Значи во мојов случај нема место за паника дека нешто не е во ред ? прашувам оти спомнувавте нешто плаценти ама мислам дека тоа што неможе да влезе цел е дека уште сум тесна така ? ..
Леле остави ја плацентата, таа нема апсолутно никаква врска. Значи на неколку цм од почетокот на вагината има една мембрана која се вика химен, кај некој е потенка, кај некој подебела, кај некој еластична, кај некој па ја нема! Тоа што кај тебе не може да влезе е или поради причина што не си опуштена и навлажнета, или поради тоа што на дечкото не му е доволно еректиран пенисот. Најважно е да почнеш со предигра и кога ќе приметите дека веќе е доволно влажно доле тогаш пробајте, или па купете си лубрикант(подмачкувач) од маркет, аптека и пробајте со тоа. Исто, ако дечкото е почетник воопшто не се секирај, може ќе потрае и подолго пробувањево
на 28 август треба да одам на одмор, и се паѓе тогаш да ми е 3 ден од менструација има ли начин да добијам порано менструација..значи не да одложувам со апчиња туку нешто за порано да добијам
Не можеш да ја одложиш на ниеден друг начин, освен со апчиња. Ако решив да ги земеш мораш прво да се консултираш со гинеколог. И мислам дека не постои нешто за порано да добиеш... Зошто не си користиш тампони? Наједноставно ќе ти биде така.
За порано добивање (ама кога веќе те мачи пмс), помагале витамин ц и чај од магданос.Побарај на гугл, ќе видиш
Имам 22 год и сеуште сум немала секс. Моментално немам дечко ама сум била во некои подолги врски ама кога и да дошол моментот за поголема акција јас се повлекував, зошто се плашев. Понекогаш и се плашам и срамам да фатам дечко да не испаднам дека не сум од овој свет. Дали треба да се срамам, и дали е нормално?
Види, јас невиноста ја изгубив на 23 години. До тогаш, и во типот што мислев дека бев затрескана, не можев да се опуштам. Со сегашниот дечко сум една година, и сме многу среќни. Значи, коа ќе го најдеш тој некој, ќе се почувствуваш спремна, без страв и срам. А доколку тој е навистина тој, нема да ти предизвика никаков страв и срам, како да не си од овој свет
Не треба да се срамиш, и нормално е! Ете, може тие дечковци не го „заслужиле“ твоето тело, може разни околности придонеле за тоа... Како и да е, наместо да се срамиш, биди горда на тоа што не си потклекнала пред разните современи притисоци и стереотипи. А кога ќе дојде вистинскиот момент со вистинскиот дечко крај тебе, ќе знаеш...
Нема тука ништо срамно и девојка ми беше невина кога почнавме 21 имаше и мене помило ми е така а и да била со друг пак ќе ја сакав