1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интимни прашања, проблеми и совети

Дискусија во 'Секс' започната од skorpija1992, 30 јануари 2010.

  1. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    robinson 100 % не си бремена.
    Не свршил дечко ти внатре па да имаш шанси да си бремена.
    Ова истово го пишав пред некое време еве го пак.

    Сперматозоидот треба да влезе во вагината па да прошета, па да се искачи низ јајцеводите, па узпат ако ја сретне јајце клетката (значи во овулација да си) ако не ја узмине и ја фати, ја оплодува, па така оплодената јајце клетка патува и стигнува до матката.
    Е за да настане бременост треба да се вгнезди оплодената јајце клетка во матката, ако не се вгнезни иако е оплодена ќе се исфрли со менструација, а ако се вгнезди ( после едно 7 дена) тогаш настанало забременување и тогаш се прави и тест за бременост.

    И не се притресувај толку од психата, ќе ти касни, па пак ќе прашуваш. :)

    Иначе Норлево се земаат најдоцна до 72 часа, по односот, т.е. свршувањето внатре, и сепак се хормонски таблети и не се земаат многу често и на своја рака. :)
     
  2. aquafortune

    aquafortune Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    24
    Девојки добив мензис,но кафеава течност,мириса на менструација,ме боли стомакот,но не е обилно и црвено..Бев на гинеколог,ми кажа дека е од време,хормонски дисбаланс.Но ете жена сум,паничар невиден,направив и тест прееска.Негативен,секако.Секогаш имаме односи со заштита,еднаш има свршено внатре но кондомот беше здрав.Сто пати го надував.Ми е страв,знам дека нема ништо,но сепак таа психа ме убива.Прашањето ми е дали вам ви се случило истото,и колку можам да бидам сигурна на тестот и кондомите? |( :tmi:
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Штом си направила и тест, и си била на гинеколог, и резултатите се негативни, тогаш можеш да си бидеш мирна. Секако дека можеш да им веруваш. И мене ми се случувало кога имам добиено течноста да ми е кафеава, обично пред да пробие или кога ми завршува. Но и така да си остане, ништо страшно, се случува понекогаш. Не паничи, нема ништо! :)
     
    На aquafortune му/ѝ се допаѓа ова.
  4. loveyou98

    loveyou98 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    девојки ми треба совет !! со првиот дечко бевме заедно 2 години имавме секс а првиот пат не ми протечи крв воопшто потоа се разбира имавме повторно.се скраваме и од тогаш немав секс цели 3 години со сегашното момче (одиме две недели можеби е прерано :worried: ) имавме и ме болеше исто како и првиот пат и ми течеше крв...не ми е јасно како е можно ?? дали на некоја од вас им се има случено ова и ве молам објаснете ми :D :D :D
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случи нешто слично...
    Имав за првпат секс и ми течеше крв првите три односи..
    После тоа, до четвртиот однос пројдоа околу 6 месеци и пак ми протече малце крв, меѓутоа не ме болеше зашто ваљда бев поопуштена.
     
  6. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.616
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Без гриза,најверијатно ти доцни заради стрес или некој хормонски дисбаланс.За кафеавата тецност-мене на секој менст.циклус кога ми заврсува обавезно има на крајот кафеава слуз.А за кондомите,писува дека се 95 отсто сигурни и заститувааат па затоа опусти се и узивај,стом користите кондом неме ризик за несакана бременост па дури и да пукне.Е сега гледајте да не се погодат плодните денови,бидете сепак претпазливи тие денови доколку водите лјубов...
     
  7. robinson

    robinson Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Па баш јас тоа го зборам се пласам да не има нешто останато бидејќи после тоа имавме секс и да не има несто влезено во јајцеводите ???
     
  8. The.Fame.Monster

    The.Fame.Monster Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    32
    Здраво.
    Имам 15 години.
    Последниве неколку дена, многу ме чеша меѓуножјето, пред добивање сум, но никогаш не ме чешало таму толку многу, како сега. Инаку до сега не сум имала сексуални односи.
    Кажете чаре, лек..? :?:
     
    На КрисИ55 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Најприродно чаре, свари камилица (повеќе ќесички) и исплакни се, камилицата ќе те смири. Потоа можеш да ставиш на памук, па влошка (за да не тече од памукот и лом да се направиш) и така да поседиш некој саат. :)
     
  10. strumfka

    strumfka Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Здраво,
    бев на гинеколошки преглед кај д-р Рушка Серафимова (тука беше пофалена) и кога се јавив за резултатите таа ми кажа прво генерално се е ок само имаш некои ниски вредности на вирусен хпв, пониски и од тие што ги испитувале, ако биле повисоки се правело типизација бла бла... и ми вели за да се осигураме треба по 3-4 месеци повторно да направам пап. Е сега незнам дали да одам кај друг гинеколог (некој на кој може да му се верува пошто доста читам дека само за пари те викаат на дополнителни испитувања), дали да и верувам на докторкава (зашто ни јас ни дечко ми не сме биле со други), колку е ова ризично.. охх :(
     
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    ^^
    Рушка е супер жена. Иако е приватник, не работи само за да земе пари. Не ми е матична но сум била еднаш кај нејзе поради хитен случај, а после тоа многу пати сум и се јавувала по телефон за совет и секогаш ми го кажувала по телефон, не барала да дојдам во ординација за да ми земе пари. Сметам дека е коректна. Така да ако тебе ти е скапо, тогаш направи го ПАП-от на приватно за 3 месеци па ќе видиш. Но сепак Рушка е многу способен доктор, ти препорачувам кај нејзе да си ја следиш ситуацијата.
     
    На strumfka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. strumfka

    strumfka Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Да и мене ми кажа така што и да ми треба да и се јавам само што ме фати страв од се што прочитав. Сепак ти благодарам, досега не сретнав негативно мислење за неа
     
  13. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Женски, абе почна да ме чеша десната града, опфатена е брадавицата и тоа околу неа...
    Ви се случило? :worried:
     
  14. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    мене некогаш ми се случува тоа кога ми е овулација, :)
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    епа девојки да ве прашам , пред некое време си правев нормален преглед и на пап тестот излезе дека имам ниско ризичен хпв(и на последниот тест го покажа пред една година) ми рекоа во систина тогаш дека ми е од мн низок имунитет. тогаш ми дадоа вагиналети и тоа беше тоа.

    новата докторка што ја имам за хпв не ми препиша ништо. јас ја прашав аи она крена раменици као што да ти дадам за хпв не се лечи тоа... и ок де, ама излезе дека имам и гарднерела и ми вика само примај антибиотици. викам какви? она било какви ме разбираш нели и само тоа ми рече и буквално ме избрка од канцеларија. е сега за гарднерела незнам дали има некакви симтоми бидејќи јас немам ништо се ми е нормално, нема чешање или пецкање ниту непријатен мирис нит ништо и не ми се пијат антибиотици одма... дали може да ги одбегнам антибиотиците или морам да ги пијам ?
     
  16. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.506
    Joelle, дали да пиеш антибиотик или не сепак треба да реши лекар, врз основа на резултатите. Јас те советувам најпрвин да ја смениш докторката :!: Појди кај некој што ке го свати сериозно твојот проблем.
     
  17. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    она ми рече дека треба да пијам ама за мене антибиотиците се доста штетни сакав да знам дали може да ги избегнам или не дали оваа бактерија или вирус што и да е треба да ми предизвикува некои симтоми, не би сакала да пијам антибиотици ако навистина нема потреба и така сум анемична и со слаб имунитет се плашам дека антибиотициве ќе ме уништат ама не би сакала пак да имам и бактерии во мене... а докторкава сега се запишав кај неа да ми биде матична претходно одев во систина но мн скапо ми е во последно време па сакав да сменам..
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Штом е таква работата би ти препорачала да пиеш многу јогурт за да ја нормализираш флората и да пробаш со некои вагиналети. Ако било страшно нивото на бактеријата сигурно би ти дала антибиотици докторката (јас лично не сум за антибиотик, ама сепак гинеколог најубаво знае). Како бе така пиј, ама незнам кои, на крај краева направи антибиограм за да видиш на кој лек делува бактеријата (инаку јас многу многу не верувам на тие резултати а на нашиве д-ри им е најлесно да ти дадат антибиотици).
    Инаку, е пренослива така да ако се ти лекуваш ќе мора и партнерот.
    Обрни внимание да го подигнеш имунитетот без тоа ништо не правиш .
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    5.415
    ќе си го смениш гинекологот под итно и ќе си одиш кај друг, сакаш со истите резултати за да не чекаш повторно или ќе замолиш да ти направат уште еден кај друга докторка и ќе си примаш терапија. Самата бактерија или вирус треба лечење со препишана терапија како апчиња и вагиналети, кој се разбира треба да ти стојат и во картон и фво книшка ако нели ти е матична. Секоја матична докторка треба да ги следи прегледите како и терапиите што ти ги дава. Затоа постој тој картон да се потсети што ти било и што ти дала а не само удри бригу на весељу, мислам дека треба под итно да го смениш докторот мој најискрен совет за да немаш понатаму проблеми
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.518
    Пол:
    Женски
    ах гарднерела се дружам со неа неколку месеци :D и од толку многу прашани гинеколози дојдов до заклучок дека бактеријата не е пренослива :!: таа ја има во нормалната вагинална микрофлора на жената и кога ќе дојде до намалување на лактобацилите тогаш таа се размножува и прави проблеми. Мене ми јавува жолтеникав исцедок и затоа пијам терапија, а доколку не прави проблеми не треба да се лечи. Ми го кажаа ова до сега 4 ца гинеколози, па ваљда не грешат. Јас тогаш се испаничив целата, и само прашував наоколу :D иначе можеш да ставаш вагиналети флажил, или пак да пиеш и таблетки флажил, можеш и амоксиклав и многу други ама сепак за тоа треба гинеколог да ти каже. :!: