Девојче што ти е тебе? Кој дел од твојата ситуација не ти е јасен? Остави ти тоа дека го сакаш и се останато... која си ти во неговиот живот? 6 месеци ти ветува дека ќе раскине, и уште е со неа, тоа за тебе што значи? Дека те сака повеќе од се, и дека не те сака само за секс? Па ти веќе си го подадила газот, што очекуваш, за жена да те земе? Да ти кажам, никогаш не сум била иронична и сурова во советите, ама така сум изнервирана, па и кога те прочитав тебе.......... што не ти е јасно? Дека си лицемерка? Си! ете да ти кажам. Јас не знам како не ти е срам да разговараш, да седеш со неа... како можеш воопшто да дозволиш тоа да се случи. Па и тој посеркото... уште и додека е напален како мајмун ветува, па арно може тогаш да вети, за да си го пикне и око да не му трепне... А отпосле? После комшике оди треси дипли, кој те е*е. Мислам дека е доволно од јасна ситуацијата твоја, и сама ја знаеш, ама некаде длабоко во тебе имаш чувство дека е поинаку, а не е. Тој има девојка, ја сака според околностите... ако имал чувства толку силни за тебе, немало да чека 6 месеци. Едноставно е, дечкото си сака забава, да си смене во креветот. А во овој случај, ти си таа замена. Себичен е, и немој да мислиш дека му е гајле дали си повредена ти или не, дали си заљубена или не..... Тој си го прави ќеифот, а твое е дали ќе продолжиш да го задоволуваш или ќе се тргнеш настрана за да не бидиш повредена, да не бидеш лицемерка... а и причина за некој да страда! И проблемов не ти е за тука, во оваа тема.
Ако сте имале секс можно е.Не значи дека мора на првиот пат да тече крв.Кај некого се случува воопшто и да не потече.
Јас пак да прашам за мислење пошто уште сум во двоумење дали секогаш терапијата која се зема орално и вагиналетите мора да се користат истовремено? По моја логика и по она што сум слушала е така, ама гинекологот ми кажа прво да ги испијам таблетите па после вагиналети да ставам, и еве сега пола саат се мислам дали да ја ставам вагиналетата или не тогаш кога ми го кажа ова беше нешто во гужва дали погреши уф
Значи тоа беше само една вечер,беше вторник,среда немав ништо,а во четврток ми потече и ми траеше 4-5 дена,е сегаа незнам дали е последица од односот,или сум добила бидејчи тој период требаше и да ми дојдее..и сега сум во дилема
Јас мислам дека си добила, пошто ем тогаш требало, ем 4-5 дена траеше. Ти не си запримети по количината дали е како друг пат?
Не може како последица на секс да имаш толку обемно крварење кое трае по 4-5 дена.Сигурно си добила менструација.Крварењето после секс е индивидуално, но може да трае најмногу ден-два.
Можеби ќе ми се смеете ама морав да си прашам, односно да си споделам мислење, зашто искрено не знам што ќе да е моево. Си фатив едно момченце после малку подолг период ама имаме проблемче и тоа баш кај сексот. Е сега што се случува. Типот кога ќе го стави во мене му се спушта. Искрено не знам што е проблемот. Обично велат дека девојката е проблемот, недоволно го пали машкото ама верувајте во случајов не е така. Искрено не знам што е проблемот ама веќе е проблем зашто се случува секогаш кога се обидуваме да имаме односи. Искрено благодарам за секој совет и мислење, нема лутиш што и да е муабетот.
Користете ли кондом? Ако користите тогаш кондомот го така кажано загушува пенисот. А девојката да е проблемот ? Не ми се верува. Како кога претходно се запалил, а кога влегол во дупката се исплашил До него ќе да е...
Не е до тебе проблемот верувај, ова се случува често кај машките што користат кондом, па неможат да ја одржат ерекцијата. А некогаш може да се случи и од преголема возбуда, нервоза, напнатост... или па има некој проблем а не сака да ти каже. Во секој случај разговарајте за ова.
Ми касни веќе три дена... Направив два теста и излегоа негативни, ама после на кутијата видов дека покажуваат бременост ако има 10 дена од зачнувањето. Ги направив пред два дена. Не ми каснело до сега, освен еднаш ама тогаш имав симптоми на добивање. Секогаш ми доача на точно 27 дена. Сега ќе го направам тој Sure Check.. На кутијата пишува дека може во секое време од денот ама јас знам дека нивото на хормонот е највисок во урината наутро.. Прашањето ми беше, дали ќе се зголеми нивото на хормонот ако не пијам вода едно два саати и го направам во 8? Така пишуваше во еден проспект ама да се убијам ако ми текнува како точно беше. Не ми се чека до утре сабајле ќе си ја искубам косава (едит: не е за смајли работата)
Ако ти бил ризичниот однос во плодните денови, со тоа што го болдирав значи дека не си трудна и не се нервирај
Незнаев каде да го сместам прашањето па се решив тука, требаше на 12 да добијам но од тогаш па се до денес добив кафеав исцедок по 2-3 капки на ден (го добивам тоа од кога ке ми заврши 1-2 дена но сега е обратно и тоа 1 недела трае) дали некој знае што би можело да биде дали сте имале такво нешто искрено се загрижив а неможам да отидам на генеколог пошо нели чекав да добијам па да ми заврши па да се депилирам па да одам Чаре некое ??
Не е проблемот ни до тебе ниту до него. Инаку момчето твое треба да престане да мисли на тоа зошто колку повеќе мисли толку повеќе му се случува. Едноставно треба да се опуштите и да не размислувате за тоа, посебно он. Плус може и да проба со вијагра за почеток додека не добие самодоверба или некои афродизијаци... како и да е... не го напнувај... не форсирај... полека и ќе биде се... плус ако не го возбудуваш и ако е до тебе нема ни да можете да почнете... евентуално и да го прашаш можеби што повеќр го возбудува...
Е и јас си викам не се нервирај ама еве веќе четврти ден е.. Не ми е време сега за тоа. Јас сум си баксуз по природа. Sure Check покажува бременост следниот ден од зачнување? Само тоа ми се врти во глава, што не направив за да добијам, дури и некои бабини совети со скокање наназад (значи чим тоа сум пробала сум се напнала). Има тест што покажува бременост на 5-6 дена од ризичниот однос?
Мислам дека имаше еден, баш го имам гледано во каталогот на Зегин safe clear мислам се викаше така поскап беше може едно 600 денари, не ме држи за збор. Најубаво почекај уште 2 дена и од 8 миот ден веќе можеш да направиш тест преку крв, најсигурно е
Sure Chech покажува бременост уште од првиот ден откако ти касни, значи ако го направиш и сега резултатот ќе биде точен. А имаш ли навистина причина за паника? Сврши ли во тебе, затоа што ако не го направил тоа, нема зошто да се нервираш. Може од друго да ти касни. Ајде уште утре направи тест и кажи тука што испаднало. Со среќа!
anastasijaki знаеш колку е тест преку крв? Јас ќе почекам уште некој ден да добијам, ако не добијам утре и задутре ќе одам да ми земат крв, а после на гинеколог. Ако не е бременост тогаш е цистичка или нешто такво.. Едит: Ќе го направм утре сабајле, тогаш има најголема концентрација на hcg во урина. Ќе ви пишам попладне значи
девојки имам еден проблем, кој можеби не е некој проблем но мене ме зачудува што се случува со мене имам 16,5 години и досега не ми се има случено да мастурбирам ниту секој ден а камоли неколку пати во текот на еден исти ден, но еве последните денови и тоа, ми се случува. Како што реков тоа, не ми се случуваше кога бев на почетокот на пубертетот а еве сега кога сум на крајот почнав да се чувствувам како да сум на почетокот на пубертетот, па се прашувам дали само мене ми се случува, или не сум единствена. И само да напоменам и оргазмите се некако посилни за разлика од порано, колку што успеав да прочитам на форумов во темата мастурбација, отприлика сите викаат дека мастурбираат неколку пати неделно, никаде не сретнав некоја девојка да мастурбира по 3 пати во текот на денот како, што тоа, ми се случува мене во последно време. Бидејки немам со кого да поразговарам на таа тема решив со вас да го споделам овој „проблем“ се обидов со мајками да поразговарам за ова но таа ми вика дека она кога била на мои години, тоа било табу и го правела тоа многу ретко, а сега кога е толку време во брак, ми вели дека ретко и се случува да мастурбира, можеби еднаш месечно иако вели за тоа немам никаква потреба. Па затоа ве молам доколку има некоја од вас одговор и искуство од овој тип би можела да ми помогне.