Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интимни прашања, проблеми и совети

Дискусија во 'Секс' започната од skorpija1992, 30 јануари 2010.

  1. Wind

    Wind Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    28

    Јас лично не би ти го советувала тој потег ради многу работи!
    Прво : Со дечкото се муваш.... Значи кога се работи за секс мислам дека не би било убаво тоа да ви се случи на мување, Сега зависи каква девојка си ... Ако не сакаш обврски и ако дечково го сакаш само поради фактот дека прави работи што тебе те полудуваат тогаш е океј. Само пази се, Скопје е село...Немој да мислиш дека нема да се дознае. Размисли си убаво прво за последиците па после нафати се на посериозности.

    Второ : Со дечково СЕ МУВАШ ПРВ ПАТ!... Значи прв пат :worried: ... полека би ти кажала јас.....

    Трето: Кажуваш, До сега бев во долга врска....
    Многу често се случува кога ќе прекине долга врска, со не многу размислување правиме грешки за кои подоцна се каеме , мислејќи дека тие ќе ни направат да се чувствуваме подобро. Не е секогаш така да знаеш... Поготово ако се работи за секс.

    Јас во целост би ти кажала да не се опушташ толку со дечкото поради работите што ги набројав горе... Твое е што ќе направиш и само едно да те потсетам.. Ова се една од работите што утреден ќе ги видиш последиците...Дали ќе го земеш тој ризик или не , тоа е твое... На крај и краја ако мувачов ти е некоја блиска личност што ја знаеш долго време тогаш океј е :)
    Сепак, размисли.... Со среќа.
     
  2. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
  3. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    47
    Потполно се согласувам... :fubar: :fubar: :fubar:
     
  4. scream

    scream Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0

    тоа искрено е да паднеш испод ниво. Ти прв пат се муваш со дечко а вториот пат да имаш секс? Не си го дозволувај тоа немој да оставиш впечаток на лесна девојка! Искрено не е во ред и тоа што си му го дозволила со прстите, а камоли секс! смири страсти и размисли! со среќа!
     
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.827
    Допаѓања:
    5.554
    Типично балкански размислувања со кои нема да стигнеме многу далеку од тоа самите себе да се подчиниме и да си ставиме превез :worried: Ти најдобро си знаеш дали сакаш да имаш секс со него или не а ако сакаш зошто да не, поради мислењето на другите или што ке мисли тој за тебе, па по гаволите што мислат машките за нас дали тие некогаш се запрашале што мислиме ние за нив :@
     
  6. daisy-T

    daisy-T Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0

    Се согласувам, прави како што ти одговара тебе ти самата најдобро го знаеш тоа.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.623
    Пол:
    Женски


    Се сложувам со ова. Ти најдобро знаеш што сакаш, дали сакаш секс со него или не. Што ти е гајле што ќе мисли тој? Нека мисли што сака. А уште помалку нека ти биде гајле што мислат другите. И ако се решиш на секс, тоа не те прави лесна девојка, ни малку. Важно е што сакаш ТИ и никој друг. Исто така, цени се себеси, заштити се од несакани последици ;)
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Јас по ова прашање се изјаснив на една друга тема, ама го најдов и го копирав и го ставам во врска со проблемот. Целосно се согласувам со VioletBlue и Annath.

     
    На lloovvee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IvanaIvanchica

    IvanaIvanchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    82
    Потполно се согласувам со Трендафилка ;)
     
  10. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    4.556
    Пол:
    Женски
    Женски стварно сте супер и мнооогу ми помогнавте со советите најискрено ке направам како ке ми дојде во моментот :rofl:
     
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас чекам да ми кажеш што бидна, денес требаше да се видите нели???? Ајде срцка нестрплива сум, иначе не ти дадов совет дека јас во живо ти дадов... :lol:
     
  12. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Девојки, кога сме заедно со дечко ми, тој ми збори за секс! А јас му викам дека не сум подготвена за тоа, и тој ми вика добро, не е проблем ќе те чекам! Ама кога ќе се гушкаме, тој почнува да ме чепка, доле и на градите, а мене ми е непријатно, и не сакам да ме чепка....и стално му викам да ги трга рацете да не ме чепка! Тој тогаш се љути, и ми вика...па добро јас не те терам на секс, само сакам да те почуствувам, сакам да те галам.....! Ама јас не сакам!!! Не ми е пријатно! И на крај испаѓа, да си оди секогаш разочаран,и стално ми вика дека сум се однесувала како дете (поради таа причина, зошто не сум го оставала да ме чепка)! Сега испаѓа дека јас ја уништувам врската, и тој пополека почнува да се оддалечува од мене (барем така јас мислам)!.....Па девојки ќе ви бидам благодарна ако ме посоветувате! :inlove:
     
    На LanvinGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    89
    Ako si nevina i ako seuste ne si podgotvena za sex togas ok ti e toa neli treba da go napravis toa koga ke sakas i ke bides spremna i toa decko ti treba da go pocituva.No za galenje i pipkanje ako navistina imas 21 godina neznam kako ne dozvoluvas i takvo nesto pa zarem i ti koga si so deckoto ne cuvstvuvas potreba da se galite hmm toa mi e malku cudno :)
     
  14. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328

    Не сум невина! Имам 22 год, а исто и тој! Ама имам многу многу лошо искуство во тоа ;( ! И едноставно не сум спремна за тоа психички! А дечко ми ми вика дека не било проблем тоа! Тој сака само да ме допира и да ме гали.....ама мене и тоа ми смета...! Знам дека има машкото потреба, ама јас немам за тоа...!........Ова ми станува голем проблем во врската! :sweat: Незнам што да правам!
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.162
    Допаѓања:
    156.478
    Па да ти кажам право...е детско однесувањево...имаш 21 година,да имаше 15-6-7,разбирливо.Ајде секс не,ама можеш да оствариш физичка близина од друг вид.Зошто ти е непријатно?!Не чувствуваш никаква возбуда и пријатни чувства кога те допира по телото?!Или ти е срам?!Ако не си подготвена за секс,во ред,разбирам,но физички контакт од поблизок вид е многу важен за продлабочување на врската.Ги зајакнува емоциите и приврзаноста еден со друг,се лачат хормони кои предизвикуваат чувство на среќа и опуштеност,но и чувство дека припаѓате (или не) еден на друг.
    Ако не постои физичка привлечност,таа љубов е другарска,братска...итн.Затоа се разликува од другите видови на љубов,присуството на еротска привлечност е многу силна нишка која ги поврзува партнерите и е разбирливо неговото разочарување.И да знаеш,од свое искуство,туѓо искуство,ваквото однесување само ќе ти ја разниша врската и ќе го оддалечиш.Сепак,имаш години кои се доволни за да можеш да размислуваш малку во таа насока и да откриеш што е тоа што те кочи,зошто не можеш да бидеш опуштена со него...Зависи и од тоа дали ти навистина сакаш да бидеш со него,дали навистина те привлекува,дали си заљубена и дали си подготвена да го сакаш,а и колку време сте заедно?!
    И не е само тоа тој да те чепка,туку и ти треба да покажеш афекција кон него и да научиш да се галиш со него.Не си повеќе дете на кое доволно му е да биде држено за раче,погалено по косичката или едноставно гушнато и бубнато,а бога ми и тој,а плус е и машко,башка што го мава по его,а разнишано машко его,не е на арно.
    Кажи ми,си била ли физички блиска со друго машко до сега?!Значи не секс,туку ете,допир на гола кожа,допир по стомак,гради,грб,па ајде нека биде и петинг?!

    Edit.Сега видов...какво непријатно искуство?!Ако не сакаш да кажеш ок,ама мислам дека тоа непријатно искуство е причинител.
     
  16. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181

    многу добро те разбирам и јас го имам сличниот проблем,само шо јас му дозволувам да ме чепка али а дојде до чинот да влезе јас неможам се од тоа пусто минато :devil: :(
     
  17. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Знам дека до мене е проблемот!
    Иначе кога бев мала, еден пријател на моите дома,покуша да ме силува.....значи јас тогаш имав 10 години, замислете...кој гад.......кога ми се враќа филмот ми ида да му одам дома, и да го убијам..... :@
    Подоцна, кога имав 16 тина години, имав уште два случаја, кога машко покушало да ме силува....... ;( , добро е тоа што успеав да избегам во двата случаја!
    Да ви кажам право, дечко ми е многу фин и разбирлив, но не доаѓа во предвид да му кажам за ова, зошто премногу ми е срам и после не ќе можам да го гледам во очи! Јас сакам се да е во ред, и нормално да функионираме, немам пренагласени фрустрации од тоа што ми се случило порано....го припишувам тоа како игра на судбината!...Мене ми е срам, од самата себе си, си се гнасам...... ;( ;( ;(
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.162
    Допаѓања:
    156.478
    Епа искрено да ти кажам...за вакви трауматски искуства треба солидна психотерапија,разбирање од дечко ти,зошто ако се напнеш и да го направиш може и полошо да ти биде потоа,иако добро би било за почеток додека сте сами да мислиш на убави нешта,игнорирај го минатото искуство и мисли на дечко ти,не на тоа што се случило и пробај да му вратиш на нежноста.Не велам,имајте секс,не велам одма соблечете се,доволно е преку облека да се галите.
    Не знам твоите родители колку се инфомирани за ова,но убаво би било да знаат и да ти дадат поддшка.Секако,нема да речеш,дечки јас сакам да имам секс,ама не можам заради тоа,објасни им дека чувствуваш отпор кон близината со машко.
    Ова е во најмала рака сериозен проблем,може да ти го уништи целиот сексуален живот,а за фригидноста која доаѓа во различни форми и од различни причини да не правиме муабет.Ти веројатно после тоа искуство се чувствуваш длабоко во себе виновна и сметаш дека не заслужуваш внимание и задоволство и се однесуваш така речи по пропис и во другите полиња на животот.
    Само имај на ум дека нема од што да се срамиш или гадиш,ти не си виновна,друг е.
     
  19. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Искрено немам близок однос со моите дома, цел живот некако се чувствувам како вонземјанин......кога се случи тоа на 10 години, јас и кажав на мајка ми, и таа ми рече не грижи се јас ќе го средам него, и после тоа незнам што се деси, а и немав лице да прашам...затоа што ми беше срам! Од таа случка натаму, јас престанав да се дружам со сите, станав гроб......кога дојдов средно, си мислев дека ќе биде различно, но не беше така, не бев прифатена, а тогаш и се случија и останатите два случаја! За нив не им кажав дома...!
    На љубовен план сум имала 3-4 мувања и толку, врска не сум имала, поради тоа што на сите што сум наишла, уште втората вечер ми барале секс! Во врска со овој случај, дечко ми, се обидуваше долго време да сме заедно, значи многу години.....и ете му дадов шанса! Ама сега гледам дека го губам....ради мојот проблем! Не му го посакувам ова на никој, остава големи последици и трауми...!
    Ќе пробам да се навикнувам полека, полека да научам што е тоа нежност, да научам да дадам нежност..знам ќе биде тешко....ама сега видов шанса, да сум среќна..па сакам да ја искористам! Се трудам да не сум мн љубоморна...и сл! Само ова ми останува голема пречка...! :doh:
     
  20. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    32
    Скарлет мене ме збуни малку, велиш дека не си невина а дека си се муавала само 3-4 пати...И колку што разбрав случаите со силување фала му на бога биле спречени.Тогаш ако си имала искуство и не си невина знаеш колку е убаво да се препуштиш на некој од љубов, да бидеш сакан и да те сакаат.Да не ја повторувам Лилит ама се зајакнува и врската и чувствата и довербата и се понатака поврзано со дечко ти.Ти посакувам срека, малку поопуштеност и остави ги работите во минатото а со дечко ти се најубаво и со срека ;)