Не знам моето прашање каде да го сместам па си реков да прашам овде ако некоја од вас знае феминки, вака, пред некој ден забележав кај мојот сопруг на пенисот му излегле некои како израстоци ситни како кожички се, не болат, но не знае ни тој што е и од каде би можело да произлезат, прв пат ова му се дешава, и јас колку што памтам до сега го немам забележано тоа па ако некоја знае каде би можело да се обрати за совет и преглед да видиме што се тие израстоци и од каде. Однапред благодарам
Железниот спекулум е за повеќекратна употреба, не може да пренесе инфекции ако се работи според процедурата, односно ако е претходно стерилизиран, таман работа ако има таков приватен гинеколог кој би користел не стерилизиран спекулум, одн. претходно употребен и не стерилизиран ама се се случува, ако имаш толку страв најдобро купувај си за 1 употреба, не знам колку чинат. Прво треба да седнете и да имате искрен разговор со сопругот, дали тој или ти имате и друг сексуален партнер, ова можеби ќе ти звучи глупаво но мора да се расчисти за доброто на двајцата, потоа упат од матичен лекар и веднаш на кожно.
Ехеее Абе ја каде тргна? Ахахах, може да е само кандида, не можеш да нагаѓаш морате да се обратите на доктор, нека оди прво кај матичната..
Па што се однесува до тоа дали сопругот ме изневерува можам со сигурност да кажам 100 % NE, затоа што како прво сме заедно 24/7, второ си веруваме меѓусебно и трето ако веќе почнат такви лаги и изневерувања подобро не би биле во брак...... Инаку во погорниот пост акко што ми пиша Шана најверојатно ќе терба да се јавиме на дерматолог па таму да го прегледа да видиме за што станува збор...!
да не станува збор за кондиломи? можеби бил заразен со хпв вирус кој дури сега се активирал,зависно од имунитетот кај некој многу споро се активира. А исто може да станува збор и за http://www.zazdravje.com.mk/upload/cont ... le-papules) сепак најдобро е да се појде на уролог
да не станува збор за кондиломи? можеби бил заразен со хпв вирус кој дури сега се активирал,зависно од имунитетот кај некој многу споро се активира. А исто може да станува збор и за http://www.zazdravje.com.mk/upload/cont ... le-papules) сепак најдобро е да се појде на уролог [/quote] Па не се баш така и нема толку многу само 3,4 има така како мали кожни израстоци се не знам сега од кај да најдам слика за да покажам , не болат важно само што не се убави на изглед и затоа не знам зошто и од каде се појавиле
^ пиши на гугл, кондиломи кај машки можеш и на македонски и на англиски, и оди на слики и ќе видиш дали се исти/слични како кај маж ти, да не постирам тука слика, малце се гадни
Па не реков дека те изневерува само дека треба да поминете и преку тоа прашање, јас не ве познавам се извинувам, пред да споредуваш било какви слики најдобро обрати се на Клиника за дерматологија амбуланта СТД (STD ес ти ди )-сексуално преносливи болести, дозволи прво специјалист да утврди дијагноза па потоа гледај слики, за да не си всадиш непотребен страв.
Имам бело прање, и кога бев на гинеколог ми даде да пијам апчиња Дифлуконазол и вагиналети да ставам. Е сега, кај вагиналетите нема такво стапче со помош на кое би ги ставала, туку треба со раката. Немм ставано до сега вака, па да прашам, треба ли многу длабоко да се стави за да делува или ?
Хепи, бутни најдлабоко што можеш, мене така ме советуваше гинеколог. Секако да не се повредиш. А ако се како апчиња, а не како гел препорачливо е да ги намокриш малце за да ти биде полесно.
Дали деновите пред и за време на овулација може да боли стомак? Овие денови постојано ме боли стомакот во пределот на јајниците, па викам дали можно е да е от тоа
А може ли да има овулација иако немам добиено со месеци? ( имам нередовна менструација), помислив дека е тоа бидејќи видов денеска така растеглив бел исцедок
Пробај колку можеш подлабоко да ги ставиш и тоа пред спиење, пробај во лежачка положба. И јас си ги имам истите маки