Добро а какви вагиналети зема? Другарка моја користеше од кантарион на докторс и беше презадоволна и се изгуби белото прање, исцедокот кој го имаш можеби е истиот од пред тоа , најверојатно имаш некоја бактерија па сега таа кулминирала не ми се верува дека сето ова ќе се случува од вагиналети на природна база Понеделник оди на гинеколог и нека ти земе микробиолошки брисеви не одолговлекувај ни ден И не ги ставај повеќе овие
Од кантарион се вагиналетите. И да, сега имам и чешање плус, а претходно немав, можеби на некој момент онака само, ама сега и внатре мислам дека ме чеша.
Поради болдираниот дел мислам дека може да станува збор и за бубрежна инфекција(имав пред неколку год.не е ништо страшно) во секој случај ако нема подобрување по употребата се оди на преглед и во твојов случај и на дополнителни лабораториски испитувања веројатно. Нема потреба од паника, било каква инфекција - бактериска или габична ќе се санира со соодветна терапија, .
да не си нешто алергична на кантарион? навистина не знам, ама за кантарионот знам само дека многу помагал, дури и мајка ми ми кажуваше уште пред многу години топеле тампон со кантарионово масло и го ставале, лично и мене многу ми помогна маслото за една бубуличка за која мислев ќе одам под нож и ептен ми е чудно ова да го направат вагиналетиве. Рокот добар им беше така?
Toa што постојано ми се оди во вц започна откако ја ставив и првата вагиналета, ама веќе од втората многу повеќе. А тоа беше во моментот кога си ја ставив длабоко значи, и како да притиснав нешто (лелее сигурно сум смешна, ама си го опишувам чувството), и оттогаш го имам она чувство на цистит. Еве сега се напив Палин, па ќе видам дали ќе ми се смири. Ама не знам дали е тоа од вагиналетата. Има ли некоја поврзаност нејзиното дејство со бубрези, мочни канали? Нема нели? Знам дека кантарионот е добар за вакви работи, ама ете кај мене изгледа не е како кај сите. А рокот таман е, не е поминат.
Јас имав од почеток така зачестена потреба од уринирање, а кога ќе пробав после не знам кој пат нормално немаше ништо за исфрлање па излезе дека е инфекција на бубрези и примав терапија па се среди јас мислев онака ко лаик дека е некоја инфекција поврзана со репродуктивниот систем. Ама во твојот случај тоа се случило после употребата на вагиналетата. Веројатно оваа вагиналета не е наменета за инфекцијата која ја имаш, ако е обична кандида колку што знам нема мирис и има беличест исцедок, во секој случај треба да посетиш доктор и прекини со употребата на вагиналетите баш читав на упатсво на едни што ги имам дома и пишува ако се засилуваат ефектите и нема подобрување да се прекине со нивната употреба.
2468, по симптомите што ги кажуваш мислам дека се разботи за настинка или инфекција. Болките во стомакот и зачестената потреба за во wc-можно е да станува збор за цистит или нешто слично. Сепак оди на лекар и види што е работата, немој да оставаш вака, не се игра со овие работи.
Ај и јас да си ја кажам маката...значи од пред извесен период, ми се појави болка во десниот долен дел за време на односи,но тоа се случува ако на пример имам два-три дена по ред односи и ми се јавува болката,а кога ќе апстинирам ден-два болката изчезнува за потоа после неколку односи пак ми се појавува...секако за време на односите...а и имам обилен исцедок на кој почна да му се променува миризбата...знае ли некоја од вас што може да е ова,сеуште не сум посетила гинеколог за проблемов
Најверојатно се работи за некаква инфекција, таквата болка каква што ја споменуваш најчесто се појавува доколку грлото на матката е задебелено ( не е тоа ништо страшно - СЕ РЕШАВА! ) , авагиналниот исцедок кој почнал дури миризбата да ја менува јасно кажува дека се работи за инфекција, бактерија..... Под итно да идеш на гинеколог, немој воопшто да должиш со време, полесно се решаваат работите кога навреме се реагира! Верувај не е ништо страшно ова што ти се случува, но мора да се санира. Поздравче
Фала ти многу,искрено многу се исплашив да не е нешто посериозно...во секој случај морам да посетам гинеколог..поздрав
здраво девојки денес имавме секс со дечкоми и после тоа од кога завршивме мн осекав болка во долниот дел од прилика кај јајниците.. незнам од што може да ми биде тоа. ? :/ првпат така ми се дешава.. и мн се уплашив, дали можеби дека треба да добијам, или нз.. и при допир ме болеше.. од што може ова да биде? поздрав
епа можно е.. дека нешто бев болна ама па тоа беше грлото и носот нема никаква врска со ова.. ?! а можно е од настинатост да ми се јавува ова? мн ме фати паника.. :ѕ
Денес бев на гинеколог. Докторката ми зеде брис за ПАП тестот и потоа ме прегледа на ехото. Ми кажа дека се е во ред со органите. Само матката ми бегала на левата страна. Рече дека до тоа дошло поради некогашно воспаление на левиот јајник и се изместила. Дека не можа да се врати на центарот, ама дека не ништо страшно. Ја прашав дали, некогаш, би имала проблеми во бременост и сл. ми кажа дека не, и дека секоја втора жена го има ова. Па да ве прашам, да не има уште некоја женска со изместена матка?
Женски дали знаете нешто од што побрзо може да ми дојде мензисот? Ми касни една недела и сакам ако може со нешто да се убрза да ми дојде зошто ПМС-во веќе не се трпи . Знам за пивски квасец ама не сум пробала , а сега дознав и аспиринот демек убрзувало Пробал некој нешто од ова? Или нешто друго? Фала однапред
Јас мислам дека ти касни од тоа што постојано мислиш на тоа и очекуваш да добиеш. Или можеби имаш некои стресови деновиве, па и заради променливото време е можно... Во секој случај мислам дека не треба да правиш ништо друго, само опушти се и одма ќе добиеш. Штом имаш ПМС, очекувај си во секој момент.
Можеш циклус да предизвикаш со таблетки Прималут-нор, меѓутоа пак би ти препорачала консултација со лекар и да не ги земаш на своја рака, бидејќи се хормонски.
Јас колку што знам после бременост матката можи пак да си се врати на место и да е нормална.А иначе и јас се сомневав дека имам изместена матка,пошто имам болка од десна страна при односи (само при определени услови ) Еднаш кога бев на гинеколог,таа не ми кажа,но треба повторно да одам и да проверам.Не се секирај,сигурно не си само ти. Патем прочитав и дека голем процент жени имаат изместена матка,ама тоа не е проблем,а жените не ни знаат.Тоа ти е како да имаш крив или "чпрт" нос или клемпави уши од раѓање.Така кај матката си има разни варијации
ич немој да се секираш, и мојата матка е забегана на левата страна, и мене гинеколог ми кажа дека нее ништо страшно