Бројче, едно време ставав Гинекс (тие се на природна база, мислам дека беа чајно дрво и ајдучка трева) и јас се прашував зашто го имам тоа чувство на болка во долниот дел на стомакот, дури и ме печеше многу кога ќе ја ставам вагиналетата, и престанав да ги користам, отидов на гинеколог и ми препиша Gyno-Daktarin и се решив од кандидата. Во врска со отворањето... јас ја сечам со ножичка од страната малку и потоа лесно ја вадам.
Луѓе имав односи со дечко ми без кондом некој 5 мин а после со кондом и не сврши во мене ама 2-3 дена по ред имам болки во долниот дел на стомакот ко грчеви на моменти мн се плашам
Значи оваа појава не е нормална? Што ти кажа гинекологот? Мене не ме пече, ама имам некоја тапа болка, се издржува болката, ама зошто така да е.
Па штом несвршил во тебе,не би требало да се секираш...Можи да ти пристигне црвената тетка па да имаш болки.(Или ако сте претерале во уживањето можно е исто) За секој случај,штом толку се плашиш,купи си еден тест,да ти помини мислата,а и ќе видиш што ќе покажи...
Можно е, не се сеќавам добро ама мислам дека и други феминки така се жалеа после прв однос.Прочитај во таа тема...
вчера со дечко ми при односот кондомот ни излезе ии остана во мене мислам мал дел го фатив го извадов..ни беше 2ра партија немаше значи свршено во кондомот нов беше..дали има место за паника ?
Добро, ама малку не ми е јасна твојава ситуација. Кондомот остана во тебе, па одма приметивте и прекинавте, или? Имаше ли некаков контакт "на голо" ?
[/quote] Добро, ама малку не ми е јасна твојава ситуација. Кондомот остана во тебе, па одма приметивте и прекинавте, или? Имаше ли некаков контакт "на голо" ?[/quote] одма приметивме и престанавме немаше контакт на голо
Месецов добив менструација две недели подоцна (бев настината + бев под стрес и се нервирав, затоа). Имав многу малку, не како вообичаено и ми траеше една недела како секогаш. Ми заврши пред 2-3 дена и еве сега гледам дека пак сум добила. Нормално ли е или да одам на лекар? Може е смешно прашањево, ама стварно не знам што да правам.
Можеш да одиш на гинеколог, да ти направи ехо на јајниците. И мене вака како тебе ми се случи, па испадна цисти на јајниците од стрес, ама ништо страшно, ми даде витамински таблети да си го појачам имунитетот, и толку..
Мојата матична тема. ... значиии, ги ставав вагиналетите само два дена (а треба цело пакување нели), вториот ден кога ја ставив почна да ме боли стомак многу, еве и денеска на моменти многу јако ме притиска нешто, како да ми тежи стомакот, како да ми е напнат, малку и подуен ми е и не можам да стојам повеќе од 5 минути (ама на моменти ова,з начи не постојано). Друго, постојано ми се оди во вц како преладена да сум. Трето, денеска имам обилен исцедок, мирисот е тој што ми беше, само помешан со тој од вагиналетката. Е сега, прашањето ми е, што е работава? Вагиналетка синоќа не ставив дека ме болеше стомак од нив. Ама денеска пак имам обилен исцедок... нормално е? Нормално е да го има сеуште тој мирис? Да ги ставам или не? Леле се испаничив до 100ка ако ви се верува. Што ми се случува?
па не верувам дека е нешто сериозно.најдобро утре прашај кај гинекологот.Јас имам ставано вагинални и никогаш не ме болел стомакот можеби те боли од настин или ако си во денови на овулација.