Moжеби поради овулацијата имаш крварење, не е ништо страшно, кај некои девојки се случува и за време на овулација да им протече. По недела дена би требало и да добиеш. Доколку не ти дојде како и обично што ти доаѓа, можеби имаш поместување на циклусот( поради стрес, нервоза нешто, промена на клима )
Требаше да добијам на 30 сеп ама поради што имав за прв пат односи ми доцнеше вчера вечерта имав соем малку крв мислев дека сум добила ама сабајлево немав баш ништо
Би те советувала да почекаш да помине празников, па оди на гинеколог, ако не е бременост може да ти доцни од здравствени причини.
Феминки, се надевам дека ќе го добијам потребниот совет од вас. Имам чувство како сексот со дечко ми да ни станува монотон. И двајцата се трудиме тоа да не биде така, но сепак... Со оглед на тоа што знам колку е важен сексот за една врска, би сакала да ми дадете некој совет, како да го изненадам, како да внесам нешто ново и да ја разбијам монотонијата. Размислував да пробаме секс во тројка, но се плашам дека ќе го направам љубоморен со оглед на тоа што имамвме некои проблеми во врската неодамна. Секој совет од вас ми е добредојден...
Стагнирајте некое време, така ќе се посакувате уште повеќе. Сменете локација, заминете некаде на викенд. Поднови се со некој нов комплет, кога ти се чувствуваш убаво, верувај дека тој два пати повеќе ужива од тебе. Имаш многу масла кои ја зголемуваат возбудата, стапчиња, убава атмосфера... А тоа за секс во тројка, не треба и не може да го направиш како изненадување, дека не знаеш како ќе реагира. Најпрво разговарај со него и види ја неговата реакција па после дејствувај. На слепо немој ни да помислиш. Ќе останеш тогаш и без овој секс што го имаш.
Не знам баш дали сексот во тројка е правилното решение за разбивање монотонија, мислам дека е нож со две острици или ќе биде врвно задоволство или врвно разочарување. Во секој случај сите вклучуваме по нешто такво во фантазии, ама реализацијата си влече извесни ризици... Мој совет е да ја прекинете рутината ако ја имате бидејќи повеќето парови имаат секс по некоја шема пр. орален, па мисионерска поза, па премин на доги - и не отстапуваат од сценариото. Пример одлагање на моментот на пенетрација, претходно со многу експлицитно прераскажување меѓусебно на сексуални фантазии подгревани со вино или др. алкохол по ваш избор, на нова невообичаена локација...
Купи си некоја добра секси долна облека и нормално доведи го до лудило. Накарај го да пробувате разни пози ако не ти е задоволи го и орално.
Секс во тројка со женско-не ми се верува дека би бил љубоморен. Може да го зачиниш сексот со вибратор, не значи ако е женска играчка дека не може и мажот додатно да се напали. Имаш доста избор на кожена долна облека, кожени комплети и сл. Лисици можеш да употребиш. Може една вечер да бидеш садо мазо девојка, а веќе наредната да се преправиш во секси докторка, полицајка, униформирана ученичка, значи било што ќе ти падне на памет а на него би му било секси. Менување на пози, правење различни егзибиции, ко што ти пишале погоре сменете ја рутината, местото, начинот. Нека понекогаш имате брз секс, а понекогаш нека трае подолго. Good luck!
девојки, не знам дали некогаш некоја од вас имала проблоем со БАРТОЛОНИЕВА ЖЛЕЗДА. Некогаш при однос, или после однос едната вагинална усна ми потекува, се прави како полна ќеса , не знам зошто е тоа, прашав доктор ми рече доколку има зголемено ниво на секрет или бело прање било нормално ... Дали вие нешто знаете околу тоа, стварно ме заплашува веќе
Значи дека станува за воспаление доколку ги имаш следниве симптоми:усните ти се напнати,црвени,болни и имаш температура.Ова е предизвикано од бактерија која го затнува изводниот канал на жлездата и на тоа место се насобира секрет зашто неможе да истече.Се лекува со антибиотици и инцизија ако нема никаква промена од антибиотиците.Мислам дека е најдобро да посетиш доктор за да не настане некој поголем проблем.Позз
И мене ми се случува истото понекогаш. Ќе посетам гинеколог, ама ако знае некој нека објасни поопширно.
Здраво Девојки.Овде Теодор.Нов член на форумов.Гледам ..доста профили од машки со глупи прашања на кој сепак сте одговориле.Да сефтосам и јас.Сакам да прашам што би можело една девојка да ја двоуми губењето невиност?(добро,знам болки крв бременост?но што друго емотивно освен ова?!) Според вас колку е нормална граница за губење невиност и како е кај нас во државава и градов?! Дали преферирате петинг повеќе него ли секс?Зашто постој страв за петинг (неможе да ти пенетрира колку и да е напален ако ти не му дадеш !) Стрип покер дали мислите дека е начин за зачинување на животот на вашиот партнер? И НАЈВАЖНО преферирате ли запознавање од форум на фб од фб во живо ?! (според мене бедно е ..но сепак?!?!)
Здраво Теодор. Добредојде, ама си го сефтосал форумов, директно во секс тема 1. Страв дека ќе биде искористена и откачена, страв дека ќе се раскаже наоколу и сл., а сето тоа произлегува од несигурноста во партнерот. 2. Според мене би требало барем да се почека додека девојката е доволно физички развиена и психички спремна, барем да наполни 17-18 год., иако кај нас премногу рано девојките ја губат својата невиност (14-15 год., се` уште деца за жал ), па потоа се консултираат по форуми дали се бремени. 3. Преферирам секс, ама види колку години имам , иако петингот е добар како предигра. Мене не било страв од петинг, немам одговор. 4. Стрип покер-НЕ, преферирам стриптиз. Последново прашање....Не.
Пошто темата сдп е заклучена , ќе прашам овде. Дали имате слушнато дека од железниот спекулум може да се фати некоја инфекција или слично? Другарка ми ми вели дека може и дека она купувала пластични од аптека ме фати страв некако сега, па зар тие не се стерилни