Мене некогаш ме болат двете гради пред добивање, значи не можам да ги допрам,дури неможам и градник да носат.Некогаш се случува и првиот ден кога че добијам да ме болат дури и потечени да ми бидат. Нормално е тоа. А за стомакот да не правиме муабет, ми се случувало до ВЦ да појдам и да не можам од ВЦ шољата да станам од болка.Немој да се секираш.Се случува.
Дечки, пишувам за една другарка. И касни скоро 20 дена, заштитен секс имала се како што треба ама уште нема добиено. Не и се редовни периодите ама ова е веќе претерано. Денес и се појавиле некои кафеави точки во гаќичките и е цела уплашена дека е трудна. Помош? Фала многу.
Чим се негативни не е проблем, сигурно била под стрес,или пиела антибиотици. Промена на клима исто е причина за доцнење на менструација. Или ако сака да биде најсигурна нека оди на гиниколог,Ништо не е страшно. Во секој случај ќе се прегледа. и онака е сексуално активна.
Не е трудна. Прво затоа што сексот бил заштитен, а и тестовите биле негативни. Тоа што имала кафеави точки е најверојатно знак дека ќе добие деновиве. Но сепак нека оди на гинеколог, најмногу заради тоа што толку и касни, што може да биде од повеќе причини.
не прашував за мамографија туку за обично ехо на дојки. Се грижам за себеси, не за џабе рекле, подобро да се спречи него да се лечи а малце сум и хипохондрик така да
Доколку ти е полесно тебе оди провери си, секако ехото не е штетно нема зрачење а убаво е да си правиме прегледи не дека има нешто али Подобро е да се спречи него да се лечи како што рече ти а мамографија прават после 40 години (со исклучоци) така
Колку и да сум хипохондрик секако дека нема да направам мамографија, а ехо веќе направив, само чисто онака прашав за болката дали може да е од менструацијата. И докторот ми рече се радувам што има девојки кои мислат на себе. Не сме воопшто мали за да занемаруваме некои работи вадејќи се со тоа млади сме ништо не ни е. Болеста не гледа години
Сигурно е од менструацијата мене секој месец ми е различно, еднаш ме болат градите, друг пат стомакот ме боли 1 недела пред да ми дојди, некогаш главата секогаш различно Со мене никогаш не се знае
Имам еден проблем- Под вагиналните усни имам нешто како мозолчиња или кој знае што е тоа но многу ме пече при мокрење и кога седам и внатре многу ми е црвено. Знае некоја што би можело да биде или како да ја намалам болкав, зошто страшно многу ме боли
За да ти се смири црвенилото ако имаш при рака намачкај се Канестен маст,а во понеделник правец на гинеколог, можеби се работи за кондиломи а можеби е само некоја габична инфекција.
Добро де,не се секирај толку-и да се кондиломчиња тие се горат и нестануваат,малку се досадни,болат,печат....додека да се искоренат,ама тоа ти е!! Обавезно и партнерот да се провери,апстиненција од однос додека не се искорени проблемот и потоа заштитен однос 3 месеца за да не се повторат!!!
^Не грижи се уште сега, ќе отидеш на гинеколог и тие најдобро ќе ти кажат што е тоа, ние тука само можеме да си претпоставуваме.
А кај нас гениколозите се се кој од кој. Никој врска си нема. Ама ќе појдам, па ако ми рече нешто што не треба правец Скопје да се осигурам. Ќе се распрашам денес кој е најдобар гиниколог, зошто матичнава моја е no comment
vaka lugje me interesira kako moze masko da se poznae deka e popaleno,mislam preku obleka normalno i zasto dodeka se muvavme disese zabrzano i cudno mislite toa e od popalenost ili ??