Ме заинтересира твојов пост и морам да прашам....колку што знам постои Канестен маст и Канестен вагиналети, а тебе ти препишале Канестен орално да пиеш...или јас сум не доволно информирана или пак ти си згрешила Ги замолувам сите подобро информирани од мене да ми кажат дали постојат Канестен таблети за пиење
Јас знам дека има орални антимикотици, ама конкретно за Канестен немам слушнато. Се надевам не пиела девојкава вагиналети
јас знам дека има ама дали ги има и кај нас незнам сеуште ) али дајте бе луѓе зар девојката не би знаела до толку за да пие вагиналети
Има орални капсули, всушност флуконазол E кај нас дали ги има не знам.Флуконазол има сигурно, јас имам пиено, ама не од Канестен.
Хаха грешка сум напишала,фала богу како ќе пијам пу пу,во брзање напишав и нев погледнав сношти касно го пишав постот пред спиење,иначе не ги пиев орално не сум до толу заостаната хахахаха проблемот е што добив порано на 22 ден а обично ми доаѓа на 26 и таман бев ан гинеколог некни и ми рече да ги земам,јас се земав едно али ми останаа двете,али кога ќе ми заврши ке си купам ново пакување и ќе ги земам сите три.
Женски,абе во последно време имам некој бел исцедок,кој фаќа некогаш мааааалку на зеленкасто. Немам никакви болки во долниот дел на стомакот,не ме чеша,освен малку после секс,немам ни некое црвенило... Имав кандида летово, се напив капсула Дифлуканозол,и од тогаш немам кандида (пупу да не се урочам) ама ете сеа ми се појави исцедоков...Не менувам партнери па да фатам некоја друга инфекција,ниту одам во јавни тоалети,ниту пак се бришам со туѓи пешкири... Што може да е?Имам циста,ако влијае нешто тоа...
Се одлучивме со дечко ми да имаме односи за прв пат, се беше убаво, јас бев многу опуштена, сакав да го направам тоа.. тој проба да влезе, прво со кондом, но одеше тешко, потоа без кондом... најмногу што успеа да влезе беше околу половина прст, и мене ме болеше страшно многу, затоа прекинавме.. таа вечер ми течеше крв, и цела вечер додека сум спиела по малку... Другата вечер, пак проба да влезе, ама еептен малку, мене многу ме здоболе, и крв имаше, а ептен малку влезе... Болката мене ми е многу голема и крварењето, незнам дали е нормално толку многу... Дечкото ми е совршен, не се каам што се одлучив, и тоа после 9 месеци врска, туку сега други работи ме загрижуваат... Дали е нормално тоолку многу да боли и да тече крв и дали сум уште невина...
Нормално е не грижи се. Зависи кај секого е различно, издржи уште некој пат па ќе биде. Можете да користите лубрикант. Исто и две чашки вино, и ќе биде поопуштено.
Да, како може да си невина а да ти тече крв на велико ? Нормално е да те боли сега зависи од тебе колку ќе можеш да ја издржиш болката.. течењето крв е индивидуално, кај некои воопшто го нема.. Без секирања се ќе дојде во нормала !
Имаше вино, имаше свеќи, имаше предигра, и имаше и орален пред да пенетрира, има љубов и разбирање и се најубаво меѓу нас, опуштена бев, ама кога влезе се утепав плачејќи толку ме болеше.. Значи се е до мене.. да се одлучам да ја издржам болката до крај Ви благодарам..<3
Дечкото го дал своето очигледно Како што кажа ете од тебе зависи до некаде, поиздржливост.. и со тек на време се ќе се среди
болката е релативна работа,некогу боли повеќе некого помалку. Јас да ти кажам дека мене и првиот и вториот пат кога имавме односи мене ми течеше крв(обилно),а за болење па и не ме болеше многу. Кај секого е различно, а добро ти кажале погоре дека зависи и од тоа колку можеш да издржиш болка.
Ајде опушти се и ќе биде се во ред. Сите сме го поминале тоа природен процес во кој за да уживаш треба да се жртвуваш
Мораш да ја издржиш болката за после тоа да видиш што е вистинско уживање, така да не треба да се плашиш. Едноставно биди си опуштена, не се стегај и се ќе биде како што треба. И за крварењето не се плаши затоа што е најнормално.
Јас првпат слушам дека толкава болка како што девојката опишува и такво крварење "се најнормална работа што треба да се издржи", посебно не два пати по ред (различна вечер). Можеби и не се. Јас би те посоветувала да побараш стручно мислење, па и мини преглед не би бил на одмет. Спојлер Јас ништо од тоа немам никогаш доживеано, и затоа проблемов го сфатив поозбилно. Сепак Форумов не може да ги реши сите проблеми стручно.
Може да е некоја мала инфекција или настинка.Нај безбедно и нај природно лекче е вагиналети кантарион.
Вака во другата тема "дали сум бреемена" прашав ама не добив некој конкретен одговор...а многу се нервирам..синоќа имав напад на асма после 6 години...како и да е проблемот...пред 2 дена имас секс со заштита...поточно кондом...на крајот малце се лизна сперма и остана на неговиот стомак...денеска треба да добијам..и сум бесна како рис...имам само 2 симптома на бременост...блага болка во грбот и прееска бледи црвени капки (ова се 2 од 15 симптоми што ги објави фемина за бременост)... знам дека за почеток треба да се смирам бидејќи баш стресот може да биде предизвикувач на неколку часовното доцнење (бидејќи обично добивам на сабајле). Знам дека звулам лудничаво,но стварно овој стрес не ми помага и ми се појавуваат шумовите на срце и асмата...како вие се справувате во вакви моменти?...знам дека може претерувам но мислење од страна ми е навистина потребно