Девојки имам едно прашање до вас ако знае некој да ми одговори .. Другарка ми векје 5-6 мес има врз вагиналниот отвор некакво си бело топче за кое незнае од што и е .. Ни има болки ни ништо .. Ај ве молам кажете ми од што може да е и што да напраи ..!? Фала однапред
Понекогаш ми е криво кога феминкиве ве караат за глупи прашања, ама брате мили си заслужувате. Другарка ти , го постави “проблемот“ пред повеќе од пола саат и кој знаеше или кој имаше што да каже - кажа! Се надевам дека Теика нема и други упатени другарки во проблемов со топчето. П.с. Теика еве ти друштво за на гинеколог, за да не одиш сама или со мајка ти
Па и кажаа веќе на другарка ти да оди на лекар, и јас прв пат слушам за бело топче, но веќе штом се родил проблем треба да и каже на мајка и, и да појдат заедно ако веќе и е незгодно сама. Сепак за вакви работи нема срам-не срам, најубаво е да оди да провери, на крај краева може и ништо да не е, но додека не ти каже некој стручен за тоа, неможеш да се ослониш само на овдешните мислења! Со среќа.
Девојки, знаете ли некој начин за скратување на менструацијата за ден-два? Или барем намалување на крварењето?
На мене за намалување на крварњето гиникологот ми препиша едни капки ако сакаш ќе проверам како се викаа и ќе ти пишам во лп
Некаде низ форумов прочитав дека ако се напиеш андол побрзо ќе ти заврши, а колку е точно не знам, јас знам дека од андол се зголемува крварењето. Ако пробаш пиши како делува.
Здраво девојки ајде и јас да ве прашам за совет и мислење .Веќе два дена забележувам исцедок и тоа во не многу големи количини со кафенка боја кој асоцира на ментруација но ми заврши циклусот пред 14 дена и не траеше повеќе од три дена дена, има непријатен мирис ама не многу јак ,инаку сум сексуално активна и ме загрижува дали станува збор за инфекција или нешто друго е во прашање?
Девојче а да си идеш ти на гиниколог , и ке ти каже најубаво што е работа. Да не нагаѓаме овде , тоа таму доле ти е деликатна работа, чувај си ја и пази си ја еден ден деца ке раѓаш, не можеме овде да се правиме доктори за такви работи.Иди види испитај си ке ти направи пап тест, бирс и мирна глава.
Женски, да ве прашам нешто. Ставам вагиналети Албутил. Во упатството пишува: Сексуалните односи мора да се избегнуваат за времетраењето на третманот со Албутил вагиналетите и во последователните 7 дена. Тоа значи и откако ќе престанам да ги ставам, 7 дена после тоа да немам односи или?
Беф на гинеколог пред некој месец,направив пап,се слушнав телефонски ми рекоа дека се е во ред..е сеа незнам што ми е ама цело време мислам дека иам инфекција некоја..неам некој мн посебен проблем ,понекад ме пече кога мочам,ама ми имаат речено дека тоа било нормално и кога сум била настината се случувало..ама сепак сигурно си е сигурно..бело прање исто имам од кога знам за себе,некад во месецот повеќе некад не...ама пусти страв што имам...плус алергична сум на кандида,а немам појма што као иде тоа..како да се проверам за инфекции??
Алергична на кандида??? Провери си ги бубрезите, чим со папот пред еден месец било се во ред, и ако си немала односи во тој еден месец, види да не е уринарна инфекција.
Имам 14 години и премногу ми е срам бидејки имам многу влакна долу . Како е најдобро да гји отстранам. многу ми е срам да се консултирам со мајками. Пробав со вит крема ама некако не гји вади . ://
Оди на депилација со восок ќе ти ги извадат или пак ако сакаш ти сама дома можеш со восок се продава по маркетите. Или пак со брич најлесно е
пробував и со брич . ама некако не гји вадеше изгледа е до бричот хаха. а да одам на депилација со восок ми е срам
Сигурно бричот не е бил добар.Оди купи нив и пробај сигурно ќе излезат па повеќето и со брич ги отстрануваат. А нема зошто да ти е страм нема да си прва што отишла.
Нема што да се срамиш, скоро сите одат на депилација. Тоа ти е најдобар начин да почнеш да ги отстрануваш.
Оди на депилација и не му ја мисли многу. На тој начин влакната ќе се оретчат и ќе станат помеки, за разлика од бричот, што само ги зацврстува. Интимната депилација не е ништо страшно или срамно, а ефектот после тоа е одличен.