Не се секирај секој почеток е тежок така и овај. Ќе помине, само биди поопуштена, уште еднаш, два пати, потоа нема сигурно да те боли.
Здраво девојки. Прво да ви честитаm за супер разработен форум. Мене како машко баш ми е забавно да гледам дека вака си помагате, а и забавно е да се навлезе поинаку во вашиот свет. Него сега ми треба мене помош. Се работи за следново. Јас со мојата девојка сум заедно од февруари годинава. Летово бевме на одмор. И една вечер се убаво ова она секс почнавме и таа ме нарекува со името на бившиот значи такво одвратно чувство не знам.... многу неубаво ми падна. Таа со него одела година време(пред 4 години) и тој и бил прв, го сакала (тој неа не знам колку - поголем од неа бил 10 год...) Е сега ме интересира од женска гледна точка што можи да биде причина за овој за мене немил настан Јас ја сакам, таа ме сака (барем така вели) ама сите нејзини постапки и големи и мали и поглед и се наведуваат дека ме сака. Тогаш значи нормално се налутив. цел ден ја мразев и ја туркав од мене, а таа цел тој ден плачеше ми се извинуваше и не стана од кревет. До ден денес се си помислувам на тоа и се прашувам зошто можи дали јас имам допринесено со нешто. се се трудам да е во најдобар ред. Сето ок тоа, мене конечново прашање ми е од ваше искуство/гледна точка што може да е причината ? Поздрав Girls
лелелеее, можам да замислам колку лошо си се почувствувал прво, можно е несвесно да и се испуштило, ама сепак оделе пред 4 години, не до сега брзо, така да голема е веројатноста да помислила на него или го видела овој период, или пак можеби ја исконтактирал... и мене ми се случувало да се гризнам за јазик у последен момент пред да го спомнам името на бившиот на сегашниот дечко. затоа после злато си го викав, да нема грешка седни, добро разговарај со девојката, сепак внатрешната интуиција е најдобра. ако мислиш дека не те лаже, дека те сака и тоа било момент само, пробај да заборавиш. а остави ја неа да се потруди да ти покаже дека згрешила, сепак те повредила несвесно... и се надеваме дека се ке биде во ред па извести не, и мило ни е што и по некое машко се вклучува тука поздрав
За овие 6-7 месеци сигурно процени дали и значиш нешто на неа. Ако не си сигурен е тогаш имаш проблем друже. Дали после него имала некој друг дечко? Ако и значи нешто тој зошто и е прв, а таа ти значи на тебе нешто тогаш помогни и да го надмине тоа ако имаш сила и нерви. Не си сторил ти ништо погрешно, едноставно разговарај со неа искрено и запрашај ја дали таа бара некоја сличност од тој дечко во тебе. И да и си раме за плакање или преболување на таа врска, е тогаш повторно имаш проблем. Ти требаат одговори на некои прашања кои можеш да ги добиеш само од неа. И пак ќе повторам ти не си погрешил ништо.
Искрено, мене многу ретко ми се мешаат имиња... И ако со некој сум била цел ден, после другите можно е, да ги наречам по името на тој што сум го поминала денот со него! Ама и тоа ретко ми се случува. Јас обично на другарките им ги мешам имињата. На дечко не ми се десило. Тоа е за мене, за другите не знам. Секој различно.
абе јас разговарав помина тоа, него мене никогаш нема да ми помине, затоa сакав да слушнам ваше мислење. Се е во најдобар ред сега, ама то не го поништува фактот дека ме нарекоа инаку. Тогаш и таа демек сама се изненадила ко се слушнала што вели и дека ни го сака ни мислела на него и нз шо. Е мене до ден денес не ми е јасно како можи да речиш нечие име а да не мислиш на него абе комплицирани сте вие девојките
Микробиолошките брисеви овој пат ми покажаа присуство на бактерија GARDNERELLA VAGINALIS за која гинекологот ми кажа дека е сексуално пренослива, ја побарав на интернет , на википедија пишуваше дека не е . Сега сум во недоумица дали е или не е, се надевам дека не е затоа што на дечко ми неодамна му беше земен брис од уретрата и не покажа присуство на никаква бактерија, и сега наеднаш јас ја имам оваа според гинекологот сексуално пренослива, ах какви се не мисли ми се вртат
па побарај друго мислење и види дали е пренослива, па барај го изворот од каде може да ти е пренесена или дечко ти те лажел за неговите резултати... има некои болести кои се пренесуваат и по друг начин, на пр. јас го обвинав дечко ми дека ми пренесол бактерија, а на крај излезе дека бил сосема друг извор неповрзан со сексот....
Не ме има лажено за резултатите затоа што ги јас ги имам видено, брисевите му беа земени кај мојот гинеколог, не знам што да правам , наеднаш ова , и сега помислувам на се и сешто
Прибидејќи сум искрена ќе ти кажам од моја гледна точка, без да те моткам со глупости како ненамерно и без причина и се испуштило името на нејзиниот бивши додека била во кревет со тебе, јас мислам, т.е. сигурна сум дека мислела на него додека имала секс со тебе. Толку била внесена во тоа да мисли дека со него има секс па дури и изгубила конторла врз себе и го изговорила неговото име. Друга разумна причина нема. Жалам, тоа е вистината. Она може сеа до бескрај да те лаже дека случајно и се испуштило и дека никогаш не помислила на него, ама гледај реално ако не помислила како можела името негово да го изговори Од друга страна тоа и не мора да значи дека таа не те сака, можеби те сака ете велиш сигурен си, и тоа што мислела на бившиот додека имала секс со тебе и не и е поврзано со некакви чувства туку чисто со страст, момент на сеќавање каков и бил сексот со него итн... Сега останува на тебе дали можеш да преминеш преку тоа и да го заборавиш тоа, верувај дека нема друга причина да го каже неговото име освен оваа што ти ја кажав. Ако си спремен да го заборавиш тоа продолжи си со неа без сомнежи, иако нонстоп ќе те копка, јас искрено не би може да поминам преку таква работа.
епа и јас размислуваав ко тебе, и стварно не знам шо да правам. Ама не кажав еден можеби важен детал што ме прави виновен тој ден пред случкава не знам зошто цел ден и го спомнував него. Претпоставувам дека ми беше глупаво пошто знаев дека била со него на одмор некогаш и си помислував дека се што прави со мене веќе го има правено, особено дека тој бил поголем од неа малце повеќе ( а јас тоа мн го мразам ) и си викам дека јас го спомнував на секое имам предизвикано ова што се случи. Или се лажам себеси? Ај барем ако ми е за утеха, беше во неубав момент во сексот ко го спомна
Па добро и ти не треба да спонуваш бивши и такви работи, ама тоа не ја оправудува нејзината постапка во никој случај. Како може ако си толку заљубен во партнерот да мислиш на друг додека имаш секс со него?
Анастасијаки, ова најдов на страната на ПЛИВА Bakterijska vaginoza koju izaziva Gardnerella vaginalis karakterizirana je sivobijelim iscjetkom mirisa po ribi i najčešća je upala rodnice. Može nastati bez obzira na spolnu aktivnost, iako je češća u spolno aktivnih žena.
да прашам нешто, колку е нормално на девојка онака која нема родено ни ништо да и се лачи млеко од дојките и што може тоа да биде?
Да не пиеш моментално некакви апчиња? Знам дека ова се јавува како несакана последица од конзумирање на некои видови лекови.
... И ова Вагиналитис Воспаление предизвикано од Гарденерелла вагиналис. Се пренесува со полов контакт. И мажот и жената можат да бидат здрави носители на болеста.
JAS За вакво нешто прв пат слушам зар е можно ова баш и мене ме интересира некој да одговори. Ако е така не ми треба млеко сама ке си произведувам
Сигурно ли е млеко? Најретко (10%) се јавува мастопатијата од тежок степен. Многу е важно дисплазијата од тежок степен правилно да се дијагностицира и да се диференцира од преинвазивниот карцином на дојката. Кај пациентките со таков наод, ризикот за рак на дојката е два до четири пати поголем од оној кај останатите жени. Клиничката слика на пациентките со мастопатија е болка во градите (мастодинија), присуство на јазли (најчесто во надворешниот горен квадрант) и исцедок (воденикав, млечнобел или крвав). Спојлер http://www.organdziski.com/dojka.php Си била на лекар?