Аман бе луѓе (за новите зборам) како прво јавен е форумот,земете исчитајте ги прво тие теми,има еден куп баш за овие прашања,за сексот,забременување,симптоми и.т.н.,не прашувајте глупости ајде,шо е ова? Или ете ви Гугл,прво прочитајте се за забременување и за равивањето на бебето,па после прашајте некое прашање шо има смисла,мислам не сум против да праша секој шо е во мака,ама па ова е безвеза.Ти на 17 год. сакаш да имаш односи и секс,а не си ич информирана,па срамота е! А ти Ненаситни право на гинеколог,и да си бремена и да не си,ќе видиш,ако е хормонско ќе ти даде лекови,ако е веќе бебе,ќе одиш редовно на прегледи,за да се следи бременоста,пошто како шо разбрав си над 3 месеци,ако веќе си бремена,нема шанси и за аборт,а и не се препорачува,за да немаш проблеми во иднина.
не не,не се три месеци.добив во јули се беше во ред тогаш.само овој месец ми касни..а иам некои симптоми затоа и прашав за некој добар гинеколог..
400 денари е во Систина за 15 минути имаш резултати, и да ти зимаат податоци, прво на информации ти бараат лична карта, а потоа во лабораторија име и презиме кажуваш И не треба никакво закажување
Епа тогаш ок,некогаш прескокнува,мене едно лето цело не ми дојде ич,тоа пред 2-3 години,ич не ми беше регуларна,ама сега е ок.Тогаш најубаво земи си и тест за бременост ти,да си се осигураш,а за ова секако најубаво да одиш на гинеколог,треба да видат на ехо и да ти испитаат хормони,па да се знае точно,а и ќе се види и ако си бремена од тестот со крв,секако ќе треба и за хормоните.Јас не сум во Мк,еве нека кажат другите феминки гинеколог.А и кажи ти за кој град сакаш,сегде има добри гинеколози.И не се плаши да одиш,подобро навреме оди,секако секоја феминка треба да прави минимум еден преглед годишно,недај Боже и за болести секакви,има и мн. сериозни како што знаете,кои некогаш касно даваат симптоми,а можат да се откријат за време на преглед.
Леле пред некој ден ми се јави бело прање.. оноа ептен густо и со непријатен мириз. Некна се измив со сода бикарбона растворена во вода а вчера со сребрена вода... и некако ми се поднамали ама колку редовно треба да се одмијам со сребрена вода ? И дали да пробам со камилица?
Ај повеќе со камилица пробај, секој ден прави го тоа, без гајле нормално е тоа, Секој ден миј се нема ништо лошо да направиш
Да да имаат нозе и одат нагоре. Ај малку земи некоја енциклопедија од дома за сексуално образование, или еве ти го гугл, па погуглај малку за да се едуцираш. Сакате да имате сексуални односи, а основни работи немате појма.
Ц ц ц па уште и се буни и уште се обидва да докажи... Чупеееееее оди допиј си го млекцето,и додека го пиеш земи си учебник акушерство и се да прочиташ од него! Каков секс бе за вас,после мајки на 15 год. шо незнат сами да се гледаат,а и аборти ќе прат и се,па јас да сум,на никоја не и прам аборт,освен по медицински тешки причини. Леле ама треба едно сексуално образование,пошто овие појма немаат! И то да се воведи од 5то оделение!
Мене најсмешно, т.е. најжално ми е што девојката не е скината, а веќе еднаш има пишувано на форумот дека пиела Норлево, сега втор пат е на мака, а додека да ја скинат може и ќе се породи, или кој знае што друго...
Лелеле лоша работа ова необразованоста ... Жалмо и смешно Ја незнам како вака необразовани стапуваат во сексуални односи . И на своја рака се самите доктори .. да пиеш Норлево боже сачувај
И таа кутричката да не е како една стара бабичка што ја знам на кој дедото и свршил малку над коленото додека се задевале во плевната и бремена после тоа останала, па после пак и еве ја 5 деца од колено Аманте бе дечиња информирајте се да не ви се смее светов, ако не за свето атер за вашето здравје
Мојата мајка доби 2 пати менструација во рок од 15 дена.. првиот пат на 25ти август и сега на 12ти септември .. Што би можело да значи? Дали има некое хормонско пореметување, или не е ништо сериозно? фала однапред
не е ништо, обично знае да биде поради стрес, нервози или слично. ми се случувало и на мене и на мои позанички. не е опасно
И јас мислам дека не е ништо страшно. Ако овој месец добила два пати има шанса наредниот да има изостанок на менструација.
здраво девојки со дечкоми имавме односи предходната недела викендот.. но со заштита.. само неколку пати без али ништо не се деси одма се тргна.. и не ни сврши (кога беше без заштита). имавме после тоа пак али со заштита и еднаш двапати без... деновиве ми се плодни и сеа некако мн ме боли стомакот. па ме фаќа некоја паника.. знам дека нема шанси да има нешто али паника.. :/ иначе имав пмс до предходната недела до средата.. така да тоа се дешаваше после од кога ми завршти пмс... место за паника има или да не паничам.. )) поззз *