Ајде и јас да ве замолам за совет со партнерот синока имавме односи но не користевме заштита ,тој сврши надвор но јас сум исплашена мислам дека не се тргна навреме и дека некоја капка остана во мене ,мене ми е мисла сега ,сакам да се напијам апче за ден потоа норлево но не знам колку е цената и до кога најдоцна може да се испие и колку е сигурно дејството ?
го имаш во сите аптеки ако си некаде во близина на центар иди во зегин 24 таму го има цената некаде до 500 ден поскапо не е сигурно. а сигурно е да имаш фора да го испиеш во наредните 3 дена.. најдобро е што побрзо.. и утре најверојатно ке добиеш..
А сигурна ли си дека барем малку свршил во тебе? Разговарај со дечко ти, тој најдобро знае што направил. Инаку тие апчиња се хормонски и се пијат САМО ако сврши во тебе и никако повеќе од два пати годишно.
И јас ќе ти кажам исто како Крејзи, напиј се само ако си сигурна во тоа што го викаш. Прашај го него дали на време се тргнал или не и по тоа ќе знаеш што да правиш. Сепак не се бомбони па да се игра со нив..
мене ме интересира дали ти ќе осетиш, а не дали ќе приметиш по него затоа што и тој не е сигурен дали сврши или не :/ и ве молам ако може да ми кажете нешто повеќе за таблетите NorLevo
Како бе не е сигурен дали свршил или не? Ако ни самиот не знае кога свршил а кога не, најдобро е да немате незаштитени односи. И ќе приметиш, нормално, ако свршил целосно во тебе со сигурност ќе приметиш дека дел од спермата истекла. Ама на мене се уште не ми е јасно како тој не знае дали свршил ли не... Ти знаеш кога си свршила?
Девојки, паника кренав... Пред 3 дена добив.. Значи денес ми е трети ден, ама ова нешто слабо тече... Вчера и завчера нормално си беше. Паники кренав... Имав стресови месецов, да. Ослабнав и некое кило... Однос имав само на почеток на декември веднаш после претходната менструација. Кренав узбуна.... Има ли шанса да сум трудна?
Теди не ми се верува дека си трудна. Инаку нека не те чуди што послабо ти тече, и мене некогаш така ми се случува ептен по малку ми тече и едвај три дена ми трае, а некогаш по 4-5 дена онака убаво ќе ме исцеди. Најверојатно ти е од стресот
здрао девојкии ве читам редовно но кога имам потреба ви пишувам... па ова е мојот проблем.. со дечкоми имавме краток незаштитен однос.. но предходно заштитен. па сеа место за паника.?! тогаш ми беа мислам дека полседен или предпоследен од плодните денови, треба да добијам на 28 ,29 или 30,31, предходниот месец имав на 28 крај на ное. почеток на дек. деновиве сум мн нервозна и све ме нервира но не ме болат градите а ниту пак јајниците.. незнам даали има потреба од паника или не?! help!
Не не, знае тој дека свршил, но незнае дали прво внатре па го извади и продолжи или прво го извади па сврши
Mи дојде на 21ви сега, и течеше онака обилно крв едно 3 дена, и после почна некако кафено...и денес кафено е уште.Ми се има друг пат случено ама при крај дури,5 ден почеток на 6ти,како да се цеди или што знам...ама сеа?
Исто како што некогаш повеќе јадеме, а некогаш помалку... Некогаш едно исто друштво ни се свиѓа, а друг пат ни е досадно... може до бескрај да споредуваме... Сакам да кажам , се е тоа ок. МЦ траел пократко.... така му дошло
мене така ми се случи последниот пат,3 дена кафеавкасти исцедок ми течеше и после почна нормално,а пред 1 год 1 нед ми беше така и бев на доктор и докторот ми каза заради време недоволно ми биле паднати хормоните за да ми дојде и ми кажа овие дена ке добиеш,и коа добив имав 5 дена нормално
Нормално е понекогаш да има промени во менструацијата, а на тоа може да влијаат многу фактори, на пример променливото време, стресот, ако си пиела некакви лекови итн. Нема причина за паника.
здраво девојки! незнам дали моето прашање да го сместам тука во оваа тема. Се работи за следново: Јас и дечко ми живееме во различни држави ама се гледаме често и сексуалниот живот ни е добар Ама сега излезе еден проблем, не е којзнае што ама пред некое време ме праша дали се самозадоволувам кога тој не е со мене и дали пред неко да го запознаам сум се самозадоволувала. Незнам зошто ме праша тоа, ама јас му одговорив ДА дека го правам тоа, зошто да го лажам, ама тој ништо не кажа, но според реакцијата ми се налути, не му беше сеедно. Во ред ли е тоа, не ми е јасно зошто така изреагира?