И јас мислам дека најдобро решение ти е да одиш во некој салон и да се издепилираш со топол восок.Болката не треба да те плаши зошто со тек на време се помалку и помалку ке те боли.А и влакната ке ти бидат помеки и поредки ..така да депилација со топол восок ти е најдобро решение.
Миличка, нема потреба да се срамиш Сите ние тоа сме го поминале....И јас кога почнав полека да си се запознавам себе си , се извадив од памет од грмушката таму доле И мене ми беше срам да се консултирам со мајка ми...па, самоиницијативно си отидов на депилација.И така се депилирам од тогаш, од мојата 15-та година. Така да, без срам , оди си на депилација, убаво те советуваат феминки...Поздрав
Devojki da ve prasam nesto, so decko mi imavme odnosi ama otpozadi, napred znaci ne sum cepnata, ama fakticki imavme vo moite plodni denovi i nekogas so kondom, nekogas bez, dali e mozno koga bevme bez da se ima liznato i nekako da dojde do vaginalniot otvor nekako mi e macnina, za nekolku dena treba da mi dojdi ama denes imav nesto rozevko na gakite pa da ne e mozno da imam ostanato bremena nekako? da ne znaete?? ve molam pomognete mi mnogu sum ispanicena majkami ke me otepa ako doznae.
Нема шанси да си бремена, плус не си ни скината. Сперматозоидот треба да влезе во вагината па да прошета, па да се искачи низ јајцеводите, па узпат ако ја сретне јајце клетката ако не ја узмине и ја фати, ја оплодува, па така оплодената јајце клетка патува и стигнува до матката. Е за да настане бременост треба да се вгнезди оплодената јајце клетка во матката, ако не се вгнезни иако е оплодена ќе се исфрли со менструација, а ако се вгнезди ( после едно 7 дена) тогаш настанало забременување и тогаш се прави и тест за бременост. А ова симптомиве ти се психички. Нема шанси уште одма ајде главоболки, мачнини, мрдање. Тоа што имаш розевко можеби било овулација, или пак кај и да е деновиве ќе добиеш. И другпат за да не те кара мамичка со памет во глава, и кога ќе почнете со вагинален користете си кондоми зашто ти штом од анален се испаничи тогаш ќе почне да мрда уште првиот ден.
Штом пишува за време на третманот и во последователните, тоа значи дека откако ќе завршиш со терапијата и во следните 7 дена да немаш односи.
ич ама ич да не се секираш нема никаква шанса да си бремена,тоа розевкото е знак дека ке ти дојде,а мачнината од со ти е тамо паметот и мислиш дека ти се лоши ,биди си мирна никаква шанса нема
Не знам колку е оваа проблем, но чисто информативно да си прашам. Пред една недела со дечко ми имавме НЕВЕРОЈАТНИ односи. У денот по 3 пати и тоа доолги и многу убави. Сега оваа недела, се гледаме секоја вечер, но никако да ни тргне за секс. Почнеме со сексот и на сред секс застанеме бидејќи и двајцата немаме сила да продолжиме. И така е цела недела. Зборувавме за тоа со дечко ми и тој ми кажа дека разгледал на интернет дека тоа е само период и не претставува никаков проблем. Тоа го знам и јас, но сакам да слушнам и ваше мислење. Што мислите зошто е тоа така?
Нормално е да имате и такви периоди, па не сте секс-машини. Не верувам дека има парови кои постојано имаат редовен секс, има и сушни периоди, вообичаени се за секоја врска. Можеби е подобро неколку дена да паузирате сосексот, имајте предигра, галење итн, па желбата за понатаму сама ќе си дојде. Во секој случај, не е ништо страшно ако е краток период, и ќе помине.
Здраво, ми треба малце помош... Секогаш кога сексуално ќе се возбудам од пенисот многу ми се лачи предсемена течност (ако така се вика) , односно цело време додека сум возбуден, и е во прилично големи количини, по 2 -3 капки просек на секои 2-3 минути од прилика. Дали ова е нормално (според мене не е) и дали би требало да посетам уролог? И двајцата не сме многу искусни така да незнаеме дали ова е случај и кај другите мажи. ( течноста е прозирна и лигава )
Најнормално е. Секој има такви периоди, без грижа. Е, сега, не знам колку долго ви трае сексуалниот чин. Различно е дали сте се умориле после 5мин. или после 50мин.
Помина периодот. Инаку се изморувавме многу скоро значи 2 мин секс и одма се измориме и оствиме. Но сега се е во ред.
Незнам колку ми е соодветен изборот на темава, но мислам дека е најпосетена а и дека тука ми спаѓа прашањето. Се работи за следново: Веќе неколку дена ме чеша еден дел од десната града. Се мислев да не е од тоа дека по дома носам само боди, не носам прслук или бејбидол, и ставив пред некој ден и пак немаше промени. На моменти се јавува тоа чешкање не е постојано, но многу ме вознемирува. Се бањам со Фелче Азура гелот (класик подвид) и тоа е се, а претходно се бањав со бекутан детското шампонче. После бањање се мачкам со бекутан крем на градите, а со викторијас сикрет млеко по телото. Друго не користам. Е сега, можно е да е ова реакција на хормоналната терапија која ја примам веке неколку месеци, а можно е и да е некоја реакција бидејки градите минимално ми пораснаа (дали од апчињава незнам)... Исто така и брадавицата на делови ми е како потемна, и ги прашав и некои другарки и викаат нормално е тоа... Имате претствата што би можело да го предизвика тоа чешање?? ПС. Се напипувам секој ден од под пазуви спрема гради, ок е, ама ова другово ме секира.... Се мислам да одам на ехо на дојки, само да слушнам и некое Ваше мислење или слично искуство можеби.
На дечко ми му се појави доле, 4-5 сантима над органот едно како топче, т.е ни е топче ни е бубуличка, така подуенко е, вели дека не го чеша и не го боли...Не е кондилом, мазно е,не е како грозд и не му се прошири...Вели дека исчезнува, ама мене пак ми е во мисла. Да не знае некоја што е?
Мислам дека нема потреба за грижа, најверојатно е дека ти растат (тоа не мора да е значителен раст), а може и да е од купката, пробај смени ја. Јас порано користев Фелче супер ми беше, ама во последно време премногу ми ја сушеше кожата и ми предизвикуваше иритации па не го користам веќе. Пробај со нешто друго Бекутан, Dove, или нешто слично што не ја суши кожата
Јас мислам дека е сосема нормално, и дека додека ги прочиташ постовите, ќе ти е поминато. Но немора да значи дека е од купката, може си сменила прашок за перење, омекнувач, а тој дел ти бил поосетлив затоа и те чешал. Можеш да пробаш да ја намлиш иритацијата кога те чеша со памуче натопено со чај од камилица ќе те смири, или да пробаш со крема од невен. За растењето на градите, сигурно е од апчињата (и јас примав терапија една година и ми порасна - не многу но сепак се приметува)
епа вака .. со дечкоми сме заедно некое време и одлучивме да имаме секс.. бевме кај него дома се слековме се нормално .. и сеа него му беше срам да ми каже дека имал проблем со пенисот.. кожинката на главичката не му се завратувала она скроз .. туку делумно.. и дали не некоја и се има десено вакво нешто ве замолувам за совет.. дали ќе има тој болка при сексот или се ќе си биде по нормален тек...
Момчето најдобро ке ти каже но има шанса да чуствува болка која ке биде предизвикана од пукање на тесната кожичка. Ако е тој проблемот, зависи колку е тесна. Во некои случаи може да се среди самата со почесто разработување додека во други случаи е потреба сиркумзација (сунет).
Девојки хелп ... Се работи за моја другарка, таа долго време немала односи можеби 3-4 години , и сега скоро имаше односи, и сега и касни... Дали може да е бремена !?!?!? Јас сепак мислам дека и касни од тоа што долго време немала односи и сега и се случува бура во организмот.... Ве молам за мислење, фала ви однапред