значи вака да прашам некој да не знае можело да бидеш бремена а уствари да ти доаѓа менструација секој месец нормално :/ баш се зачудив и некако се уплашив ,како тогаш да знам ете нема ни сумња да има ни ништо и одеднаш ќе откриеш многу лошо така...ете јас сега сакам да си посетам гинеколог да видам ,не дај Боже да има нешто
Нормално, па и неколку месеци не може да ти доаѓа ако не си трудна. Може единствено првите месец-два да трае кратко, да е кафено, како и да е, не како вообичаено.
добар ден ме интересира едно прашање.дали мозе на машкото да му биде пренесена некоја инфекција(црвени тоцки на пенисот)ако девојката не осека дека има инфекција.или мозно е машкото да ја има таа инфекција закаченомод некоја друга девојка.моето прашање поточно би било...дали зенското секогас осека кога има инфекција?
Сите ние носиме милион инфекции, бактерии, кои не ни се манифестираат. При мал пад на имунитет тие се активираат. Значи може машкото да ја закачил од девојката ама кај неа да не се манифестира а кај машкото да се покаже. Најверојатно станува збор за кандида (немора да значи, моја препоставка како што пишуваш). Што и да е а за тоа најдобро знае гинеколог треба да се лекуваат и двајцата партнера.
и јас така мислев ама мене ми падна чудно зошто јас не осекав нисто а после 4 дена откако имавме односи и ми каза дека има црвенило мене ми се појави.повеке ми изгледаше како тој да ми пренел отколку јас да сум му пренела.бидејки јас не осекав ништо а откако спиевме после 4 дена јас осетив
Океј,Стронгер срам не срам да си праша Во врска со тестот за бременост, знам дека се прави со првата утринска мокрача,упатство како има налИ најверојатно 5 капки од урината со соодветен алат на дотичното место наменето за таа работа, среден млаз, првиот се испушта...ова според мои сознанија. Имав незаштитен однос, и малку мрдната ќе ви звучам ама треба да добијам некаде на 25-ти ( или не затоа што имам релативно нередовен менстуален циклус,овулација можам да си протолкувам само со мерење базална температура, зашто многу патување+ промена на клима+башка нервна база ме ремети хормонално тотално ) Насеќирана сум, немам некој повод но ете сум, никогаш не сум била..интуицијата ме повикува најрано сабајле да станам и да си купам тест.Прашањето е ..има ли полза ако го направам сега??Однос имав пред околу една недела,страшното е што беше без кондом ..но внимаваме ..( и више ни самата на себе не си верувам а не пак камоли него,ми личеше како да пази ) Можда паничам , можда не ...само сакам да ми олесни
Треба да поминат најмалку 10 дена од концепцијата. Ова не мора да значи 10 дена од сексуалниот однос, бидејќи ако земеме за факт дека има идеални услови спермата може да преживее во утерус до 7 дена максимум, па концепцијата да т.е оплодувањето да се случи нешто подоцна. После концепција во рок од 9-10 дена оплодената јајце клетка слегува во матката каде се имплантира. Со самата инплантација започнува да се формира плацента и започнува да се лачи хорионски хуман гонадотропин, хормон кој се детектира во урина кога има постоење на бременост. Значи накратко џабе ти е тестот ако го направиш утре. Почекај нека поминат барем 10 дена од односот.
Поради кои фактори може да доцни менструацијата? Кога ми заврши претходната, имав секс но секако заштитен и се беше океј, но никогаш не ми доцнела досега, во Октомври ми дојде на 6ти, и сеа требаше некој ден порано да ми дојде. Стресови не памтам да сум имала до толку А и од лекарства немам пиено ништо друго освен кафетин колд и капки за нос па не веруам од тоа да е.. сигурна сум дека не сум бремена но незнам од што е овоа
ако си имала измени во исхрана многу е веројатно да ти касни.. мене од диета цели 2 месеца скоро ми каснеше и ете од кафетинот може да ти касни имам слушнато дека и не се баш здрави..
Може не е прашањево за тука ама ај. Денес ги земав микробиолошките резултати и имам повторно некоја мала бактерија на цервикалниот и вагиналниот брис. Но она што ме збунува е што иако за микоплазма/уреаплазма пишува дека се негативни, под нив има легенда на лекови а обично легенда на лекови се става кога наодот е позитивен. Ова е грешка некоја или
Девојки денес на дневната влошка видов некој исцедок , не беше ни розево ни црвено , појма немам каков . Треба деновиве да добијам и денес во школо кога видов јас мислев сум добила . Се вратив од школо и ништо . 100 пати бев во веце , да не протекло , нема ништо и нема . А месецов ниеднаш немав незаштитен однос . Што би било ова ?Многу ме копка
Мој совет побарај друго мислење , или замини кај некој гинеколог или кај истите да ти објаснат . Не ризикувај . Секад е најдобро и др мислење да се земе впредвид.