девојки помагајте.. смртно сум преплашена од првиот пат сеуште ми е рано, многу јасно. Сега засега со дечкото ми мој има само петинг, допирање и се тоа.. Но сите зборат: леле боли, вака е онака е, како да ги мачел некој
Синтија, само 15 години имаш, зашто воопшто размислуваш за секс, кога телото не ти е дооформено и спремно за тоа, а не пак ти психички?!Нормално дека ќе се плашиш кога и не знаеш што е тоа точно секс.Би ти советувала да не мислиш многу околу тие работи и да почекаш барем уште година ипол-две
За 3 месеца ќе имам 16 години, но тоа сеуште не менува ништо... Не сум нешто оптеретена со таа тема но кога и да ми дошла на памет во некое рандом време не ми се допаѓа во која насока ми одат мислите.. Како и да е благодарам на совет
смртно преплашена? кога ќе пораснеш нема вака да ги дуваш работите. кога ќе бидеш смртно заљубена нема да бидеш смртно преплашена од чин кој значи физичка потреба и желба да бидете “едно тело“ но сето тоа - кога ќе пораснеш
Епа ако ти е страв, немој да мислиш да го направиш тоа сега. Има време, кај се брзаш. Уште сте на петинг, нема да се улетате ваљда..
Синтија, ова е совет до тебе и до соте девојки на твоја, возраст кои, размислуваат да почнат со сексуални односи на тие години. Мој совет е да не брзате знам, во тие години хормоните работат радозналоста исто така, но јас би ви препорачала да се задржите на петигот тоа е допирање кое доведува до оргазам без пенетрирање т.е без да имаат контакт твојот, и неговиот полов орган. И на тој начин можеш да уживаш без никакви последици. Исто така тука е мастурбацијата која може да ти помогне, во ослободувањето на таа сексуална енергија која се собира во тебе. Верувајми нисто спектакуларно или многу поразлично нема да се случи доколку имаш секс само ке имаш повеке грижи а и менструацијата сеуште не ти е средена претпоставувам, така да со самиот чин ништо нема да добиеш а ке си ставиш, многу грижи на душата. А замисли недај боже да останеш трудна што тогаш ке правиш? ке го родиш? или пак можеби ке абортираш? што и да одбереш од тие двете резултатот ке биде катастрофа по тебе. И не наесднувај на машки убедувања дека се ке направат за тебе, дека ти си лјубовта нанивниот, живот мажите се спремни и да плачат како мали деца самои да додат до пичка, така да добро размисли пред да го направиш тој чин а да не ти ги спомнувам полно преносливите болести итн.
Секоја чест што убаво ги учиш децата алал да ти е само незнам дали доколку имаш сестра на тие години и нејзе исто ке и советуваш? А што се однесува до смртно заљубеноста па која тинејџерка на тие години не е смртно заљубена, во тие години мислат тој или никој, и веруваат наивно на сите машки лаги всушмост што знаат они на тие години што е вистинска љубов, дури и многу повозрасни кога ке бидат ке имаат дилеми дали е тоа, тоа а не камоли на тие години.
Не, не, не... погрешно си ме сватила. Ниту размислувам за такво нешто ниту ќе го правам. Прашањето ми беше само дали е тоа нормална појава да ме фаќа толкав страв и покрај тоа што на моменти „ми се сака“ бидејќи тоа е нешто многу далечно за мене, ништо повеќе. А за своите 15 години кои изгледаат прилично малку, сум доста разумна и едуцирана во врска со сексот. A и со дечко ми имам правено муабет во врска со се, сега засега имаме одлична врска од 1ипол година полна барем со разбирање и почитување.. Дечкото го знам нешто повеќе од пред да „се фатиме“ и е навистина на место, во одлично друштво е а и има прекрасни родители и брат во кој има како да се угледа, за разлика од оние кои постојано ги зборите.. Сања-лазања, никаде не напоменав смртно заљубена.. токму обратното од тоа го напишав- преплашена. Станува збор за недоразбирање
кој дел не го свати? кажав дека кога ќе созрее се ќе си дојде на свое. или требаше да кажам - боли , стварноооо боли и тоа смртно и толку многу што и ние пробавме и жими се беше еднаш и никогаш повеќе - од што боли секако.
Ок не прочидав дека си напишала кога ке пораснеш а инаку болката нема никаква врска, јас зборувам дека е премногу мала воопшто да помислува на тоа а камо ли да го направи, но не од причина дека боли или не туку дека сеуште и е премногу рано. Инаку извини не видов дека си напишала кога ке пораснеш ке сватиш туку помислив дека тоа се однесува на сегашно време.
Здраво женски.. Повторно јас со проблем. Менструацијата ми беше редовна (секој месец ми доаѓаше односно на 28 дена зависи). Но пред предходниот месец ми дојде двапати. И ништо викам се случува и мајка ми е доктор ми кажа може сум измрзнала и слично. После тој вториот пат кога ми дојде менструација се беше океј и пак ми дојде за 28 дена. Но еве сега две недели откако поминаа мене пак почна да ми тече крв. Не знам што да правам. Што може да ми е? Има некој искуство. Страв ми е
читав по форумов ама сепак не можев да најдам исто прашање како моево.... дали ако сврши во кондом, а уште е во тебе има шанси за да залута некој сперматозоид?!??!
Дали направи гинеколошки преглед или само се консултираше? Ако не си направила гинеколошки преглед обавезно да го направиш затоа што можеби тоа сега што го имаш не е менструација туку крварење. Значи јас ништо не констатирам само ти препорачувам да не веруваш на стрини, тетки, вујни кои ке ти викаат ништо не ти е и мене исто така ми се случува итн туку, да одиш на лекар да направиш испитувања ако треба, направи и пап тест да бидеш сигурна дека се е во ред со матката и јајниците.
и мене ми се има случено истото не верувам дека е нешто страшно...мајкати е во право веројатно си само настината се случува тоа поради голем бр прицини
Dali misli na druga ili ne ? Dolgo se mislev dali da go napisam ova,konecno se resiv i ke vi biam blagodarna ako dadete svoe mislenje na ovaa tema. Moite prasanja se............ Koga imate odnosi so vasiot partner dali ocite vi se otvoreni ili zatvoreni? Dali na vasiot partner ocite mu se otvoreni ili zatvoreni? Dokolku mojot partner gi zatvara ocite od vreme na vreme za vreme na seksot znaci deka misli na druga????
Dali misli na druga ili ne ? Мене лично кога како а и на дечко ми, некогаш отворени некогаш затворени колку што сум приметила, зошто во тој момент баш и не се концентрирам на очите Инаку нема правила никакви според кои ќе дознаеш дали мисли на друга(поготово тоа дали му се затворени или отворени очите), освен ако не те нарече со друго име. А ти уствари зошто се замараш со тоа, има некоја причина или?
Ние преферираме да си „ѕвериме“ во очи, и што знам, поубаво ни е така, ама пак некогаш кога ке те понесе моментот убаво е и да ги затвориш. Впрочем, во тој момент и воопшто не мислиш на тоа дали очите се отворени или затворени, се` се прави според чувствата. И не, ти ако ги затвориш очите ке мислиш на друг? Не. Исто и партнерот. Тој со тебе има односи, што значи, тебе те посакува. Ако ги затвори, или ептен ужива или се подзаморил од гледање.
Нема некоја посебна причина. сум прочитала некаде (не знам точно каде) дека доколку партнерот за време на сексот ги има очите затворени голема е веројатноста да мисли на друга. Значи да има секс со тебе но си замислува дека е со друга. Дали некој/а имал/а секс со партнерот а мисли на друг/а и при тоа ги затвара очите?