Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интимни прашања, проблеми и совети

Дискусија во 'Секс' започната од skorpija1992, 30 јануари 2010.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Анастасијаки, а каква бактерија имаш?
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Факт е дека бактерииите се лечат со антибиотици АЛИ, во такви ситуации како што е кај тебе на пр. или во нос се лечи локално. Е затоа ти се препишани вагиналети и претпоставувам дека се на база на антибиотик (а ако не се, тогаш се пие антибиотик и тоа оној кој е осетлив на таа бактерија. Има дијаграм на антибиотици на кои реагираа таа бактерија која ти е најдена при испитување).
    Антибиотик се пие 10 дена а вагиналети се ставаат цела терапија -колку има во кутијата. Се прави пауза од 7 дена за да се исчисти организмот од антибиотик и пак се зема брис.
    Незнам која бактерија ти е најдена али обично сите ги имаме тие бактерии или сме во постојан допир со нив, при мал пад на имунитетот тие се активираат. Значи, мора да си го дигнеш имунитетот ако сакаш за краток период да се излечиш, инаку со месеци ќе се бавташ по лекари.
    Амоксиклавот е антибиотик кој влијае на широк спектар на бактерии, лесно се апсорбира и е без нус појави за организмот (сите знаеме дека е штетно да се пијат антибиотици па затоа амоксиклавот се третира како антибиотик кој е помалку штетен за организмот).
     
  3. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Гарднерела Вагиналис, ја имам одамна, пишав тука тогаш кога ми ја открија, ама не верував на разултатите од микробиологија, мислев дека грешат нешто и за сигурно отидов во Систина и таму ми ја најдоа истава.
    За амоксиклавот точно е тоа што пишала Славица пишува на упатството дека лечи бактерии, а вагиналетите се 10 во кутија, но ниту еден гинеколог ми кажа да ја ставам цела доза и затоа ми е чудно сега :| Бактерииве ми се јавуваат заради намалена микрофлора на вагината, на секој резултат го пишува тоа, а никој ништо не ми кажува заради тоа сум гневна на гинеколозиве :devil: :x и отидов во аптека си земав лактогин капсули за нормализирање на флората :)
     
  4. miss-cherry

    miss-cherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    додека имавме секс со заштита сврши, после тоа кога имавме без не. зашто тоа беше мн кратко мислам само го стаи и одма се тргна. и после тоа втор пат со заштита. ова без беше мн кратко.. да кажам ни 2 мин. секогаш се пазиме.. иначе деновиве мн ми се лоши у стомак..како да ми се гади деновиве сеуште ми се плодни.. па ме фака паника од ова што ми се лоши. тест за бременост да направам од кога ке ми завршат плодните денови или да чекам за да добијам пмс. па ако ми касни да направам?
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    5.393
    anastasijaki пиј си ги апчињата и ти и партнерот и вагиналети цело пакетче немај гајле плус кога ќе завршиш со флажилот земи си на база на кантарион вагиналети за да се смири внатрешната флора. Ништо срашно и јас сум ја имала се лечи и немај гајле но секако апчињата пиј ги. а не ти препиша и флажил апчиња? јас и партнерот пиевме и двајцата плус флажил апчиња? иако и оваа терапија што ја примаш е ок ;)
     
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    флажил вагиналети само, ама да не е многу да ги ставам сите 10? Инаку матичниот гинеколог ми рече дека бактеријава е пренослива, а други двајца гинеколози ми се насмејаа буквално кога прашав дали е пренослива :o |(
     
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    5.393
    јас флажилот секогаш сум го ставала 10 нема штета и плус си зимав и тие на база на кантарион. Јас на мојот гинеколог му кажувам дека имам незаштитен однос и барам да ми препише терапија за двајцата. се разбира дека е пренослива, меѓутоа секогаш мојата терапија била појака од неговата на пример јас ставам вагиналети пијам флажил и амоциклав тој само флажил. па еднаш пред две години двајцата пиевме клиндамицин капсули се зависно што имаш и која бактерија, но одкога почнавме да се лечиме двајцата јас имам само кандида. Меѓутоа 90% се терапии за двајцата пред се ти ќе се излечиш и ако ја има и тој пак ќе ти ја префрли и џабе се од почеток ;)
     
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Но јас секогаш имам заштитен однос, и не знам како сум ја добила :^) пред тоа имав стрептокока тип б сега оваа, мислам дека ми се јавуваат заради намалената микрофлора, а и од она што читав на нет, дека оваа бактерија се наоѓа во флората, но поради пад на имунитетот,намалување на пх вредноста доаѓа до нејзино активирање :^) а и двајца гинеколози истово што го прочитав ми го кажаа и сега навистина не знам , дали е или не е пренослива |(
    А може така да се примаат одеднаш два антибиотика, не е многу јако ? :?:
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    5.393
    па штом користите заштита нема место за паника. Испиј си ја терапијата и ќе се среди. Ете намалениот имунитет е причина за многу работи така и за оваа. Во секој случај терапијата не ти е штетна ;)
     
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Фала многу Карак, а после колку дена откако ќе престанам со флажилот може да ги ставам овие од кантарион?
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    5.393
    можеш едно по друго веднаш нема штета кантарионот се лесни мислам дека не содржеа толкаво количество на антибиотик или може и немаа антибиотик беа на природна база (оваа информација не ми е 100 % точна одамна немам користено и не им го знам точно составот) само знам нема проблем да ги користиш едно по друго ;)
     
  12. taj4i.18

    taj4i.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Феминки се надевам дека можете да ми дадете некој совeт :D Вака сега, имам дечко и можам да кажам дека ми се допаѓа како бакнува, како допира.. но сепак јас не се чуствувам "запалена" не знам до што е :( дали можеби сум нервозна или неможам доволно да се опуштам дали треба да мислам на нешто додека се "милуваме" ве молам дајте ми некој совет нешто.. тој свршува по неколку пати а јас неможам ниту еднаш :(
     
  13. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    луѓе сакам да прашам нешто незнаев каде па викам ајде овдека...имам еден проблем, на препоните имам гноеница веќе неколку месеци и никако да зарасне ,почна да ме згрижува како мозолче е ,не е поткожно влакно незнам што е и почна да ме загрижува никако да помине,дали имал некој вакво искуство ?
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Сигурно не си доволно опуштена и мислите ти летаат некаде. Па, додека сте заедно не мисли на ништо друго, само на тоа што го правите во моментот, и веднаш ќе забележиш разлика. :)
     
  15. blackstyle

    blackstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :) Денес забележав дека срамните усни ми се потечени и тоа ме загрижува и не знам што да превземам :( Патем не сум имала односи подолго време и не чувствувам никаква болка.Некој со слично искуство,совет :worried:
     
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607

    едноставно пробај ти да владееш со ситуацијата.. така ке си се наместиш како ти е наубаво :) и на него ке му биде повозбудливо затоа што машките сакаат девојки што знаат да владеат.. посебно во сексот :) гуд лак :)
     
  17. taj4i.18

    taj4i.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Па да, мора да признаам дека додека сум со него размислувам на тоа дали му се допаѓа тоа што го правам, да не погрешам нешто, малку ми е и срам затоа што не се чуствувам многу искусна за оние поинтимните работи не еве следниот пат ке пробам да уживам во моментот :) Ти благодарам на советот :*
     
  18. deer

    deer Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    39
    Здраво, ве читам скоро 2 години редовно и за многу проблеми, сте ми помогнале со вашите постови т.е сум го нашла одговорот и за тоа сум ви благодарна. Но има веке 6 месеци ме мачи, еден за мене голем проблем. Идам со еден дечко веке 6 месеци но проблемот е што тој има девојка, со која иде уште одкако се запознавме и постојано ми ветува, дека ке раскинат но никако да го направи тоа секогаш наога оправдување и секогаш вика дека нареднава недела, ке го среди тоа но тоа никако да се случи.
    Знам ке ме обвинувате мене дека јас сум таа што им се вмешала, во врската но што да правам премногу го сакам и верувам дека и тој мене, бидејки е многу нежен со мене ми кажува зборови што никој досега не ми ги кажал, и многу ми е убаво кога сме заедно. Се гледаме често кога не е со неа бидејки живееме, блиску преку 2 куќи, и секогаш кога е сам ми се јавува а нозеве како сами да ми трчаат, накај него иаку сум свесна дека неможе повеке вака.
    Секогаш кога ке ја отворам таа теме тој се обидува да ја избегне и почнува да ме бакнува по вратот, бидејки ми ја знае слабата точка како да ме запали, и изговорот му е: „Дај сега остави ја неа да го искористиме времево да си поминеме убаво ти реков ке го средам тоа“ и неможам да се воздржам како да ме магепсува, и си викам ајде уште овој пат и повеке не доколку не раскине и секој пак така. Само да напоменам дека имаме редовно односи и презадоволна сум јас а и тој ми вика дека го палам многу повеке од неа, неколку пати не има видено како седиме во соба но воопшто не с ни сомнева бидејкизнае дека сме соседи, и и мисли дека е тоа само кафе муабет, дури и е многу блиска со мене секогаш ме бакнува кога ке се видиме, зборуваме на најразлични теми со еден збор многу е отворена со мене и понекогаш ми е непријатно да ја гледам во очи, навистина несум свесна што да правам.
     
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Прашањево ти е за „Љубовни проблеми“, не за тука.
     
  20. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Ма не нема шанса да те обвинуваме како така. Извини што ќе ти кажам ама освен што и го земаш дечкото на таа девојка уште и лицемерна си. Не знам каков помош бараш овде. Еве сама си кажуваш дека тој тебе 6 месеци те лаже и те користи, а да те сакал уште одма ќе раскинел со неа. Знаеш што совет би ти дала: Оди и изгубисе од нивните животи нема место за тебе таму!